Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.773
    Допаѓања:
    2.090
    Девојки во паника сум, еве 14 ден ми е како имам менструација.. досега не ми траела толку долго.. обично ми трае по 7 дена а некогаш и по 5 зависи.
    Првите дена ко ми дојде имав нешто како темно кафеава течност, а како што идеа деновите стануваше почиста.. сега е чисто крв. Што можи да ми се случува? :(
     
  2. mia123456

    mia123456 Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    не не ја споредувам со менстурална болка поинаква болка ми е и затоа неможам да одредам од што ме боли и каде точно
    за на гинеколог се плашам дека ми е сеуште рано а ако ако те фатат јајниците нешто страшно сеирозно е или ??
     
  3. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не мора да е сериозно, можеби да си измрзнала. Затоплувај се, стави топла вода во шише и држи на местото.
     
  4. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И мене скоро ми се случи истото, па бидејќи имав циста, гинекологот ми кажа дека тогаш ми пукнала.
     
  5. vetre

    vetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Девојки ве молам кој знае да ми одговори. Имам 20 години и одма после роденденот развив висок притисок. И претходно ми беше покачен 135/85-90, ама ај си викав ради работата, стрес, нервози и расправии(работев летоска привремено на аква паркот) ама притисиокот не ми се спушти, баш напротив почна да расте. Еве од вчера вечер ми рипна до 160/110, час ќе се намали на 135/85-90, час ќе скокне. Не јадам многу солено, си пијам нормално вода, дури понекогаш и помалце, во последниов месец изедов камион овошје, гледам што е можно поздраво да се хранам, е сега имам троа повеќе килца, не многу некои десетина, ама одсекогаш сум ги имала и да мајка ми исто така страда од висок притисок и нејзе и се движи во овие граници, ама она си има проблеми и со бубрезите и порано и беше дури и нешто повисок. Знам ќе речете да идам на доктор, и планирам да одам оваа недела, само да си го подигнам картонот зашто скоро 9-10години не сум отишла на лекар :tmi: . Ме интересира дали можам да направам нешто во врска со високиов притисок ама на природен начин, нејќам да се клукам со апчиња и разни хемии, затоа што сум крводарител и ако ги пијам тие апчиња нема да смеам да дарувам крв. Најискрено ве молам за совет :(
     
  6. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Вака, може да има повеќе причини околи твоето нагло покачување на притисокот и затоа најдобро да отидеш на лекар за да се утврди точната причина, може да се работи за нешто привремено. Но бидејки и мајка ти има висок крвен притисок, ова се пренесува генетски. И во било кој стадиум од животот, најчесто предизвикан од некои стресни ситуации, понекогаш и без причина ова може да се активира, и ти да добиеш хронично висок притисок. Ако се работи за ова, долготрајно решение би биле блокаторите на калциумовите канали, но бидејки ако ти е во план да станеш мајка, ако ти дадат некоја долготрајна терапија, тоа најверојатно би биле бета-блокаторите бидејки оние на калциумовите канали се штетни за плодот.
    Е сега вака, значи и јас да не избрзувам, но ако се утврди дека се работи за хронична хипертензија, примањето на терапијата е многу по важно од крводарителството, бидејки без неа драстично ти е зголемен ризикот од најразлични кардиоваскуларни заболувања.
    Исто така покрај исхранта намали на цигари, алкохол, мрсно. И зголеми го нивото на физичката активност.
     
    На vetre му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vetre

    vetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Нити пушам нити пијам уште помалку јадам мрсно и џанк фуд, е уште една интересна работа е тоа што кога ќе излезам надвор да го шетам кучето притисокот ми е нормален, само што ќе влезам дома одма ми се покачува. Иначе фала за советот, секако ќе појдам на домтор зашто стварно ова ме излудува више :|
     
  8. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Извадив лабароториски упат, за детална проверка на крвта (хематолошки статус, уринарен статус во седимент, глуциден статус, липиден статус, деградациони продукти, ензимски статус, електролитен статус во сериум и тест за бременост). Во четврток ке отидам, и сакам да ве прашам колку чини ваквата проверка (со сини картони)?
     
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Ако си осигурена 150 денари без оглед плав или зелен картон.
     
    На wtff му/ѝ се допаѓа ова.
  10. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Па штом имам сини картони, тоа значи дека сум осигурана :D Ти благодарам на одговорот
     
  11. vetre

    vetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Препорачајте некој добар доктор за матичен, по можност да е или во Аеродром или Кисела вода
     
  12. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.008
    Од што може да биде благо покачена температура веќе две недели????
     
  13. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Еден куп работи, најдобро да одиш на лекар.
    По едноставните и помалку страшните, вклучуваат реакција на некој нов лек, некоја инфекција(иако две недели е бааги долг период) и може исто така да биде знак на бременост.

    Но појди на лекар бидејки 2 недели е долг период и нетреба да се занемарува.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Со оглед дека си многу млада за висок притисок,испитај си добро што е причината,генетиката најверојатно ти влијаела но сигурно има и друг фактор,стрес или сл.Долго време неконтролиран притисок може да ти оштети и др.органи,како кај мајка ти бубрезите,тие страдаат од долготраен висок притисок.
    За природно можеш да конзумираш цимет,постојат и таблети од лист од маслинка ,мислам Анти прес се викаа, користи маслиново улје или некои природни антистрес билки како маточина или валеријан.Обавезно Магезиум 350мг минимум дневно како и голема доза Б витамини.Пробај да симниш сепак барем 2-3 кила ,организмот ке осети разлика веднаш.Верувај ми ,биди истрајна и ке го средиш,јас имав близок со 145-150 секој ден ,со мала диета,физичка активност и сите овие работи упорно се среди, ке се подобриш и ти,не значи дека е трајно.Само пази на стресот,огромен активатор на притисокот е.И нели на доктор веднаш.
     
  15. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Сум била и јас во таква ситуација и тоа два месеци имав по 15 дена и кога бев на лекар ми кажаа од стрес и пиев хормонски апчиња.. :(
     
  16. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Ми игра окото

    незнаев каде да го сместам моето прашање па ајде овде..се надевам не ви смета
    мене не ми игра окото, мегутоа од вчера вечерта ненадејно почна да ми потеква горниот капак од ништо, се малце ме боли кога клепкам....некое искуство да споделите во врска со ова? :)
     
  17. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Девојки ако може малку помош. Вчера ми стигна ПАП резултатот,
    нискорозичен ХПВ и кондиломи. Ми
    кажа да пијам само теблети за
    имунолошкиот систем, па ако нема
    подобрување, ке ги гориме. Дали
    има некој искуство со ова, дали е
    можно без терапија да се
    повлечат ? Не ми кажа ни дали
    партнерот треба да си има некоја
    терапија ? И дали до нивното повлекување треба да имаме заштитени односи ?
    Фала.
     
  18. Leonida2

    Leonida2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    28
    Дечки имам мало проблемче :) од вчера вечерта ненадејно почна да ми потеква горниот капак на окото од ништо, сега малце ме боли кога клепкам....дали имате некое искуство да споделите во врска со ова? :)
     
  19. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Од што може да ме чешаат и да ми се лупат брадавиците? Не ме чешаат постојано и не се лупат многу. Не сум трудна, тоа сум 100% сигурна :rofl:
     
  20. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Добро,ќе знае некој да ми каже од што ми е оваа болка во појасот кај желудникот,веќе 3 недели по ред,некогаш и на допир како да ме боли.Сега последниве денови ми е често подуен стомакот и понекогаш имам многу
    гасови
    ,не можам да издржам веќе,тапа болка е и приметувам дека се стегам,го стегам стомакот дури... :( .Не е некој сериозен проблем или е ?
    Што да направам додека да отидам да проверам што е ?