Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Вчера и денеска почнав да чуствувам болка во делот кај задникот. Прво си помислив дека лошо сум седела и ќе ми помине, но еве денес пак ме боли. Не често и не е јака болката, но осеќам како внатре да ме боли, онаа тапа болка. Во вц одам редовно, само последниве два дена не сум била, но не осеќам потреба нити пак се осеќам подуено во стомакот. Цревата ми крчат повремено. Со овие симптоми побарав на гугл и ми даде како рак на дебелото црево. Ме фати паника, ств нз што да правам. Кај кој доктор треба да се обратам за ова, дебелото црево може да се види на ехо или не. А и последниов месец ме фаќаат некои грчеви во долниот дел на стомакот и тоа кога ќе ме фати ептен јака болка како нешто да ме боди и ми поминува за минута - две. Се надевам дека нема да испадне ништо од ова. Некој совет, нешто да споделите? ;(
     
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.294
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да кажам кога веќе пак почна ... Речиси од пред 5 години имам ОГРОМНИ болки во желудникот. Неможам ни да јадам премногу благо (а многу сакам), ни премногу мрсно. Не смеам да се прејадам или да не јадам доволно. На исхраната морам премногу да внимавам и ако се деси да заборавам на пример да појадувам чувстувам како некој да ми го има желудникот во раце и да го врти како крпа која се истиснува за да му се истури водата и чувствувам слабост во мускулите на рацете, како секоја сила да ми оди во желудникот, во таа болка ...
    Кога сум била на лекар, пред 6 месеци мислам беше, ми рече дека тоа ми е од брза храна, не ја јадам многу, јадам разновидна храна и ај да пробам со нов режим на исхрана и пак ме боли ... (ама на старата немом да му докажам како ме боли желудникот, упорно ќе труби дека ништо не ми е, а без Улкодинче не ми врви).
     
  3. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Штом се толку големи болките, посети лекар....Сигурно има причина за толкави болку или можеби некоја храна не ти влијае убаво...Најдобро испитај. :)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.294
    Пол:
    Женски
    Имам одено, старата ми вели дека немам ништо. Наглува сум, ми вика период е, ќе ти помини. Нигде ме нема пуштено да се испитам кај шо треба. :lol: :^)
     
  5. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.816
    Допаѓања:
    122.696
    Пол:
    Женски
    Мене од неделата не ми врви. Испитав и Хелиобактери немам ништо, а желудецов ме боли леле мајко. Само чаеви од нане пијам. Не знам што е работава.
     
  6. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Вака сеа, не можам да ја знам причината на твојата болка, треба да отидеш на лекар, да се направат дополнителни испитувања ако си загрижена за болката, или ако е јака. Но вака, дали знаеше дека главоболката е симптом на тумор на мозокот? Или пак дека болка во желудникот е симптом на канцер на желудникот? Болно грло е симптом на канцер на грлото? Болка во нозите е симптом на длабоко-венска тромбоза? Најголем дел од болките што се јавуваат во нашето тело може да се поврзат со некој вид на сериозни заболувања, но тоа не значи дека се. Рак на дебелото црево неможеш да добиеш на 21 година ,а ако веќе имаше(што е невозможно) за да почне да презентира симптоми треба веќе да е во 2,3 или 4 стадиум а тогаш ќе имаше многу големи болки, крварења и еден куп други работи, а иначе да ти одговарам на прашањето, рак на дебелото црево се дијагностицира преку колоноскопија. А ако туморите се поголеми може и преки КТ или МР. И понастрана од гугл, кога станува збор за медицински проблеми.

    Значи денес докторите се катастрофа, ако не е хелио-бактер од храна ти е. Од храна ти е не е дијагноза, тоа е причина за проблемот, ако тоа е уствари причината.

    theowndemon, имаш доста голем проблем, може да се работи за гастритис или пак за пептичен/гастричен чир, закажи преглед на клиниката за гастроентерохепатологија или пак ако можеш да си дозволиш некаде на приватно, бидејки вака само поголеми проблеми си правиш. Без соодветна терапија и дијагноза ова може да биде и опасно.
    Додека да те прегледаат понастрана од мрсно, пржено, алкохол, цигари, кафе, благо а ако болката е голема ранитал(сабајле и вечер) пола час пред јадење. И може рупурут/рутацид по потреба.

    Нена, може да станува збор за гастроентеритис(стомачен вирус/бактерија) или акутен гастритис, како и да е истото важи и за тебе, лесна храна и ранитал од 150 мг(1-2 дневно) пола час пред јадење, ако не ти се смири болката за 2-3 дена, најдобро да посетиш специјалист.
    Иначе чајот од камилица или кантерион е подобар за желудникот.
     
  7. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.816
    Допаѓања:
    122.696
    Пол:
    Женски
    Фала Никола. Имав стресен период па најверојатно од тоа ми е. Осетлива сум на желудник. Инаку пијам веќе Улкодин.
     
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    4.637
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја нус појава ако пијам секој ден по едно апче Б6 ?И колку време може да ги пијам ? Ми ги смирува нервите , ме олабавува не сакам да зимам дијазепами и чуда а ова убаво ми делува
     
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.816
    Допаѓања:
    122.696
    Пол:
    Женски
    Нема никакви нус појави.
     
  10. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Едно апче не пречи, максималниот дневен дозволен внес за Б6(пиродоксин) е 100 мг. Но немора да се оди скроз до 100, 80 е доста. Едно апче мислам дека е 20мг така да едно на ден не е страшно. Имај во предвид дека Б6 се внесува и преку храна, значи од витамини може и да се предозираш.

    А Б6 те смирува бидејки ги потикнува неврорецепторите да лачат допамин(хормон на среќа) :D
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.294
    Пол:
    Женски
    Фала за советчињата (неможам да цитирам од телефон сум), ќе идам на лекар стомачен зашо со старата ништо не прам ... :P
     
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Незнам каде да прашам па тука.. :)

    Каде се наоѓаат клиниката за кожни болести во Скопје во Државна Болница
    и клиничка биохемија?
     
  13. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Значи можно е да се хемороиди што внатре во анусот ја чувствуваш болката. Тие знаат да бидат непријатни, да боцкаат, да чешаат, да болат итн...И ако имаш крв во столицата секако цвежа, сигурно е тоа. Незнам како може некој овде да ти каже ако те боли стомак или нешто, карцином е...Карциномот не боли инаку, подла болест се вика затоа. Мачкај некои креми, земи мелем ако имаш стави на едно памукче, пиј чаеви, движи се, ќе видиш дека ќе ти помине. Крчењето може да е на нервна база или си јадела нешто што предизвикува гасови. Напиј се чај од нане или босилок. Кажи ни ги резултатите после ова.
     
    На Eleni.S му/ѝ се допаѓа ова.
  14. macitta

    macitta Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Здраво женски, имам едно прашање. Имам проблем со левиот умник на долната вилица. Уште пред многу месеци почна да ми расти, малку ми е порастен ама сега пак се активира. Од пред два дена чувствувам болки и ми е отечено непцето каде што е умникот. Најверојатно расти, ама многу ме боли па дури и на грлото од левата страна имам едно топче потечена ми е жлездата. Исто имам и мала температура, мислам дека е од реакцијата на забот.Ако некој имал ваков проблем дали можи да ми кажи што да ставам на забот..пробав чај да држам во уста, аналгин да држам. Немам друга идеја. Планирам деновиве да одам и на стоматолог ако продолжи вака да ме боли, но сакам да знам и други начини што би ми помогнале. Однапред фала. :worried:
     
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Пробај со ладен облок. И пробај со ракија, но да ја држиш на местото каде што те боли и немој да ја голташ,плукни ја.
     
    На macitta му/ѝ се допаѓа ова.
  16. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Шведска горчивка, ќе ставиш чиста не разредена шведска горчица на парче стерилна газа и ќе ја држиш на забот. Прополис исто така помага само нема начин на кој ќе го нанесеш прополисот директно, со газа не помага кај прополисот, ако можеш истури неколку капки врз тоа место. Но ова со горчивката е проверено. И ако болката е голема можеш да се напиеш нешто против болки.
    Овие новите Налгесин С што се или аналгин и т.н.
     
    На macitta му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Дали ви се случило пред да ви дојде циклус , да имате вртоглавица?
    Може да има поврзаност некоја или чиста случајност е со менструацијата.
     
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.816
    Допаѓања:
    122.696
    Пол:
    Женски
    И вртоглавица, и повраќање и главоболки. Све сум имала. Може да ти е од ПМС од хормоните ама за секој случај направи една крва слика железото да не ти е ниско. особено барај Серумско железо да ти испитаат.
     
  19. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.674
    Допаѓања:
    4.637
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу , да си прасам за секој случај да не ја претерам па држ недај да не биде :D
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.164
    Допаѓања:
    175.294
    Пол:
    Женски
    Многу повеќе од само вртоглавица сум имала ... :)