Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.632
    Допаѓања:
    13.333
    Пол:
    Женски
    Така кога ќе сетиш дека ти е лошо напиј се кока кола, касни нешто благо и имај секогаш во тебе бомбончиња било какви. Можеби е и поради времево и јас имам некогаш вакви периоди. Исто и кога сум преоптеретена, на трчање цело време ми се дешава овоа. Ако продолжи и понатака отиди си на контрола, чисто да си провериш од што ти е. :)
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Истото го имав и јас, но мене ме болеше, не можев да седам убаво.
    Користев кансен и бебешка пудра, ми пукна само од себе имаше малку крв и ми помина.
    Јас мислев дека е од бричењето можеби и од бодито, од ѓаките, од влошките.
    Сеуште го имам ама мало е. Препорачливо е да се оди на гинеколог.
     
  3. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мене ниту ме боли, ниту ме пецка. Се појавува, вториот ден почнува да спланува и третиот го нема веќе. Ниту пука ниту ништо. Не е фиксирано на едно место, туку како ткиво внатре под кожата. Јас се мачкав со маст од невен, кансенот некако не го бендисувам :D
     
  4. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    9.460
    Пол:
    Женски
    Покачени ми се седиментацијата, CRP и ASTO. Крвната слика ми е во ред, а во мокрачата ми пишува кај бактерии +++, а референтната вредност е 0. Матичната ми даде упат за биохемија да направам уринокултура, утре одам...Што може да е? Бактерија или? Треба ли и маж ми да се прегледа да не е нешто преносливо? Ве молам за некаков одговор многу сум загрижена
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Штом кај бактериите имаш плусови, тоа значи дека е најдена некоја бактерија. Повеќе ќе знаеш утре, или задутре кога ќе бидат готови резултатите од уринокултурата и ќе се знае за која точно бактерија станува збор, па врз основа на тоа матичната ќе ти каже дали треба и твојот маж да прима терапија. Инаку како и да е, јас сепак мислам дека подобро е додека не завршиш со лечење т.е додека не ја сузбиеш бактеријата да избегнувате сексуални односи.
     
  6. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    9.460
    Пол:
    Женски
    На клиника ќе правам уринокултура па така резултатите најверојатно од понеделник. А за односи нормално нема периодов да имаме. :( се надевам дека се брзо ќе се среди
     
  7. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    Значи не ми се верува, не е проблемот што има бактерија, и што тоа може да значи, туку проблемот е што 2 дена нема да има односи. Мислам шта речи. Исто така, доагаш денес од лекар а прашуваш на форумов дали и партнерот треба да се испитува, па што не си ја прашала докторката.
    Луге, научете се да здравствените проблеми ги решавате на лекар а не овде, кој овде може да ви одговори точно па дури и да е лекар? Или сакате само да ве тешат т.е да го слушнете она што вие сакате?
     
  8. TheSecret

    TheSecret Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    5.005
    Допаѓања:
    9.460
    Пол:
    Женски
    Значи како прво не реков дека ми е важно што нема да имаме односи а не ми е важна бактеријата, туку дека нормално е да немаме периодов дур не се реши проблемов. Незнам што тука не е јасно :^) нема везе ...а за партнерот дали треба да се испита нормално дека прашав, но не добив некој конкретен одговор од докторката, туку рече само ќе видиме зависи од бактеријата..т.е која бак. е...но мене ми е шубе па сакам на своја рака да испита и он. И не сакаме да го сушнеме она што ние сакаме и да не тешат, туку едноставно да се консултираме и да размениме мислења..нели за тоа и е една од поентите на форумов
     
  9. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Во последно време вената на стапалото ми е многу надувана :tmi: .Денес приметив ко балон станала :doh: .Не ме боли ногата ама венава ептен страшна станала.Од што е последицата се прашувам дали од претерано вежбање или од погрешно седење?И дали има последици од надуванава вена или само си правам страшни филмчиња?
     
  10. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Зависи колку е подувана, можно е доколку имаш историја во семејството со варикозни вени или познато како попуштени вени, кои се наследни, да е тоа, бидејќи тие можат да се појават во било која возраст. Истотака важно е дали имаш некои промени на таа нога, во однос на боја на кожа, топчести формации итн. Избегнувај седење со прекрстени нозе, тоа ја успорува циркулацијата и не е лошо да посетиш лекар, сепак кога ќе се виде поубаво и подобро ќе ти каже дали има место за паника или не.
     
  11. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Сигурно е наследно и мајка ми си има проблеми,но не со подувана туку со заслабната вена (како ли да се вика :tmi: ) ако продолжи вака ке посетам лекар,за сега нема никоја промена освен вената.Инаку ти благодарам на одговорот :*
     
  12. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Од што може да е болка во горниот дел на нозете (бутовите поточно)? Од настинка или...?
     
  13. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Не верувам да е од настинка. Најчесто доколку си имала некој напор, како вежбање или долго пешачење, качување по многу скали, трчање, долго клечење. При настинка можно е да болат и мускули, но најчесто повеќе, а не одреден мускул, затоа мислам дека се работи за некое истегнување или преоптеретеност на мускулот.
     
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ме боли ептен грбот, мислам како струја ми поминува низ гработ, и повторно ја снемува. И се така, неколку пати.
    Од што може да е?
     
  15. blosson

    blosson Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    385
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Девојки јас сакам да прашам вака јас како мала често се убивав кај глуждот долу и како отечена ми е неколку дена и толку..сега многу често барем 5-6 пати во неделата ногата долу му убива од болка не можам да ја кренам толку ја чувствувам како да има голем оток а воопшто немам оток. Носам ортопетси чевли и докторката ми вели да не сум ја преморувала и от тогаш јас се отпишав од кошарка (пред година ипол) често одам и не ја оптеретувам многу ногата нормално ама ете уште ме боли.Сега користам една крема Alven ама тоа само ја смирува болката моментално. Ве молам за помош по шо јас бев на ортопед и ништо не ми кажа само да носам оропетски влошки за стапалата и лете да одам боса почесто ама и од тоа ништо. Помош од што ќе ми биде на мене таа болка пошо сеа (17 год имам ) :(
     
  16. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Мора рентген или евентуално магнетна резонанца. Може да се работи за истегнати/скинати лигаменти или пак за потиснати или некој друг проблем со нервите на ногата.
    Оди кај некој постручен ортопед и не го занемарувај проблемот бидејки ова не е нормално и не ти е од преоптоварување и незнам што.
     
  17. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Пред неколку месеци паднав и треснав малку на задниот дел на главата и само тој ден имав вртоглавици. Поминаа 5-6 месеци и од време на време ме боли глава како и секој човек нормално но во мене понекогаш се јавува прашање и некоја сумња дали можеби сум имала тогаш некое мало крварење во главата и еден ден да ми направи проблеми ? Или ако тогаш не ми се случило ништо дека се е во ред ???
    ве молам дајте ми некое мислење многу ке ми значи
     
  18. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Види значи при секој таков пад протокол е да се оди на лекар и да се направат потребни снимки за да се исклучи можноста за постоење на потрес на мозокот или нешто друго. Е сега може при траумата да е дошло до ослабување на некој крвен сад(нејќам да те плашам)што понатаму ако дојде до "прскање" на истиот може да дојде до народно кажано излив на мозокот.
    Немој да мислеш дека утре ќе добиеш излив на мозкот, без грижи. Во блиска иднина што подразбира колку можеш поскоро консултирај се со невролог или невро-хирург околу сето ова и можеби ќе биде потребна магнетна резонанца. Како и да е може и ништо да не е и јас само да те плашам, но консултацијата со доктор нека биде обавезна.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate1989

    kate1989 Активен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам дали воздржувањето од мастурбација може да предизвика некој проблем? Дечко ми ги пости овие велигденски пости па секако се воздржуваме од односи но ме интересира дали доколку не мастурбира овие 50 дена може да има некои здравствени последици?
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753


    не. Не би требало апсолутно никакев проблем да има