Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    На брадавицата на градата ми се појави како сува кожа малку е остро и бело. многу мала точка. што би можело да биде? не ме боли не осеќам ништо ... :$ ;(
     
  2. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Имам неколку прашања, па ќе ве молам да ми кажете нешто ако знаете. Вака, имам во пределот на вратот многу големи бенки и сега летото пред 2 години кога бев на одмор една од бенките како да ја снема. Наместо бенка сега имам нешто како црвено брунче исполнето со некаква водичка, а околу него имам нешто бело, пошто бенката беше огромна и сега и тоа белото ми е големо. Бев на кожно, но тој докторот не разабира ништо, така од врататаме виде и ми вика ништо, ќе помине, и од тогаш еве веќе 2 години ништо не ми е променето. Сакав да закажам преглед во ординацијата на рд. Анчевски, за можни превенции од кожен карцином, па што мислите вие, имал/а ли некој/а ваков проблем?
    Да ве прашам и за друго. Се чувствувам многу слабо, како коските да ми откажуваат, имам големи болки. Пијам многу млеко, по 1 литар на ден, обавезно, а јадам и секакви млечни производи па незнам :?:
    И за крај проблем бр. 3. Имам мрзливо око и сега носам наочари, но кога ги носам многу ме боли главата и чувствувам некое постојано чукање во пределот на слепоочниците. А кога не ги носам наочарите чуствувам болка во другото око, а и некако како да ми се замаглува. Хелп?
    Благодарам однапред. :hai:
     
  3. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Што се однесува за бемката, не се занемарувај, бидејќи може да треба и да биде отстранета. Едноставно ако една бемка смени боја, големина треба да биде веднаш третирана. Доколку си во можност добра ти е идејата за преглед кај Др. Анчевски. Човекот ми беше професор на факултет и навистина професионално си ја врши работата.
    А за коските, чувствуваш некоја болка или имаш само чувство?
     
    На Survive му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    81.719
    Пол:
    Женски
    Како побрзо да се залечи фрактурата на мускул? :sweat:
    Не е за мене, на моја блиска личност и' се случи ова и дури ни целодневното мирување не е од помош.
    Се работи за возрасна личност од 50 години, јас претпоставувам дека процесот оди бавно, но ова веќе две недели не мрда од мртва точка - проблемот е во мускулот на листот од ногата и кога го затегнуваме во завои се јавуваат отоци, кога е отпуштена ногата ужасно боли, дури мислам мене ме боли кога гледам. :(
    Некоја со слични искуства да се најде да ми препорача нешто ?
     
  5. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си требала да закажеш преглед и многу порано, уште кога си ја забележала промената. Закажувај деновиве обавезно види за што станува збор. За заморот и болките, можеби се затоа што си напната, под притисок, недостаток на витамини.. Ипак направи си една крвна слика и отиди на преглед, за да бидеш сигурна.
     
    На Survive му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    И за тоа би било најдобро да се провери на лекар и да не го одложуваш тоа.
    Можеш да се информираш повеќе околу млекото и млечните продукти тука и тука.
    Според мене не е баш најздрава варијанта внесот на калциум преку големи количини на млеко, па можеби не е лошо да го намалиш и да направиш некаква промена во исхраната т.е. да внесуваш повеќе растителна храна богата со калциум и секако сите други витамини и минерали.
     
    На Survive му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Survive

    Survive Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2014
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Преглед планирав уште летово да закажам, но го загубив бројот и потоа поради други обврски сосема заборавив, а за коските чувствувам болка, понекогаш како да потклекнувам со десното колено бидејќи не можам да се додржам.
    :x
    Направив крвна слика, но докторот ми рече не било ништо големо, само да сум јадела нормално и да не испушам оброци (во тој период кога ја направив крвната слика имав проблеми со желудникот и ми се дешаваше и по 2-3 дена само на вода и многу малку овошје да бидам).
     
  8. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Направив крвна слика, но докторот ми рече не било ништо големо, само да сум јадела нормално и да не испушам оброци (во тој период кога ја направив крвната слика имав проблеми со желудникот и ми се дешаваше и по 2-3 дена само на вода и многу малку овошје да бидам).[/quote]


    Епа тогаш редовно појадувај, гледај да не ги пропушташ барем оброците. Јади повеќе храна богата со витамини, а можеш и да си земеш некои витаминчиња плус :) Ќе ти се среди за брзо време ;)
     
    На Survive му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Aко некој знае да ми препрача некој добар лекар - хирург за операција на враснат нокт во месо ? Многу ке ви бидам благодарна, бидејки предходната операција која што ја правев ми беше смрт , ме оперираше докторот без анестезија бидјки наводно си закажал многу пациенти и немало доволно анестезија а и текот на операциата не ми беше во нај добар ред па барам друг лекар. Благодарам
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.343
    Допаѓања:
    5.893
    Што е тоа PDW во крвта?
    Читав нешто на нет и вели не е опасно, ама беше до кај 15, а мене ми е 70. :|
     
  11. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Platelet Distribution Width
    Ова укажува на зголемување на тромбоцитите во обем поради постоечко крварење или некоја друга причина.
    Односно ова укажува на тоа колку активни тромбоцити се присутни.
    Неможам да ти помогнам околу тоа колку е опасно бидејки овој резултат треба да се комбинира со другите и да се види дали се работи за нешто банално или нешто по сериозно. Ова како изолирана вредност не е индикација кон ништо друго.
     
    На annii му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.417
    Пол:
    Женски
    Цел ден ми е лошо. Се тресам, а кога се покријам се потам. Немам температура, немам болки во стомак или нешто слично. Само се чувствувам уморна и можам стално да спијам, а од тоа и полошо ми е.
    Едвај стојам, цела се тресам. А и не можам да се искашлам, тешко ми е на грлото.
    Пиев апчиња, сокови, чаеви и секакви витамини и пак истото.
    Од 5 и пол сабајле ми е така. Цел ден, ќе умрам мислам. :doh:
     
  13. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Гинекологот ми преписа вагиналети, неколку дена ставам, досега се сум користала вакви вагиналети,чудни се.Дали е нормално да има исцедок од вагиналетите? Ако не ставам влоШка лом сум. Или јас не ги ставам доволно длабоко ?
     
  14. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    нормално е да има исцедок :) и додека ги користиш ставај си влошка :))
    поздрав ;)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    извини вака, но мислам дека ќе настинеш... веќе полека и почнуваш. пиј си редоно витамин ц и течнсти, а за грлото би ти препорачала да измешаш 1 цеден лимон со една лажичка сода бикарбона и пред спиенње да направеш гргара (после тоа да не јадеш и да не пиеш најмалку 1 час). :))
     
  16. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    нешто за болка во ушите ?
    мислам дека ми е од прелада ,ама повеќе ме боли левото.некако повремено ме боли внатре во увото, или пак може да е поврзано нешто со умникот што ми расне од лева страна?
     
  17. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Изминатава недела ме мачи десниот лакт едвај раката ја исправувам. Се јавува болката кога пробувам да го исправам лактот.
    Прееска гледам да не сум се удрила во брзање некаде, па одпосле да ме боли некоја закаснета реакција, меѓутоа ништо нема.
    Дома ми викаат од лаптопот дека ми е што цело време нешто куцам на тастатурата. Не верувам дека е од тоа. Има ли некоја маст со што да се намачкам да ми помине проклетава болка. :sweat:

    **********

    MalaMedena пробај топло мало пешкирче стави го на болното уво. Најверојатно си настината па се активирало во болка. Или мало шише пластично наполни го со топла вода и допри го до увото што те боли.
     
  18. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Доколку ти расне умник, веројатно од него е болката во увото. Болката што ја чувствуваме при растење на умник кај секој е различно, некои ни не осетуват дека им расте, а додека некои имаат болка во увото или во крајникот од таа страна каде што е умникот. Така да ако е од истата страна, тогаш тој е проблемот. Доколку многу те боли напиј се некој аналгетик, а нема да штети и да го затоплуваш.
     
  19. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Moжеш да ставаш капки хлорамфеникол со декстаметазон,и за очи и за уши се користат.
    Ги има во секоја аптека,ќе ти кажат по колку капки,јас мислам 3 на ден,ама прашај си сепак.
     
  20. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Измери си притисок исто може да биде поврзано и со шеќерот. Оди на лекар и направи една крвна слика не секогаш овие симптоми мораат да бидат поврзани со настинка и сезонски грип, оди на лекар, но намали на витамините нема потреба без причина да го оптоваруваш телото со повеќе витамини од колку што му се потребни.