Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    контратубекс ама мораш да мачкаш повеке време некаде најмалку 6 месеци
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Што да правам девојки да си го зајакнам имунитетот? :/
    Се разболувам нон-стоп,од една обична настинка до бронхит ќе дојде,и тоа со антибиотици..
    Претходната недела во понеделникот,вторникот и средата бев болна,ми помина. АМА сега оваа среда пак се разболев,други антибиотици ми дадоа и еве уште сум болна,никако да ми помине.. а ми рекоа дека сум настинала -.- па носам и хулахопки,и боди и капи и ракавици и шал и убаво се облекувам дебело! -.-
    Јадам лимони,портокали,јаболки,пијам спирулина,витамин ц,јадам некое таму мајками со ѓубмир и лимон и уште нешто ми го направила за имунитет,ама џабе ништо.. еве сеа си горам со температура ИАКО се напив парацетамол и пијам антибиотик,сеа ќе одам на лекар.. господ знае како ќе стасам .. :rofl:
    П.С. многу сум нежничка,имав бактерија у грло,па лежев 2 пати на инфективна,бронхити,пнеумонии,и што се не сум имала :rofl: :rofl: Да ми се искашла некој одма болна ќе паднам :lol:
     
  3. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Настинката е вирус, колку топло и да се облекуваш нема да ти помогне околу настинките. :) Најважно е да се храниш правилно, да внесуваш храна која ќе ги задоволи дневните потреби од витамини и сите останати енергетски состојби потребни за правилно да функционираш. Направи си крвна слика, така најдобро ќе си знаеш од каде да започнеш. Јади многу зеленчук и овошје, салати. Помалце брза храна. Движи се за да го забрзаш метаболизмот и наспивај се добро. Рибини зрнца, прополис, мед,лимон, цитрон, ѓумбир, б-комплекс витаминчиња и други додатоци во исхраната исто така многу ќе ти помогнат. :)
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Оди на лекар,сигурно има лекари што се специјализирани за изгореници.Не си играј не сакаш цел живот белег да имаш,они најдобро ќе ти препораачаат кога ке ја видат изгореницата.Џабе слушаш други и прашуваш тука,сите можеме само да ти препорачаме нешто а ти одмогнуваме уствари а не ти помагаме.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. coralin-e

    coralin-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2013
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    98
    Elena (со многу „а“) За белези си има посебна маст, сега е најважно да ти заздрави раната без да настанат компликации. Фокусирај се на тоа. И посети лекар.
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. IvanovskaM

    IvanovskaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2014
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    245
    Echinacea капки, има во аптеките околу 180-200 денари, јас ги користев тие на Dr. Theiss и бев задоволна. Тоа што се храниш добро е супер, ама овошјето треба да го јадеш најмалце половина час пред јадење друго или 3 часа после друг оброк за се што е квалитетно во него да се апсорбира. Вежбај, активирај се, не се преморувај почни со лесни вежби чисто колку да се забрза малце метаболизмот. Тоа што се облекуваш има врска, вирус си е вирус тоа е точно, ама ако организмот се прелади тоа е шок за него и ослабнува колку толку, па кај некои кои веќе имаат ослабен имунитет кога ќе се собере се, ете ти нова настинка. Излезете на тераса со мокра коса едно 5 минути, или надвор пола саат без јакна па утредента ништо чудно да ве боли грло, може нема да качите температура ама ќе осетите промени.
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не се смета за анемија, во границите на нормалата е. Но, дали имаш проблеми со хемороиди, и тие го намалуваат хемоглобинот и крвниот притисок?
     
  8. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Па да, имам проблеми со хемороиди. Бидејќи ми се внатрешни баш и нз точно кога се активни, а кога не.
     
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Обрати внимание на хемороидите. Како што кажав овие симптоми можат да бидат како резултат на нив. Повеќе течна храна, овошје, зеленчук, мислам тоа веќе го знаеш, и мене лично многу ми помогнаа Факту чепчињата.
     
  10. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Уште тие чепчиња не сум ги пробала. Користев маст модолекс. Инаку исхраната ми е супер, само последниве 3 дена имав испити и не можев толку внимание да обратам. Знаете студентски живот, само спиење и учење :D
     
  11. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Зголеми го внесот на омега 3 масни киселини во твојата исхрана. Купи си рибино масло или пак некои капсули ама маслото мислам дека е најефикасно. Може сок од алое вера, бааги го подига имунитетот.
    Сега можеш и пробиотици да си купиш со антибиотиците, бидејки антибиотиците го ослабуваат имунитетот.

    Супер ти е сето тоа, облеката главно нема врска со трансмисијата на вирусот, имаат некоја улога при одбранта од истиот кога веќе е навлезен, бидејки кога е намалена телесната температура доага то стеснување на крвните садови и белите крвни клетки(оние одговорни за борење со страните штетни тела) неможат да стигнат до вирусот со толкава ефикасност како кога нашата телесна температура е поголема, така да Бабините мудрости на ова поле не држат многу вода(Стави капа или пнеумонија ќе фатиш и т.н.)
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  12. fitness

    fitness Нов член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Ми се има појавено печење при мокрењето, крвен исцедок и направивме уринокултура и ми излезе дека имам ешерихија коли и е застапена 1 000 000. Ми дадоа терапија Лидаприм апчиња, веќе испиени и продолжувам со Piyeloseptyl-antiseptic. Имам 17 години, до сега со редовни менструации и сега сакам да прашам дали по сето ова можам да имам доцнење на менструација. (без сексуални односи)
     
  13. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Периодов ме наболува црниот дроб.Незнам од што би можело.Инаку пијам алкохол,ама не претерано.Меѓутоа со цигари и кафиња знам да претерам.Можно е од тоа да ми се појавува болка?

    Инаку да напоменам дека како помала на 13/14 години имав мононуклеоза,ма да не верувам од тогаш нешто уште да имам проблем.

    Можно е нешто сериозно да е,зошто читам на гугл и ми кажува рак,цироза,хепатитис...Се извадив од памет :D
     
  14. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Од алкохолот, цигарите и кафињата ти е..со мононуклеозата нема врска пошто со терапијата и се регенерира ако ти бил оштетен. Мене ми беше оштетен 52% од дрниот дроб кога имав мононуклеоза но се регенерираше.
    Инаку смали со цигарите и кафето, цироза стварно ќе напраиш- не претерувај после ќе се чудиш што те снашло. Млада си- не ти треба ова. И оди на лекар, ако имаш појаки болки нека те прати на Гастроентерохепатологија за подетални испитувања. Не се зафркавај со вакви работи- црниот дроб е најважен орган ;)
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Прво, од каде знаеш дека те боли црниот дроб? Ти можеби ја осеќаш болката во горниот десен квадрант, но може болката да е предизвикана од страна на жолчното ќесе. Може да се работи за некое жолчно каменче. Потоа може да е нешто трето. Треба да посетиш доктор за да ти утврдат точниот извор на твојата болка. Направи крвна слика и биохемиска анализа за функција на органи, ехо и нека се види што како е и не избрзувај со само-дијагностицирањето.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Веќе два дена имам болки во стомакот и тоа над папукот во таа регија. Немам болки во долниот дел ниту бочно. Не ми се повраќа но така имам некое гадење. Болката не е да неможе да се издржи ама сепак ме боле...
    Не отидов на доктор ама мајка ми ја прашала докторката,добила одговор тенките црева биле да се напијам ранитидин со спазмекс.
    Што ли може да е? :/
     
  17. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Терапијата е на место, биди ден-два на оваа терапија ако проблемот не се разреши посети гастроентерохепатолог или пак ако болката се интезивира или стане неподнослива, качиш температура, повраќање или било какво друго влошување на симптомите. А без анализи може само да погодуваме на слепо за што се работи.
     
    На Westlife му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mia123456

    mia123456 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    некое време веќе имам болки во долниот дел на стомакот рано ми е за да ми дојде.се трпи но се плашам дали е серизно нешто ,што може да е????
     
  19. Virus997

    Virus997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    66
    да прашам нешто, имав на раката жул или диво месо на средниот прст од левата рака и го имав речиси 2-3 год и до пред 2 недели поради друг проблем отидов на кожен лекар и му го покажав тоа на раката и ми рече дека ќе го изгори така и направивме но тој рече дека за 7-8 дена ќе ти падне. На прстот тоа се подуе околу жулот (диво месо) па после 3 ден почна даја менува бојата и сега моментално е модро како патлиџан но прашањето ми е друго тој рече дека тоа ќе падне за 7-8 дена а кај мене веќе поминаа 12 дена но тоа сеуште нема никакви знаци на пагање, првите дена беше меко сега е тврдо тоа место кај што го изгоре, да почекам оште некој ден да видам дали ќе падне или да одам пак до кожен?
     
  20. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Како прво, дали можеш да заклучиш каде те боли, дали болката е на одредена страна или го опфаќа целиот долен дел на стомакот? Како што можам да заклучам сега ја споредуваш со менструална болка, можеби се работи за циста на јајник. Истотака, оваа болка е симптом и за некоја уринарна инфекција, но тогаш има и други симптоми како што се пецкање при уринирање, болка. Кај тебе веројатно се работи за циста или пак можеби ако растојанието до наредната меструација не е големо, поради некои фактори да ти дојде порано овој пат. Ништо нема да изгубиш ако отидеш на гинеколог, како и да е тој ќе ги отфрли/потврди сите сомнежи и нагаѓања овде.