Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Јас од десната страна веднаш до устата имам црвена рана. многу пече, но лабелото не ми помага. Вчера ставив кантарион на местото и утрово црвенилото го немаше. Таа иритација ми е од солено изгледа. Сега јадев маслинки и веднаш се појави. Веднаш ќе одам да го намачкам местото со кантарион. Пробај и ти. Се надевам дека ќе помогне. :)
     
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.934
    Пред една недела ми помина...сега од време на време на тоалетната хартија имам лигаво нешто со крем боја без мирис.. Загрижена сум.. Што би можело да е? :(


    А вчера си ја проверував крвта и микажаа дека се е во ред..и брисот ми е одличен..без проблеми
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    По се изгледа дека имам добиено ужасен стомачен вирус. Моментално актуелен во моето место на живеење. На почетокот се сомневав на мојот чувствителен желудник и хоплата на која тој ден и поминуваше рокот. Менструација ми доцни официјални 8 дена, по цел ден спијам, повраќам а од вчера вечер сум со неподнослива дијареа. Бев кај матичен општи а и на гинеколог. Гинекологот ми рече дека е премногу рано да се утврди бременост, ме виде на ехо и направив тест, беа негативни но ми напомена во случај да не добијам повторно да се јавам за преглед следната недела. И матичната мислеше дека е обична настинка но јас не кашлам, немам никаков исцедок од носот. Заборавив да спомнам дека доста често и температурата ми се покачуваше, 39 најчесто. Имам треска по цела ноќ, а од тоалет не сум излезена било за повраќање било заради течна столица. Се чувствувам омалаксано и изморено. Препишана терапија ми е Лидаприм 2 х 2. Вчера вечер не земав, неможев да поднесам да ставам во уста нешто. Едвај во цел ден изедов со мака помалку од половина кришка леб и заспав. И претходните два дена е истото, апетит нула.
    Совет ?!
     
  4. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Да не ти растат умници?
     
  5. anaantonia

    anaantonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    123
    ова баш и не е здравствен проблем,пишав на темата за леќи ве молам одговорете ми итно ми е ,фала :*
     
  6. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.934
    синоќа ми се повраќаше и тоа само момент беше,утрово пак и сега ме боли желудник..од што би можело да е и лек ако знаете? ;)
    И нешто стомак ме заболува
     
  7. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Дали помекогаш пред да добиете поминувате без некои јаки симптоми? пример мене претходниот месец ми доцнеше малку бидејќи бев настината, со температура, антибиотици и такви работи и градите не ме болеа...Еве сега за 3-4 дена треба да добијам, а градите пак не ме болат само осеќам некоја нервоза, пред некој ден ми се јави акна....А порано секогаш ме болеле градите...ДЕали е нормално вака понекогаш да поминуваме и без симптоми?
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    12.233
    Пол:
    Женски
    Пред неколку години скоро и да немав симптоми, кога бев млада :rofl: . Шала настрана овие симптоми што ги имам јас ме загрижуваат , чувствувам нервоза, вознемиреност голема, незнам од витамини што веќе да пијам, ништо не ми помага :doh: .
    Нормално е да ги немаме секогаш истите симптоми, не е страшно, кажете чаре за психичките , не се трпат ми ја црпат сета енергија :| .
     
  9. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Дали некој знае како да се превенира болка во мускулите пред тешка физичка активност или како да помине полесно и побрзо кога е веќе појавена?
     
  10. n1k0la

    n1k0la Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Па и нема баш некоја превенција, биди сигурна дека си добро загреана и подготвена пред почнувањето на тешката физичка активност. Откако ќе го добиеш воспалението на мускулите консумирај многу протеини за да се обноват мускулните влакна побрзо, овие протеини вклучуваат пилешко, риба и телешко(свинско не бидејки го зголемува воспалението), јаткасти плодови и т.н.
    И никако пржена и масна храна и алкохол бидејки го зголемуваат воспалението.
    Потоа консумирај витамин ц(никако синтечки)значи портокали, пиперки, киви, ананас и т.н.
    Ѓумбирот го намалува воспалението исто така.
    И ако неможеш да издржиш андол помага кај мускулна болка, но никако андол ако си помлад/а од 19тина години и ако имаш проблеми со желудник!
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Мене претходниот месец ми беше така, еве сега и овој месец. Треба да добијам овие денови, но ништо од симптоми. Дури не сум ни нервозна за некое чудо :D
     
  12. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Јас пијам аспиринче кога ќе завршам со физичката активност(зборам за некоја мн напорна активност, и ми е страв наредниот ден да не неможам да станам од кревет :lol: Иначе нели најдобро е да не се пијат апчиња за све и сешто али...)
     
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.934
    Ме боли многу десната страна од стомакот - незнам дали е јајникот или слепото црево,пред пола саат многу ме заболе и се измачкав да ме утопле...
    Сега ќе пијам чај... некој лек.. ? :worried:
     
  14. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Во случај да се работи за болки во јајникот можеш да ставиш топла крпа или шише со топла вода на местото каде што те боли, па би требало болките да се ублажат.
    Доколку не ти помине, посети доктор, бидејќи вака не можеме точно да кажеме за што се работи.
    Пиј сега чаеви и ако не се смират болките, утре на доктор.
     
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    леле и јас да прашам нешто, денес бев на забар требаше да вадам доле шеска, ми стави анестезија и некеше воопшто да делува, после ми стави уште една но и таа не почна, дали дека пред да одам бев многу ептен нервозна а се имав напиено и еден дијазепам. Кое е друго решение ако и следниот пат не делува анастезија.
     
  16. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Тотално е погрешно ставање на топли облоги на место на кое чувствувате болка. Посебно не шише со вода или онаа торбана што се полни со вода, бидејки на топло крвните садови се шират и болката се зголемува, а и може да дојде до крварење кога се работи за вакви чувствителни органи.
    Лежење во топла постела да, но ставање на шише или било што со топла вода никако.
     
    На drakulce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    ^ Не знам. Можеби си во право, но мене ставањето на топли облоги на стомакот ми помага и веднаш ми се смирува болката. Затоа и така ја советував феминката погоре.
    Се извинувам доколку сум дала погрешен совет.
    Така кажав бидејќи јас го практикувам тоа. :)
     
  18. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.759
    И јас ставам топли облоги секогаш кога имам болки во јајниците и најголемите болки ми поминале со шише полно со топла вода.
    Да, точно е дека крвните садови се шират а со тоа се зголемува циркулацијата на крвта, се создава топлина на местото. Јас сепак мислам дека од топлинава поминува болката, затоа и се става крпа со алкохол при болки во главата за да се прошират крвните садови и да се создаде оваа топлина :)
     
  19. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    naturally Порано нашите стари ни ставале оцет или ракија кога сме имале температура, нели? Оди прашај лекар дали се става ракија која фактички го загрева местото на веќе загреано место. Така да, многу работи од минатото за кои лугето верувале дека помагаат се тотално погрешни. А, тоа што велиш ти помогнало е психата т.е вербата дека тоа ќе ти помогне.
    Повторувам, болките обично се од некој воспалителен процес во организмот, и на веќе воспалено место не се става топло, посебно не на болки во грбот, или вратот, што може да доведе до крварење во мозокот бидејки ја забрзува циркулацијата.
     
  20. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали тестот за бременост Surecheck дава точен резултат ако се прави на втората мокрача? Некоја феминка со вакво искуство?