Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    24.153
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, и мене лани така ми се има случуваше на пати.
    Најверојатно и кај тебе се работи за пукнат поголем внатрешен хемороид кој не заздравува и со сувата столица додатно се иритира. И јас бев испаничена оти и кај мене беше еднаш на 2-3 недели, ама бев на гастроентеролог и правев колоноскопија за да бидам на чисто и се испостави дека е тоа.
    Ми даде една маст и сируп за пиење.
    Во секој случај, посети доктор најдобро. :)
     
  2. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    фала ти многу, ми олесна малку :) обавезно ќе посетам доктор кога ќе се вратам.
    поздрав и секое добро
     
  3. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Зависи од количината на крв, но најверојатно се работи за хемороид или пак анална фисура. Многу течности, абстинирај од луто, алкохол и многу сува храна. Ако количината на крв се зголеми или пак крварењето не престане, најдобро би било да посетиш лекар иако консултација со лекар е добредојдена во секој случај.
     
  4. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Си го имам и јас проблемот со години :D Не сум била на лекар, кога ќе ми се по0јави само ставам на памукче мелем, така да одстои на местото еден ден и веднаш го снемува....Хемороид е сигурно, те боли ли кога одиш или?
     
  5. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Не сум приметила силна болка :D
     
  6. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да одиш кај матичен, туку едноставно и многу лесно, одиш со здравствена книшка/картица во Фондот за здравство и таму кажуваш дека сакаш да си го смениш матичниот. Тие се средуваат.
    Јас лично така си напрајв и не одев да се правдам кај првиот матичен зошто го менувам
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Да прашам, веке скоро една година (ако не една барем 8-9 месеци) имам киселина и тоа највеке ја чуствувам кога ке легнам да спијам. Еднаш бев на лекар и ми кажа некој апчиња ама не ги земав тогаш и решив сега да ги зема, ги пијам веке 5 дена ама не ми помагаат. Да напоменам, сум пробала и природно со сода бикарбон ама не можам тоа секоја вечер да го пијам штетно е. Некој да не има поголемо искуство, некој совет, да одам пак на лекар или?
     
  8. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Твојата состојба се нарекува гастроезофагеален рефлукс, најпрво треба да се открие причината па после да се почне со лекување, провери си ја крвта, направи испитување за Хеликобактер, бидејќи оваа бактерија и нејзините комликации најмногу доведуваат до киселина, затоа што за да опстане таа во желудникот потребно е зголемена киселост, при што самата си ги прави овие услови делувајќи на тамошните ензими да го инхибираат лачењето на ХЦЛ.
    Се надевам дека ти помогнав барем малку. Бидејќи и мој близок имаше проблеми со киселина па на крај се испостави дека е бактеријава.
     
  9. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Татко ми ми кажа за таа бактеријата што се наога во цревата на човекот. Ке те послушам и ке одам на доктор иако знам дека нема да ми даде упат за специјалист. И ми помогна, фала ти многу! :*
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не ти треба упат за специјалист за да се провереш, преку крв и измет се испитува бактеријата во лабораторија, упатот го дава матичниот, како и терапијата доколку постои. Па пиши ни ги резултатите.
     
  11. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    ^Оваа недела би требало да одам па кога ке има резултати ке ти пишам. :*
     
  12. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    По сообраќајна несреќа еден мој близок на слабините има голем круг модрило поради ударот но денеска во кругот примети големи црвенила како крв да има внатрр и тоа набрени топчиња дали некој може знае за што се работи
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    20.081
    На другарка ми кога се тресна по скали и се појави истото, не ми текнува што точно и кажаа (бајаги одамна беше) ама знам дека имаше опасност да и се откачи некој тромб така да нека иде на лекар што побрзо.
     
  14. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Веројатно се работи за хематом или пак внатрешно крварење, обавезно да се посети лекар што е можно побрзо бидејки може да биде опасно по живот.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    леле да прашам нешто, имам како бемка или како брадавица ни сама незнам што е доле на интимниот дел, и сега при бриченје ја исеков малце абе се уби од теченје крв, колку е опасно и дали теба да одам на лекар
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Сите оние брадавици кои што се над ниво на кожа (тоа не значи дека и за оние што се на ниво на кожа) треба да се надгледуваат, во случај да не се мени боја или да растат, во тој случај треба да се посети доктор, од причина за да не преминат во малигни. Во твојот случај може е најдобро да посетиш доктор, сепак ние тука не можеме да знаеме за каква бенка точно се работи. Најчесто нема потреба од грижа, може ќе ти дадат маст да го мачкаш местово. Но во иднина внимавај доколку имаш и друга, подобро е ако смета да се уништи со криотерапија (ладна пареа од азот или течен азот) која што ја врши дерматолог, отколку сами случајно да се решиме од неа.
     
  17. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    фала еве сеуште ми тече по малце крв, како и да ти благодарам за одговорот утре ке одам на лекар
     
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.212
    Допаѓања:
    12.600
    Пол:
    Женски
    Едно прашање имам.
    Четири дена изгорев до температура, никако не се спушта, па на лекар ми ставија дексазон инјекција да ме опушти малку. Е сега, јас сум на хронична терапија Диане 35, па малку ми мати памет да не нешто се направат контраефекти?
     
  19. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Интеракција на дексазон со естрогени:
    Estrogens, including oral contraceptives: Estrogens may decrease the hepatic metabolism of certain corticosteroids, thereby increasing their effect.

    Не е некоја сериозна реакција, без грижа, само повеќе овошје и зеленчук овој период за да го зајакнеш имунитетот бидејки кортикостероидите го потиснуваат.
     
  20. LadyAna

    LadyAna Нов член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Дечки, се надевам дека сум на правото место за да се обратам пошто како и во горенаведените коментари видов дека има некој проблем со подувам стомак :/ ама пробем кај мене не е до храната бидејќи многу внимавам што јадам, добро- не баш многу ама избегнувам леб, тестенини, избегнувам храна како што велат дека дува стомак пошто тешко се вари и ствара гасови, ама ова моето е не знам што да кажам. :(
    Секое сабајле стомакот ми е нормален, ама и чашка вода да се напијам се ПУМПА за секунда :/ , не само што е подуван, туку забележувам мноогу салоо што ми виси од страна а и целулиит, а не сум дебела, напротив имам 59 кг али сега сум поправена килце= две. Избегнувам бел леб, јадам еднаш преку сила два пати во денот и тоа по малку, пијам многу течности, посебно вода и лимон, чај, ама салото и подуеноста пак стои. Бев и на лекар, да видам да не имам некој проблем - НЕМАМ НИШТО, се е во ред. :/ За вежбање немам многу време пошто работам. :/
    Има ли некој да ми каже веќе проверен метод со диета кој што сте го испробале на вас, или некој чај, или било штоо ??
    Ќе ви бидам многу благодарна ако ми упатите било каква помош пошто вака не се трпи, не можам фустан да облецам пошто ми рипа стомакот страшно :(, а и од панталоните ми лета спољерот и стомакот и се нервирам многу. :(
    Препорачајте ми било што , и да е скапо ќе го земам само да се решам од овој проклет проблем. :(