Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. violetmoon

    violetmoon Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Девојки ајде помош малку :)
    Вчера бев на лекар и ми правеа спирометрија и ренген на плуќа.
    Докторкава го погледна резултатот,и ми кажа дека во долниот дел на дробовите иам секрет доста,
    ми даде треапија антибиотик и аминофилин плус ацц 600 и по десет дена на контрола рече не е страшно.(a jaс трипати и викам рак да не е не дај боже,таа не бре каков рак,ама пусти страв). :sweat:
    Гледам у дијагноза пишува акутен бронхит.Ако е бронхит треба да имам кашлица,а јас само отежнато дишам и ми свират градите,а уопште не кашлам.И сега чаре кажувајте,ако е бронхитис кажете некој бапски лек од треви,медови или нешто,морам да се средам.
     
  2. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Значи најголем дел од лугето на кој им свират градите(односно го имаат овој симптом) е поради бронхитис односно воспаление на бронхијалните патишта но бронхитот скоро секогаш е придружен со кашлица.
    Јас мислам дека се работи за пнеумонитис(пнеумонитисот исто така може да предизвика свирење на градите).
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tea94

    tea94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    0
    Девојки , од градите ми тече некоја провидна течност како вода. Многу се исплашив кога видов.. дали тоа е нормално и што е тоа? Не нонстоп но знае понекогаш и ако натегнам повеќе потекува повеќе,ако не само капка некоја.

    ве молам некој да ми каже нешто што мисли. Имам 19 години.
     
  4. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мед, ленено семе и синап. Лененото семе и синапот се мелаат и се ставаат во теглата мед и се јаде по 2-3 лажици на ден. Не знам колку точно се ставаше од лененото семе и синапот. Може и лимон да исцедиш во теглата. Инаку дечко ми исто ги имаше овие симптоми и лежеше во болница,а дијагнозата му беше бронхопневмонија. И тој не кашлаше, само имаше температура и му свиреа градите. Витамин Ц обиди се да внесуваш преку јадење лимон. Позз
     
    На violetmoon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    6.703
    Пол:
    Женски
    Не знам дали баш прашањево е за овде ама ќе го пишам. Веќе подолг период ми се појавува алергија за време на менструалниот циклус, поради влошките. Сум била на лекар и ми рекле да пробам со некои за осетлива кожа. Ги имам пробано мислам дека сите и ниедни не ми помагаат, после секој циклус мене ми се пројавува кандида поради тоа. Дали некој има идеја што би можела да направам за случајов?! :)
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Ако не ти одговараат влошки пробај со тампони.
     
  7. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.428
    Допаѓања:
    12.505
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам цела недела имав настинка, грип и пиев Далерон Колд 3, ги пиев 3, 4 дена по 3 пати на ден. Се до вчера некако не бев свесна дека вознемиреност, мачнина може и од вакви лекови да се јават за настинка, кога мајка ми се пожали дека има некоја вознемиреност, и случајно земав да прочитам што како во упатството затоа што мајка ми зема повеќе лекови дали може да ги зема, прочитав дека немир, раздразливост, се дел од нус појавите за кои мислев дека ми се од мензисот. Вчера прекинав да ги пијам кои не ми помогнаа баш, скоро ич, сакам да прашам за колку време ќе ми се смири организмот од нив, да ми се врати во нормала, некако имам некоја мачнина, гадење сеуште дали од нив или затоа што сеуште не ми е добро, се лечам само со б комплекс, ц витамин и чаеви од вчера, мислев дека од лековите подобро и побрзо ќе оздравам.
     
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Нема да треба многу, ден до два, зависи до организмот, но не е ништо страшно, истото и мене ми се има случено со други апчиња за грип, вртоглавици, немир и гадење, не можев ни да јадам, и кога прекинав да ги пијам веќе утредента немаше симптоми, додека трае дејството на апчето, и малку подоцна нема ништо да чувствуваш.
    Ако е само грип можеш само со тоа да се лечиш, пиј супа топла со бибер многу, за грлото многу ќе ти помогне. Или млеко со прегорен шеќер, мх мх, вкус како на карамела топена. :)
    А ако имаш поголеми болки, ако и крајниците ти се отечени и имаш потешкотии во голтањето можеш слободно Цефалексин или Аугментин (освен ако не си алергична на некое од овие) да си земеш, од нив одма уште истата ноќ ќе ти олабават крајниците. Терапијата со нив е една недела.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  9. boban90

    boban90 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Jaс колку што приметив активна им е вебстраната http://sensitiv-imago.com/en/home_en/
     
  10. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Ме боли под пазувата, и мислам дека има едно како топче...користам овие денови еден ролон, дали е можно е е од тоа? Се плашам, веднаш мислам на тумори и слични работи...Туморот не боли нели? ;(
     
  11. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Да не си бремена ти случајно? Мислам дека би требало да посетиш лекар.
     
  12. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Тоа топчето е зголемен лимфен јазол и најверојатно е од ролонот. Ролонот предизвикал алергиска реакција или го е спречил нормалното лачење на потта и штетните материи, како и да е прекини со користење на ролонот и било какви дездоранси во наредната недела и би требало да престане да те боли, но да знаеш дека ќе поминат можеби и месец-два и повеке додека јазолот да се врати на старото.
    За секој случај провери случајно да немаш и други абнормални лимфни јазли(на вратот, позади ушите, под пазувите или во пелвичниот регион), но не би требало.
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.588
    Допаѓања:
    5.936
    ситуацијава е како при природен пораѓај сано со шиење и сечење!

    кога паѓаат конците од шиење (внатрешен дел- почеток на вагина), и како изгледаат....
    видови конци-за операција-мала интервенција?

    се крвари ли при нивно паѓање..????
    како да се негува сечено-шијаното место??
    може ли да пукнат?
     
  14. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Мислам дека немам други... Ова е ептен малечко и ме боли...мислам дека и друг пат ми има излегувано но дека беше поповршински, но истата болка, дури боли кога ќе ја мрднам раката...Мислам дека ми е од овој ролонов....јас си паничам ептен...низ глава ми се секакви болести во овој момент...Но се тешам со тоа дека туморот не боли
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Нема потреба за паника, од ролонот ти е значи како што ти реков најверојатно се работи за инфицирана жлезда, наредната недела-две не нанесувај ништо под пазувите ,а при капење користи бебешки сапун/шампон. И би требало да ти помине ,а ако уште е присутна можеш да посетиш доктор и најверојатно ќе ти ја одстранат или/и ќе те стават на антибиотска терапија.
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.915
    Допаѓања:
    203.147
    Пол:
    Женски
    Да си провериш хормони, конкретно пролактин, ако е покачен, ќе треба и хипофизата да ја провериш. Оди кај матичен лекар, ќе ти закаже на специјалист или во лабораторија, не знам точно како оди процедурата со мојтермин.мк.
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Имам многу големи болки во грбот, не знам што да превземам.
    Со себе си носам некој степен на искривување на 'рбетот, но не мислам дека поради тоа ме боли, или пак тоа е причината? :^) Треба постојано да бидам прачка исправена и кога седам на компјутер и кога пишувам за да имам ублажена болка, што се вика.
    Не знам стварно што да превземам, има ноќи кога и не можам да заспијам од болка, па морам нешто тврдо да ставам под мене што ќе ми го поткрене грбот и ќе ме претиска...
    Ако некој од вас има ваков проблем би сакала да го споделите со мене, и како се справува, затоа што многу е болно на моменти.

    Може има ваква тема, ама немав време да прочачкам длабоко. :)
     
  18. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Најверојатно е од 'рбетот
    Незнам колку години си, каков вид на искривување имаш и степенот на истото. Да претпоставам дека се работи за сколиоза, значи џабе се сите лекови и анатомски и незнам што и какви појаси, единствено што помага е мускулен појас. Да ги зајакнеш мускулите на грбот и стомакот и редовно вежбај и болките ќе ти исчезнат(ако се од 'рбетот).
    Ако болката е локализирана, постои некоја шанса да станува збор за механичка повреда, потиснат нерв и т.н.
    Или пак евентуално да се работи за ишијалгија.
    Треба да посетиш стручно медицинско лице кое ќе ти постави точна дијагноза. Ако болките се прејаки(парацетамол или аналгин) или пак можеш аспирин, бруфен, андол(но овие само ако си над 18, ако немаш проблем со желудникот и никако на гладно). Кај ишијалгијата помага и дијазепам но прво треба дијагноза.
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buci1234567

    buci1234567 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    jas imam problemi veke oklu eden mesec so odjne po golema nuzda :lol: sinoka za prvpat se olesniv bez nikakov problem ama koga se izbrisav imav kako svetlo crvena krv. sakam da prasam dali moze da se raboti za vnatresni hemoridi zatoa sto nadvor nemam nisto.
     
  20. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Светла крв е симптом за хемороиди најчесто, не мора да се многу внатрешни, можеби се веднаш на излезот, тоа го утврдува хирург, секако ако продолжи ова. Во денешно време секој трет млад човек пати од хемороиди, нема потреба што да се грижеш, повеќе течна храна, вежбање а и од сопствено искуство Факту маста и чепчињата се доста ефикасни.

    Но во твојот случај, доколку ова прв пат ти се случува можеби не се ни работи за хемороиди. Понекогаш поради долго не одење по голема нужда, како и јадење на поцврста храна, самиот измет е поцврст и може да предизвика гребнатинки на ѕидот на дебелото црево.
     
    На buci1234567 му/ѝ се допаѓа ова.