Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мајка ми кога ја фаќа половината пие Волтарен форте но паралелно со нив пие и Ранитал или Ранитидин бидејќи волтаренот се јаки и може да сметаат на желудникот.
     
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    мајка ми коа ја боли така половината пие Вентор и се мачка со една маст од Бугарија на база на змиски отров и многу и помага маста. Исто така се пие обично Наклофен или Диклофенак, но сепак прво проверете на лекар и кај секого е различно тоа така да не зимајте лекови на своја рака. :)
     
  3. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Може и да не се, најубаво ретестирај се за едно две недели или поскоро. А може и да си среќна и да ја немаш закачено овој пат, али факт е дека дечко ти ја добил од некој друг и дека е искрено стварно чудо што ја немаш и ти чим имате односи без кондом. И тоа ја добил од друг не значи дека те изневерува, може од бившата женска, а немал некои ептен изразени симптоми па тек сега ја открил.
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Општи прашања

    Направив глупост.
    Цела гола половина, ја залепив директно на решетките од печката. А печката дуваше.
    Сега имам решетки на половината. Рикав ко магаригца. Ненормално плачење удрив.
    Дајте некој совет, лек?
    Да не останам со решетки до крај. :D
    Летово се залепив на пегла, се намачкав со невен и ми остана белег на раката.
    Ама сега нејќам на половината да имам решетки од печка. :D
    Некои ми рекоа, боја за кондури. Ама немам дома.
    И` се јавивме на лекарката, ми рече само никако паста да не ставам. Меурчиња ќе сум имала.
    Одма ја тргнав пастата, сега ставам ладни облоги. А после планирам со невен да се намачкам.
    Дајте некој совет, ко Бога вас молим, пече-РАСТУРА!
    А и ми се смачи да лежам на стомак, за да не паднат облогите. :D
    И пешкиров на глава ми тежи, ја миев, не можам сега да ја исушам. :D
    А бе ја се смеам, ама ми се плачееееееееее. ;(
     
  5. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Општи прашања


    Јекодерм маст, ја вади топлината и ја храни изгорената кожа, ја имаш низ аптеките и мислам не е многу скапа. Исто добра е маст Дермазин, се мачка и се става мокра газа и помага доста за да не остане белег.


    Ако немаш кој да оди да ти купи моментално кантарионово масло мора да ти се наоѓа, мачкај се со него додека некој не ти купи маст. А ако не е многу сериозно можеш да мачкаш и со Алое вера гел, мислам дека се наоѓа и низ нашиве аптеки, јас имам од e-bay ама мислам дека има и кај нас само друга фирма, ќе кажеш Алое вера гел за кожа, иако најдобро ако се плашиш да не ти остане белег со маст а пропратно и гел за да не те пече, зашто ја лади многу кожата.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Се извинувам што го повторувам мислењево, ама.... помош? :sweat:
     
  7. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    20.082
    Јас во кујна кога ќе се изгорам ставам или Белогент или Јекодерм, зависи што прво ќе дофатам ама ова твоево многу посериозно е. Јавете и се пак на докторката, она нека ви каже што да ставите.
    Ајде, со лесно да ти помине.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Општи прашања

    Можеш и сода бикарбона да ставиш на местото. Нека биде малку влажно, па стави сода бикарбона и нека отстои. Јас така правам кога ќе се изгорам со пеглата (домаќинка сум бе :D ) и тоа помага да не се направат меурчиња и исто како Јекодермот ја вади топлината.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    вака имам еден проблем само малку неугодно е и вака како пто ке кажам ама на друг начин незнам како да појасна
    вака ми се случува кога ми се оди по поголема нужда а не сум дома и во моментот неможам да отидам се воздржжувам и од стискање потоа кога идам во вц и внатре во вагината имам измет зошто така дали ви се случувало ова 2 пат ми се дешава вака може некој да ми каже
     
  10. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Кантарионово масло ставај за да не ти остане белег. А јас кога се изгорев од пегла ставав облоги од бело вино. Натопуваш газа и ја ставаш врз местото. И за друг пат памет во глава :D Јас по долен веш седнав еднаш на печката, сите ѕвезди ги избројав :rofl:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Може некој да ми каже како се рачуна траењето на упатот? . Не знам дали важи само за тековниот месец или важи од една до друга дата . На пр. ако го извадам на 15ти февруари важи само за февруари , или важи од 15 февруари до 15 март ?
     
  12. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Jomelop мелем за изгореници, го има само во подобро снабдените аптеки, одлични резултати покажува. Има и Jomelop мелем за лузни, оди информирај се, мислам дека прво се нанесува овој за изгореници додека да ти заздрави убаво ,а потоа тој за лузни за да не ти остане лузна.

    Тековниот месец. Да го извадиш на 30, ќе важи до 31(така беше порано). Но сега со мој термин, освен во терминот што ти го пишува на упатот, неможеш во друг термин. Но и да постои шанса да може, само во тековниот.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Освен преку крвна слика, некои други симптоми за слабокрвност? Ми е страв да одам да ми земат крв, бидејќи последниот пат мн лошо бе боцнаа и се онесвестив. Ми се мати во главата и ме занесува. Но вчера имав проблеми со притисокот, ми беше 60 со 80. Можно е да е од него?
     
  14. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Мора да ти земат крв за да видат дали си анемична. Нормално е да е од притисокот, многу ти е низок, додека и низок притисок е симптом за анемија. Правец на лекар и нема од што да се плашеш, гледај на друга страна и тие 1-2 мин труди се да мислеш на нешто убаво и нема ни да осетеш кога се завршило.
    Инаку анемијата не е болест, туку најчесто симптом на некое заболување. Така да не си играј со здравјето.
     
  15. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мене постојано притисокот ми е 60 со 90 или пак 50 со 80. Немам нормален притисок, татко ми постојано имаше висок, но јас се навикнав и не ми пречи. И ова со притисокот ми е уште од средно, откако почина татко ми. И на систематски во четврта година ми испадна 60 со 90. Инаку крајот на ноември испитував крв, тогаш хемоглобинот ми беше 12.9.
     
  16. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ако мислеш 129, тоа е во границите на нормалата, бидејќи кај жени е нормално околу 120-160.
     
  17. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Па така пишуваше на резултатите 12.9, веројатно е 129. А нели е сепак ова на долната граница? Инаку секој ден обавезно јадам салата цвекло, морков и марула.
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам на сите, за советите.
    Се мачкав со рибалан и со кантарион. Ама веќе дома немам кантарион, па цело време со рибалан се мачкам. Корне, труе. :wasntme: Во блиска иднина, сигурно нема да јадам риба. :D

    Туку сега да Ве прашам...
    Болки скоро и да немам. Нема рана, ама се гледаат дванаесет решетки. Ко скара да сум правела. :D Болки трпам, не ми е ни битно. Кога тогаш ќе помине, фришко е, нормално е да боли.
    Него што да ставам, за да не ми остане белег? Аптекарката ми рече дека после рибаланот нема да ми остане белег. Ама јас искрено не верувам. Сега мава накај кафена боја.

    Поточно, не мора некое за болки, туку повеќе за белеци. Прочитав јемелоп, облоги бело вино?
    Знам дека замарам. :tmi:
     
  19. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Хах :D, како што реков јомелоп мелем за лузни или контратубикс крема за лузни.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.498
    Допаѓања:
    108.512
    Пол:
    Женски
    Контратубекс, мачкај упорно, и подалеку од гралицата :D ;)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.