Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    има едно 2-3 недели притисокот ми е висок чуствувам како срцето ми лупа. денес цел ден ме боли главата.некое чаре да не се трујам со таблети? инаку обично притисокот ми е нормален или ниски,а сега ми е висок и незнам што да правам. си каснав малку лукче вечерва :) ама не е тоа секогаш решение.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    А да си направиш испитувања од што така ти се качува притисокот? Не може да биде без причина.
    Правец на лекар, не си изигравај сама на себе иљач.
     
  3. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Ми е страв да одам на крвна анализа.
    Сега некои од симптомите ги снема,ама ми се створи ОГРОМЕН апетит (јадам на секој пола саат) ,одам често по мала нужда и имам сува уста проследена со потреба за пиење течности.Видов дека се ова првите знаци за дијабетес.Преплашена сум.Може да се резултат на нешто трето?
    И да напоменам не јадам многу јаглехидрати,претежно сум на млечни производи и јајца.
    Лебот ептен ми е изоставен од исхраната и ептен ретко само 1 компир варам или малку ориз.
     
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Вака јас имам две прашања :?:
    1-Каде може да се испита на кое ниво е имунолошкиот систем и што му недостасува???
    2-Дали некој знае да ја протолкува дијагнозава-Скоро комплетна обструкција на максиларниот синус од десната страна од присутна пнеуматоцела.Останатите ПНС се со уредна пневматизација.Уреден воздушен столб на обата носни ходника.
    И дали некој има искуство со доктор Оровчанец од Ремедика отоларингологија
    Ви благодарам однапред ако ми дадете било каква информација
    :sweat: :sweat: :sweat:
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    И
    Прво дијагнозата кажано со народен речник: Затнат запушен ти е максиларниот синус и имаш внатре воздушна цистичка. Максиларни синуси се 2 под очите се поставени, и сите синуси комуницираат меѓу себе и со носот и грлото. Ова е предизвикано најчесто од инфекции на синусите, може да имаат симптоми од типот на главоболки, болки на местото на локализација на синусот, тежина во главата кога ќе ја наведниш надолу, можат да бидат проследени и со општи симптоми од типот на покачена температура, затнат нос, течење на носот... Хроничните воспаленија можат да бидат и без позначајни симптоми. Цистата може да биде хируршки отстранета, но често пак се прават, т.е рецидивират. Останатата дијагноза кажува дека се во ред останатите синуси и горните дишни патишта.
    Функцијата на имунолошкиот систем квантитативно гледано се гледа преку бројот на бели крвни клетки во крвта. Квалитативно се прегледува на институтот за Имунологија на државна клиника. Секој дефицит на имунолошкиот систем е вроден и се карактеризира со тешка симптоматологија уште од раѓање или во детството. ( немаш ваков дефицит 100% ). Единствена стекната инмудефициенција е сидата.
    Имунитетот на здрав човек без горенаведените состојби е променлива, зависи од стресни ситуации, инфекции. И да побараш да правиш квалитативно испитување на Имунологија нема да ти дадат бидејќи како што кажав таму се испитуваат вродени тешки дефицити. Ако мислиш дека ти е намален од нешто имунитетот земи си некои од препаратите за појачување на имунитетот од аптека.
    Проф. д-р Оровчанец не знаев дека е во Ремедика, иначе плус и професор по ОРЛ на државна клиника. Одличен професор и доктор, знае што работи дефинитивно.
     
  6. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    ТИ БЛАГОДАРАМ НАЈМНОГУ!!!
    Е сега уште нешто ме болат ушите,дали може да се од инфекцијата од синусот или???Најчесто ме болат на одмор кога сум од водата или ако почесто слушам музика...Дали да одам да ги проверам и каде???
    И каква е таа воздушна циста???И тој метод за отстранување???Зошто медицински баш не разбирам :doh:
    ТИ БЛАГОДАРАМ МНОГУ!!!!!!!!!!!! :hai: :hai: :hai:
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ушите, носот, грлото и сите синуси се поврзани едни со други со каналчиња. Затоа и спаѓаат сите кај ист доктот Ото-уво, рино-нос, ларингс-грло = Оториноларингологија. Значи ако си кај Оровчанец ке му го кажиш и тоа дека имаш проблем со ушите па да го земи и тоа во предвид. Иначе пнеумоцистата е цистичка полна со воздух. Како што кажав сите овие се поврзани и делуваат едно на друго, и лесно се шират инфекциите низ нив. Освен инфекции, многу често виновни се и алергиските реакции за ваква симптоматологија. Најверојатно ќе се направи микробиолошко испитување, ќе се земат брисеви ( можно и до сега да имаш направено ) па ако нема ништо во брисот, следуваат алергиски тестови. Ако е микроорганизам, бактерија во прашање се даваат антибиотици, па ќе се проба така да се реши ситуацијата. Ако е алергиски предизвикано, се делува на алергенот или тоа што ти предизвикува алергија.
    Значи мора прво да се открие предизвикувачот, и директно да се делува на него. Циста се отстранува хируршки, се влегува во синусот и се вади. Во твојот случај, цистата го затвара синусот, затоа е запушен, затнат. Треба да ја видам снимката, за точно да ти кажам дали мора да се вади цистата или не, но според напишаното дека опструкцијата е комплетна значи целосно затнување, најверојатно ќе ти биде предложено да се отстрани. Сепак со ова затнување е нарушена основната физиологија на сите синуси, не комуницираат меѓу себе. Не е страшна постапката, рутинска е, така да ако ти е предложена немој да се двоумиш.
     
  8. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    АХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХХ ФАЛА ТИ ЕПТЕН НЕ ЗНАМ КАКО ДА ТИ СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ !!! ФАЛА ФАЛА ФАЛА
    И уште ова да те прашам дали ова е итно,да не ми се случи нешто многу ми е страв :| :| :|
    Зошто од откривањето помина околу месец ипол другата недела имам прегледи во четврток и петок и викендот ке одлучам што ќе правам... :?: Дали е хитно???Дали може да пукне или некоја друга компликација според дијагнозава???
    БЛАГОДАРАМ МНОГУ ШТО МИ ПОМОГНА ЗОШТО МНОГУ МИСЛАМ НА ОВА НЕКАКО МИ Е СТРАВ :sweat:
    МИ ОЛЕСНИ!!!
    БЛАГОДАРАМ
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Хитно не е, ама што побрзо си завршиш тоа подобро за тебе. :)
     
  10. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    ЗНАЧИ МОЖАМ ДА ПОЧЕКАМ ДО ЧЕТВРТОК!!!Обично не паничам ама ова ми дојде многу сериозно па да знам дали празнициве ќе ги поминам со помирна глава,зошто ми страв да не има можност да пукне или да се искомплицира.Инаку викендов што помина бев во Куманово и се исипав па на општ лекар ми дадоа пудра и Авил сируп па некако ми се смирува почнаа да се сушат нема шанси да се поврзани.А ми земаа брис од уста и нос и нема уропатогени (незнам како се викаа :$ )
    Уште еднаш ти благодарам за се ПРЕМНОГУ МИ ПОМОГНА!!!
     
  11. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Девијкии користев бетадин вагиналета и сега малку прокрварев нормално ли е тоа ве молам одговорете ми...
     
  12. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Сигурна ли си дека ти е крв? :^) Овие вагиналети обично знаат да дадат кафено-црвен исцедок заради јодот, меѓутоа крв нема теоретска шанса...Има многу појаки вагиналети од Бетадин-от па не предизвикале крварење... :^)
     
  13. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Па мислам т.е 99% сум сигурна и имам болки кај јајникот се надевам дека не е ништо страчно и колку што знам бетадин се на природна база..?
     
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ти да не си добила менструација? :^) Од вагиналетите нема шанси да ти е...
     
  15. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Не не а и рано ми е за менструација малку прокрварев и престана имам голема болка кај јајникот и матката да не имало некаква реакција од вагиналетите тоа се плашам
     
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Не, не... :) Можно е да ти е настинка некоја или ако ти е период на овулација, можно е кога прснал фоликулот и се ослободила јајце-клетката да си прокрварела (мене минатото лето ми се случи така и имав страшни болки во долниот дел на стомакот)...А преиспитај се да не си дигала нешто тешко... Инаку, не знам на која основа јодот би предизвикал крварење и болки :^) Прочитај го упатството на лекот за секој случај и види за можни контраиндикации...
     
  17. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Aха ок фала ти а што велиш да продолжам со вагиналетите?
     
  18. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    А да одиш на гинеколог да те прегледа? Нашиве мислења се само претпоставки, не си играј со сопственото здравје!
     
  19. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ако болките и крварењето продолжат ќе мораш да одиш на гинеколог, за со вагинална сонда да те прегледа...Инаку Бетадин-от и за време на менструален циклус можат да се користат, ама во овој случај е поинаку - не се знае точно од што ти е крварењето...Стави си нешто топло на стомакот вечерва и напиј се чај од нане ако имаш со повеќе мед внатре...Па види до утре како ќе бидеш...
     
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Дечки не се смејте, не знам колку е ова проблем, ама мене ме мачи....
    Деновиве многу сонувам, се некои глупости... обично такви соништа имам 2 - 3 дена пред да добијам, неповрзани, глупи... Сега сум далеку од добивање
    Еве веќе неколку дена многу ме мачат... Дали е од стрес, дали е од што по цел ден мислам на нешто и ме притиска некој немир... не знам, ама сањам цел репертоар во кино кога и да легнам