Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. eye

    eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    5
    би ве замолила за побрз одговор затоа што незнам каде на друго место би се обратила во овој момент
    мајка ми боледува од рак и помина неколку оперативни зафати,на дојка,јајници,матка и бешика
    во последно време се жалеше на болки во левото око па и рекоа да направи магнетна резонанца на глава резултативе се следни:
    Eкстрааксијално не се следи патолошко пребојување.
    церебрално лево во центрум семиовале нодуларна,пребојувачка лезија со дискретен околен едем истата поради уп. дг. може да оди во прилог за секундарна промена.
    други вакви лезии не се следат интрааксијално,но присутна фронтално десно линеарно конвергитачко пребојување што не исклучува венски ангиом или телеангиектазија.
    би била благодарна доколку има некое стручно лице кое може да ми објасни колку е сериозна работава....
     
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    После долго одолговлекување бев на гинеколог и ми открија полицистични јајници.
    Имам терапија, но сакам да пробам природно со некои чаеви ако е можно да се среди. :worried:
    Ако знае некој природен рецепт или чај од кој има резултати нека пише.
     
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Доколку некој има вадено крајници со операција нека се потруди да ги одговори прашањава.

    Колку време останавте во болница после операција?
    Смеевте ли да јадете после операција и што?
    Имавте ли болки после операција?
    Успиани ли бевте за време на операција?
    Боли ли нешто за време на операција?
    Колку кошта?
    После тоа колку време ви требаше целосно да закрепнете?

    И оние кои отсуствувале од школо поради таа операција.. Колку време не одевте на школо?

    Изгледа ќе вадам крајници, целата сум претресена! Извинете вака, неискусна сум.
     
  4. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    5.104
    Пол:
    Женски
    Ја има пишано мојата приказна и во посебната тема ама еве да ти одговорам на прашањата..

    Јас се оперирав пред неколку години во државна болница...во средата вечер ме примија,чет се оперирав и неделата поручек ме пуштија.Во болница првите денови бев само на чај после малку на бисквити и млеко а кога ме пуштија па скоро месец јадев само лесна храна...болки после операција имав доста,не да те плашам ама тоа зависи од човек до човек ама после цел живот ќе си раат,вреди да те трпат тие болки...за време на операцијата бев успана,а ме кошташе некаде 3000 ден...за да почнам нормално да функционирам ми требаше негде еден месец а од на факс отсуствував некаде 3 недели ама бидејќи времето во тој период се погоди многу топло не смеев да шетам надвор многу...и покрај се мислам тоа беше најдобрата одлука во мојот живот..претходно бев секој месец со антибиотици,од тогаш до сега само еднаш сум примала во 4 години..нема што да се плашиш,не е ништо страшно и раат ќе си после цел живот :) ако сакаш уште некоја информација слободно пиши ми лп
     
  5. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Луѓе незнам што ми се случува а и страв ми е.
    Последнава една недела ич не јадам,значи ИЧ.
    2 дена ми се случи да не јадам,само една кришка лепче и тоа со сила,вода ич не пијам дали една чаша на ден. Денес и вчера само по една кифличка јадам у школо и тоа со сила да не ми се слоши. И одам во кујна гледам јадење и ми се гади,одма излегувам. Еден портокал изедов денес СО СИЛА за да не се онесвестам.. :worried: Не ми се случило ова до сега.. Сум имала огромен апетит,по 5-6 пати на ден сум јадела..
     
  6. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Намален апетит е аларм за многу заболувања, а и придружено со гадење од храна може да се работи и за бременост. Може да е и од стрес. Како и да е една недела е многу време, најдобро е да посетиш доктор.
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300
    Каква бременост бе имам добиено,и многу ми тече,никогаш волку многу не ми течело. :rofl:
     
  8. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не реков дека си бремена, туку и на матичниот да му кажеш дека немаш апетит и дека ти се гади од храна веднаш ќе те праша кога ти била последната менструација, нели треба се да се исклучи, не ме сфаќај погрешно. И недостаток од некои витамини може да предизвика намален апетит, но и многу други заболувања како што претходно спомнав. Провери се, со самото нејадење може да ти падне имунитетот, да закачиш анемија и ред други секундарни работи.
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.398
    Допаѓања:
    179.855
    провери си бактерија во желудник мене ова на хеликобактери ми личи
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  10. M.laDy

    M.laDy Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    905
    Допаѓања:
    798
    Пол:
    Женски
    Малку ми е отечено окото, планирам да му ставам облоги од камилица, незнам маст капки нешто дали да му ставам?
     
  11. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Пред некоj ден ми се поjави чирче на препонот,меко на допир но надворешно немаше ништо.Го чистев со хидроген и го мачкав со еден мелем.Денес ми се излупи и ми се отвори рана,а и гнои по малце.Мислев дека е синус(внатрешно влакно),ама маjка ми ме увери дека не е тоа со оглед на тоа што знае од искуство .Морам да напоменам дека можно е да се разлути од самото триенjе при оденjе зошто ми е на самиот раб од гаките,а и бодито не помага :lol: .Ми е страв да не направив сериозен проблем од обично чирче со хидрогенот.Ке помогне ако ставам кантарион и го покривам со газа? Да не направам полошо?
     
  12. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25

    Не боли,малку пецка,неколку секунди.Нема потреба од анестезија,не е сложена интервенција. 5 минути :) Тоа се прави со чепкалка,азотот е ладен -196 степени и затоа се осеќа како да печи.Ништо страшно.
     
  13. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    16.398
    Допаѓања:
    179.855
    kapki prokulin i mast hloroamfinikol
     
  14. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Долго време имам проблеми со синуси но оваа недела ужасно невидена болка и мн тешко дишење. Кога дишам мислиш старец од 100 години сум. Некој ми спомна дека можеби се работи за полипи во носот? Како може да препознаам ако е тоа? хелп







    Да ми препорачате некој добар доктор од државна што оперира враснат нокт во месо ? и да споделе искуства
     
  15. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам да прашам.. Вчера ми дојде менстуација но многу малку ми тече, еве денеска е втор ден и пак исто.. До сега не ми била таква, од што може да е така? Благодарам однапред. :)
     
  16. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Пред полани околу мај ми беше пукната левата рака. Денес станав и ме боли. Сега малку ми престана, ама уште ме боли, не многу само кога ќе ја свиткам, исто како тогаш кома ме болеше. На една моја другарка на татко и исто така имаше пукната рака лани, и рече дека одвреме навреме го болела, ама мене досега не ме болеше, сега почна. Нормално е или? :?: :sweat:
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Може ли од апчиња на билна база да се појави алергија? Од понеделник треба некои апчиња да пијам, една недела некаде, па сега татко ми 15 минути по телефон ми објаснуваше, да сум пиела по пола доза, да сум внимавала на алергија (оти сум склона кон тие работи) итн, итн...
    Онака. кога слушнам алергија. понекогаш паника ме фаќа :D
     
  18. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Женче, колку и да ти кажува некој дека апчињата се на билна база...па не се...
    Мислам...се што пиеш земај со резерва.
    Дури и чаевиве. Демек пиеш чај од нане, филтер, ама благе везе нема од нане пошто внатре има трева некоја сомелена со додаток на боја во хемиска форма и арома од нане пак во хемиска форма. Дали само некој процент од филтер кесичките е чај од нане од билката мента. А оди свари чај од природно берено нане... ;)
    Сакам да кажам дека да, можно е да имаш алергиска реакција на нив, на овие билниве демек.
    Дури и лоратидин да пиеш (без разлика на алкалоид или на лек) може да не ти делуваат на алергијата, па да треба да пиеш аериус или лентрика како замена на овие првиве. Мислам....ваљда кога имаш развиена алергија кон нешто, пиеш некоја терапија за тоа? :* Дој на чет коа ќе можеш :*
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Буби мор, на се имам алергија :D На полен, на прашина, на протеини некои, и се сум си на штрек... Требаше лани летото да се испитувам, ама со овие закажувањата ме зезаа, не ми закажуваа кај што ми одговара, туку кај што и да сакам не можам да идам, па од кога помина се откажав :D Нели, за да видат од што е треба во моментот да имаш нешто...
    Инаку, на резерва сум си, си пазам постојано, си имам лоратадин, ама ако ми се испиени може аериус ќе си купам, колку што знам не предизвикуваат поспаност овие вторите, а јас и онака деновиве хибернирам, па уште ова ми фали :)
    Чаеви домашни си пијам воглавно, тоа баш од погорната причина, дека не се природни оние филтериве :D Од кесичките - само кофеинските ги користам, и по некој овошен ама редко тоа... внесот на протеини ми е ептен ограничен, јадам од се, ама по малку, оти штом ги зголемам протеините во исхраната (посебно јајцата) одма се јавува алергијата... Кога чистам по дома, после одма туширање, по потреба едно лоратадинче (ама од таа причина одамна не ми требало) и не ми е тешко :) навикната сум си :) Кога си склон кон алергии малку тешко дека ќе се искоренат целосно било кога, оти и на нервози може да се јават, да развиеш алергија на нешто на што предходно не си бил, најубаво да си научиш да живееш со нив. :)
     
  20. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    За полипите, тие ти се као мали топчиња (релативно колку мали) со тенка ципа, нешто као зрно од грозје кога се во некоја ‘‘зрела‘‘ форма. Во најголем дел од случаите се формираат таму кај што синусот се отвара за да истекува (да се празни) кон носна празнина. Ако се поголеми, можат да ти го блокираат празнењето на синусот и ти стално да си страдаш од тоа. Од полни синуси. Не се плаши , не се канцерозни ткива. Обично кај тие што имаат назални полипи им е намален осетот за мирис. Не препознаваат толку мириси. А и мислам дека можно е да се алергични на аспирин... :?: Не сум сигурна.
    Како и да е, ако се големи (а не верувам) можеш сама да ги видиш ако врвот на носот го покренеш нагоре (како прасенце :P ) и ѕирнеш со огледало во ноздрите. Или можеш да појдеш и на лекар па со ендоскоп ќе те видат се до синусите каква ти е состојбата. Ништо страшно не е ни тоа. ;)
    Третманот се состои во кортикостероидни спрееви, што се прскаат во нос, најдолго недела дена, до 10тина дена, или не дај Боже ако е сериозно нешто и на подолго. Али не верувам пошто кортикото се користат у кратки терапии. Може паралелно доктор да ти препише и антихистаминик, ако евентуално имаш некоја алергија кон нешто па така да ти се јавуваат болите и тешкото дишење.

    А за ноктот во месо... не знам. :D
    Доста ти е ова :P
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.