1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Девојки, моја блиска личност има чести проблеми со грчеви во нозете. Читав во Труднички муабети труднициве пијат магнезиум. Да проба со магнезиум? Ако имате некој совет, нешто друго што би помогнало би ви била благодарна :)
     
  2. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    Мајка ми веќе подолго време зема магнезиум поради грчеви во нозе, и многу е задоволна, откако го пие, грчевите не само што и се намалија (она ги добиваше насред ноќ, ја будеа страшни болки) туку скоро сосем и да се престанати :)

    Pirana, одма оди на забар, уште сега!! Изгледа има започнато гноен процес, може голем проблем да настане ако го оставиш нетретиран!
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Нати секако дека треба да си пие магнезиум и на мајка ми и помага. Исто така на мајка ми и помага и термофор (топло перниче) става на местото.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    856
    Ви благодарам. Магнезиумот го има ли како таблети (веројатно го има, ама не сум имала потреба да користам и не знам) или само како шумливи таблети?
     
  5. Mei

    Mei Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    70
    Го има и како таблетки,најдобро ќе биде во аптека да си се распрашаш. Јас моментално дома имам шумливи таблетки магнезиум + Б комплекс на Суправит.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    321
    Би ти препорачала да си земеш апчиња (некои се за џвакање, некои се пијат нормално како витамин Ц на пример) бидејќи шумливите таблетки се колку и добри толку и полни со штетни состојки.

    А дека помага магнезиумот против грчеви во нозете, јас сум сведок! И не само тоа, ја намалува можноста за мозочен удар. Дава инстантно енергија (ова за тие што учат за да го заменат Red Bullот :) )
     
    На Nati.P и Mei им се допаѓа ова.
  7. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ај да питам и јас нешто :sweat:
    Сестра ми има жолтица, од некое другарче од школо е фатила, оди на инфузии, ама има висок шеќер дури 10 и се качува :| Вчера вечер и го откриле шеќерот, пред тоа немаше проблеми со тоа. Знам дека не треба да јаде благо, арно ама она денеска јадела и баклава и чоколадо :@
    Има само 10 години :(
    Има некој природен лек за шеќер во крвта?
    Била и на болница, и дале апчиња ;(
     
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Пред некое време на блиска личност на систематски и најдоа крв во урината. Докторот кога ги гледал бубрезите на ехо се загледал малку на едниот, ама после рекол дека се е во ред и да се направи контрола на истиот за 6 месеци.
    Од што се може да се појави крв во урина? Подетални испитувања ќе направи после празнициве.
    Најмногу ме секира за тоа што докторот го загледал бубрегот, па помислив да не е од рак се тоа (чувај боже). :|
     
  9. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    За тоа само нека пие повеќе течности, нека јаде овошје (ама не многу пошто и тоа има шеќери во него, иако се природни и од тоа се качува). Припазувајте ја малце за благото..млада е сеуште недај боже да има шеќер 10 уште сега. Што ќе прави она на 30-40 години?? Баба ми има исто толку шеќер што има 70 и кусур години. Така да нека обврне внимание на исхраната. Или пак носете ја кај нутриционист нека и даде диета за да и се намали шеќерот.
     
  10. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    http://www.rak.mk/index.php?option=com_ ... Itemid=590 прочитај тука има нешто околу тоа. Како и да е треба да се обврне внимание!
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    20.079
    Не се секирај, ништо сериозно не е, и јас сум како тебе, секогаш прво помислувам на најлошото. Крв во урина најчесто е последница на уролошка инферција или на камен/ песок во бубрезите, најдобро ќе биде да се побара и второ мислење ако докторот не дал терапија.

    Не сакам да ти давам лажна надеж ама може ли шеќерот да и е зголемен како последница од жолтицата? Те прашувам зошто јас кога имав потежок бронхит, шеќерот ми отиде од 4,9 на 6 ипол и кога оздравев си се спушти на старата вредност.
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^Незнам :|
    До сега немала проблеми со шеќерот, ај да кажеш да е дебела да јаде многу благо и сл, ама не е едвај 30 кила дали има :| Дај Боже да е од жолтицата :sweat:
    А на пр. вчера само на лимони, киви и др. овошје е, ај да кажеш благо па да и се качи шеќерот .. :doh:
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.584
    Допаѓања:
    5.929
    непцава партал ми се :( ем отечени ем ми крварат и страшно боли (цела вилица ме боли)
    осван камилица и чај од жалфија што не ми помагаат уште ми ја воспалуваат друго чаре?
     
  14. licemerna

    licemerna Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    pa sto mislis ti dusicke deka ovosjeto ne sodrzi sekeri a?
     
  15. licemerna

    licemerna Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    и јас трљам камилица, си го гризам едниот образ со катниците кои имаат остри врвови, и имам мала рана на образот, а пробај и со прополис, тоа е природен лепак.
     
  16. licemerna

    licemerna Нов член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    немој , не си играј , немој со алуминиум, имасе една рецета на природна база се става под пазуви, нешто со кокос, лимон, и друзи работи, ке се обидам да ја најдам и пратам во ЛП ако сакаш, ама не избрзувај со такви хемиски работи.
     
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Јас ЗНАМ дека овошјето содржи шеќери, арно ама, што друго смее да јаде кога има и жолтица и шеќер?
    Бтв најдов лек за шеќерот :)
     
  18. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Жалфијата сигурно ќе ти помогне,не може да ти ја влоши состојбата.Ако не ти поминува подолго време,оди на забар и ќе ти кажат што се случува,можно е да треба да ти ги чистат џебовите на непцата.Незнам што друго да ти кажам,плакни ги цело време со жалфија.
     
  19. Dakota

    Dakota Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2013
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    13
    Веќе неколку денови наназад чувствувам тапа болка на десната страна под ребрата од време на време, па не знам што може да е да не е слепо црево или жолчка нешто. Утре ќе идам кај матичната ама многу ми е страв :( :o
     
  20. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Веројатно се работи за жолчката, бидејќи од десната страна под ребрата се наоѓаат црниот дроб и жолчното ќесе, дебелото црево е подоле. Отиди на интернист можеби се работи за некое камче.