Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Дефинитивно ти е уринарна инфекција.На почеток започнува со печење при мокрење,но штом си забележала крв проширена ти е.Продолжи со пиење чај минимум 2 литра на ден.Не е лошо да отидеш на матичен да направиш уриникултура за да видиш за која бактерија се работи,па ке ти препишат и соодветен антибиотик.Во меѓувреме земи Ц витамин во поголеми дози и ако си во можност купи си Урифар кесички да ти олесни.Во аптека без рецепта можат да ти дадат и некој антисептик како Палин или сл.Бидејки е досадна инфекција треба подолго да пазиш и да пиеш чаеви да не ти се прошири кон бубрезите.
     
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    5.932
    ми рекоа дека ми е од пролада ми дадоа апчиња :) ми помогнаа до некаде 2 пати се напив од нив
     
  3. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Отидов да проверам слепо црево и неможеа да ми оркеијат дали се работи за тоа , преку леукоцитите не се познаваше додека па преку ехо неможеле да препознаат иако ми рекоа дека сите симптоми што ги имам укажуваат на тоа и ми рекоа нареден пат кога ке осетам болки да не пијам лекови за болки туку веднаш да отидам на лекар.
     
  4. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Девојки многу ме боли десното уво, премногу. Ставив капки, но не ми помина, премногу ме боли. Се напив и апче и тоа нема никаков ефект. Некој совет ? Неможам да издржам вака, премногу ме боли, умирамм.
     
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    и мене ме болеше многу пред некој ден , или е од промаја од настинка , од ладно , ако имаш кантарион во зејтин капни една капка две во увото и мислам би требало да помине ако не ти помине за еден ден два појди на оториноларинголог
     
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Со пегла затопли некоја крпа или шамивче и стави го на увото. Така одма ќе ти помине. Ако те боли премногу можеш и да спиеш со тоа, ќе ти бидат топли ушите и нема да те боли. Јас вака секогаш правам пошто постојано ме болат ушите.
     
    На Dark-Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Состојбата ептен ми е влошена. Едвај дишам, непрестајно кашлам (сува кашлица), носот чешма ми е и главата ја осеќам како машина да имам во неа. Апчиња не ми помагаа, а предмалку забележав дека имам и шлајм. Грлото не ми е црвено, но како да гребе, и плус ме боли. Дишните патишта ми се како затворени, воздух едвај влегува. Дури и болка чувствувам. Сега не можам да одам во амбуланта бидејќи дома нема никој, но се мислам да не ми ставаат инекции, туку директно инфузија да ми закачат. На инфузија ли да одам, или да си пијам апчиња и чајчиња, иако не верувам чаевите да ми помогнат? :worried:
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.092
    Пол:
    Женски
    Најдобро оди на лекар.Дали ќе ти дадат инфузија или инјекција зависи од здравствената состојба.Во секој случај ти требаат соодветни антибиотици.Со таква терапија сигурно ќе оздравеш побзро отколку да се лекуваш сама и да се измачуваш.
     
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Имам 15 год и веќе година и 3 месеци имам силни главоболки. Главата ме боли на задната лева страна и често ми се врти и осеќам како да не ме држат нозете. Најсилно ме боли навечер и после спиење. Понекогаш болката се шири кон вратот и грбот и имам трпки по рацете. Понекогаш и повраќам. Бев на очно но диоптерот ми е во ред а и крвната слика ми е добра. Во јуни треба да ме снимаат на ком. томографија.
    Од што може да ме боли?
     
  10. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Не е лошо да си ги провериш и забите јас од загноени корења на зап умав вакви проблеми како го извадив забот заборавив како изгледа главоболка ,провери си може е некој заб
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А каде точно те боли? Јас имав страшни болки од десна страна на стомакот и од преголеми болки дури не знаев да објаснам каде точно ме боли и на инфузии завршив и триста чуда.
    Прво нешто одма се сомневаат на слепо црево. И знам дека ми кажаа дека симптоми на слепо црево се температура, повраќање (иако од секоја преголема, неиздржлива болка може да се случи да повраќаш), кочење на десната нога и секако воспалението може да се провери преку крв. Ако на крв ништо не ти нашле значи дека не е слепо црево, ама па зависи и дали ги имаш симптомите. Мене на крај на ехо ми открија дека имам камен во бубрег. Болките се исти. Докторот ми кажа дека и за камен во бубрег може да боли исто доле, десно како за слепо црево. А и интензитетот на болката е иста.

    На што правеше ехо? Ти гледаа бубрези? Мокрача провери?

    Ако почувствуваш било каква болка, не чекај и одма на лекар, не превземај ништо на своја рака.
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.418
    Пол:
    Женски
    Најдобро е да одиш на лекар и да провериш да не имаш мигрена.Дел од симптомиве што ги кажуваш се типични за мигрената, а и тоа што те пратиле на ком. томографија е добро, бидејќи и тоа е дел од прегледот.
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    Ај нешто за голема кашлица, ама да не е прегорен шеќер и да не е упат за на матичен. :wasntme:
    Ствааарно ме мрзи да објаснувам зошто сум чекала да ме „уваса“. Мрзам да одам по лекари, кога нешто може само да ми помине. Не пиев никакви апчиња и сега кашлам ко муж. Ептен многу кашлам и веќе ме мрзи да кашлам. А ме тера нешто од внатре, ми стои ко кнедла и кашлам и кааааашлааааам. :D Некој совет, нешто? :rofl:
     
  14. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Зошто кога ќе се напијам Б-комплекс почнува да ми се врти и да имам мачнина во стомакот? :|
     
  15. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.465
    Можеби прашањево не е за тука, ама јас стварно незнам каде да прашам.
    Сабајле станав во 7, поточно се разбудив зошто сонував како мама умрела. Кога се разбудив целата бев во солзи и од сабајле цело време од време на време(отприлика на околу 30-40 минути) ми течат солзи и тоа мнооогу(како река) и целото тело ми е како парализирано. :sweat: ;(
    Помооош :doh: ........
     
  16. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    сигурно си премногу вознемирена од сонот и затоа ти е така.И не се секирај чим си ја сонувала како умрела тоа значи дека нема да умре. Пробај да се смириш, напиј се Б6 ако имаш, и не мисли на сонот.
     
  17. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482

    Старите велат дека, ако на сон сонуваш смрт на некој близок, тоа значи дека животниот век му се продолжува. :)

    Не грижи се, тоа било само лош сон. Избриши ги солзите и не мисли на тоа.
    Мисли на убави моменти кои ќе ги имаш со мајка ти, и не заборавај да ја гушнеш и да и кажеш дека ја сакаш повеќе од се во прва прилика. :hai:
     
  18. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.020
    Пол:
    Женски
    Не се секирај, ми се има случено да го сонувам истово и и јас бев многу вознемирена и тажна цел ден. Но чувството кога се разбудив од сонот и сфатив дека е само сон беше непроценливо. :) Ништо лошо не е, немаш причина да се оптеретуваш, напротив, убаво е.
     
  19. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ФЕМИНКИ кои имате сознанија, по втор пат молам за информација за истата работа.
    Заедно со сестра ми, ги „претуривме“ сите можни форуми и информација немаме.
    Препорачано ни е внукот да го носиме на преглед кај д-р Копачев, невропсихијатар-професор на дефектолошки, сега веќе во пензија!
    Замолувам за ваши информации и искуства, а слободно можете и во приватна порака да ми пишете.
    Кој е човеков? Каде работи сега?
    Значи не сретнавме никаде никаков коментар.
     
  20. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Мног сум загрижена за мајка ми..веќе неколку дена се жали дека ја боцка как срцето..при земање и испуштање на воздух..и викам да оди на лекар но не ме слуша :/ јас паничам многу :( ве молам кажете ми од што може да е.