Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.996
    Допаѓања:
    9.407
    Пол:
    Женски
    Денес ги земав резултатите од уринокултурата направена нс институт за микробиологија и паразитологија на клиника и пишува дека уринокултурата е стерилна, што значи дека нема бактерија..тоа што ме буни е што кај резултатот од Авицена кај мокрачата кај бактерии пишува +++ :^) е сега кое е точно :^) мене поверодостојна ми е уринокултурата, ама незнам
     
  2. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Секако дека уринокултурата е поверодостојна. Бактерии во мокрача можат да се појават и доколку мокрачата е стоена повеќе од 2 часа (значи од земањето до проверката). Но, секако збунува и седиментацијата, Ц реактивниот протеин и АСТО, бидејќи велиш дека биле зголемени. Или пак да не си била настината за време, пред или пак по проверката т.е земањето крв? А да си побараш пак да ти ја проверат крвта. Воедно, дали имаш некои пропратни симптоми, како печење при мокрење, болка или некои измени во вагиналниот секрет, како боја, мирис итн?
     
  3. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Денеска осеќав пецкање во мускулите (како некого да ме штипи) во пределот на стомакот. Не е внатрешна болка туку ја осеќам како површинска повеќе... што би можело да биди? Дали е дека носев панталони кои малку ме стегаа или е нешто друго? Вакво чувство на пецкање имав и пред некој ден.
     
  4. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми се случува на нозете или пак на половината кога носам свилени хулахопки или тесни панталони. Одкако ќе ги соблечам имам трпки низ нозете и половината, онаму каде ме допирале хулахопките или панталоните.
     
  5. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Здраво, на главата имам нешто како поткожен оток. Баш сега прочепкав по интернет и најдов дека се вика Атером. Веќе подолго време го имам, но си мислев дека не е ништо страшно и дека е наследно, бидејќи и баба ми има такво. Денес ме заболе главата и како ја масирав го фатив атеромот и почувствував дека е малце топол и како од него да идеше болката. Дали некој има вакво нешто слично и дали може да се лекува со алтернативна медецина?
     
  6. Nounejm

    Nounejm Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Здраво...
    Веќе еден месец имам болки во грлото.
    Прво 2-3 дена висока температура, омалаксаност без кашлица.
    Бев на лекар и ми дадоа макропен... Испив 2 кутии макропен и болката не ми пројде. Потоа ми дадоа и 5 инекции, па болката пак не пројде.... Цело време се менуваше. Де ќе ме боли десната страна на грлото, де левата, па не можев ни да го мрдам јазикот од што ме болеше неговиот корен и од страните на грлото.
    Ми земаа крв од вена да проверат, не ми е ништо. Грлото не ми е црвено, а ме боли. Ставав прополис капки и проанги спрејот, првиот саат беше океј али после тоа многу повеќе ме болеше. Докторката ми рече да пијам чај, супи, лимон.... не помага ни тоа...
    Кога ќе се напијам далерон ми ја смирува болката цел ден, но потоа пак се појавува.
    Ве молам да добијам некој одговор... :/
     
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Да те прашам крајници имаш? Можеби крајниците ти растат и ти прават проблем...
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Дали имаш направено брис-испитување?Можно е да имаш бактерија.А најдобро е да направиш преглед грло,уво,нос.Користи раствор Бетадине за плакнење на грлото.
     
  9. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Истово ми се случи летото пред две години, буквално речиси цело лето го преседов дома со ужасни болки во грлото. Ништо не ми помагаше, буквално ништо, а имав многу јака болка. Дополнително ми беше тешко што беше лето, надвор пекол, сите сладоледи јадат и ладни пијалоци пијат, а јас со супи и чаеви на 45 степени :sweat: Небитно тоа сега :D откако видов дека ништо не ми помага, сфатив дека станува збор за бактерија, пошто само бактерија може да предизвикува болка толку долго време. Направив брис и испадна дека навистина имам бактерија. Добив терапија со соодветни антибиотици и за недела дена ми помина се', исто како ништо да не ми било. Оди да ти земат брис и да го испитаат :)
     
  10. Nounejm

    Nounejm Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Ми земаа денес брис, па дури во четврток треба резултати.... Не ми се чека некако, се плашам многу :/
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се плашиш, не е ништо страшно и да имаш бактерија. Ќе ти дадат антибиотици да пиеш (бактерија само антибиотик може да ја искорени) и ќе помине :)
     
  12. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    Од што може да биде предизвикан бодеж на левата страна кај срцето? Траеше 1 секунда и тоа на два пати ме пресече :/
     
  13. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Мускуло-скелетна болка, проблем со срцето никогаш нема да ти предизвикува вакви болки. Мислам дека еднаш рече дека си го истегнала левото рамо, може да е поврзано.
    Но дефинитивно мускуло-скелетна болка што не е поврзана со срцето.
     
    На sheis му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nounejm

    Nounejm Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    5
    Имам бело топченце на крајникот и личи ко оние бубулицине мали и бели што многу болат, да не знаете што е тоа?
     
  15. ancebanance

    ancebanance Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Тоа е гнојна ангина, и треба да одиш на лекар, не е многу опасна ама мора да ти помине зашто од тоа можеш и температура да кренеш, ке ти препише некој антибиотик
     
  16. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Дечки, вчера ме касна нешто на дланката. И сеа ми е отечена.. Навидум, како боксерска ракавица ми е. :D
    Ставав ладни облоги, и ракија, ама сеуште ми сема спланато.
    Има простор за загриженост..?
    Инаку летово, ме касна исто така нешто на ногата, и ми беше отечена. И цела недела бев на инфузии..

    Да ставам од течноста Ацидиборици(така некако беше), или да пијам Цитиризин, кои вообичаено ги даваат за алергиски реакции?
     
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.418
    Пол:
    Женски
    Meне вообичаено лоратадин ми даваат за алергиски реакции, ама доколку имаш нешто што и друг пат си пиела за алергија тоа напиј се.Доколку не ти спласне за ден, максимум два оди на лекар.
     
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам јас, над десното уво имам многу јака болка која трае 1 мин и исчезнува и се појавува по 2-3 денари со пулсирање во увото.Од што може да е?
    Бев на лекар ми кажаа дека немам ништо чисто ми е, немам ни инфекција...
     
  19. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мене постојано ми испаѓаат такви и ќе ми испаѓаат се додека не ги извадам крајниците :D До сега температура не сум качила, ниту пак грлото да ме боли. Можеш да си свариш чај од жалфија и да правиш гаргара со него. Има по аптеките такви средства за промивање на уста и грло, но јас жалфија си користам. Позз
     
  20. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Деновиве устата од краевите ми е многу испукана дури од едната страна имам вдлабнатина и многу ме боли, нон стоп сум со лабелото во рака и ставам, ама никако да ми помине и денес ми е уште поголема раната :( некој ако знае што би бил лекот, а исто сакав да прашам како ги отстранувате наслагите од јазикот ( јас обично со четката за заби со делот наменет за тоа ) :)