Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    На левата рака веќе три месеци ми се има појавено како израсточе(мртво ковче) не ми смета воопшто но осеќам болка при допир .. како би можело да се излекува и дали воопшто се лекува?
     
  2. fear

    fear Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2013
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    19
    Се извинувам,неможев да го цитирам мојот предходниот пост..дали сето тоа може и да е зато што влезе во менопауза? Неможам да спијам навечер многу ми е страв да не недај боже се случи нешто :( секој ден по милион пати ја прашувам дали е добро..ве молам одговорете ми некој :/
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Немој да паничиш, најверојатно мајка ти е малку анксиозна, штом влегла во менопауза, дефинитивно би требало да е до тоа, и тоа да има влијание на неа, на нејзината психа, пошто големи хормонални промени се тоа пред се.
    Секоја жена има различнии симптоми да речеме кога влегува во менопауза, па и со самото тоа најверојатно е и анксиозна, т.е мисли дека ја боцка срцето, а не ја боцка, се е на психичка база.
    Ти препорачувам да одите чисто рутински на преглед, прави и друштво, и биди позитивна околу неа, и не и земај се здраво за готово, ако стане понервозна и има ако има чести промени во расположение.
    За жал, менопаузата е уште една работа од која ние жените си страдаме, ама и тоа минува, не трае вечно.
    Значи, преглед кај матичниот, или гинекологот за да се смирите и двете, и само смирено и со трпение, сигурно не е ништо, туку се е психички.
     
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    Здраво. Bо четвртокот си добив менструација, но еве само по два дена јас немам ни капка. Некако ме загрижи ова, бидејки стално си добивам на датата точно и ми трае по 6-7 дена. Од што може да е ова ? Фала ви :)
     
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.672
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Не сакам да те плашам , ама да си провериш да не е случајно бременост е во прашање ?
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Последните 3-4 месеци пред да ми дојде ми испаѓаат брумчиња на муцката, односно на вилицата. Можно ли е да се работи за некое хормонско пореметување? Знам сестра ми испитуваше хормони, преку зимање крв. Е сега ако дојде до тоа оф мори мајко. Последните 2-3 пати кога ми земаа крв, се онесвестив. И претходно ми беше страв, но сега ... Секое наредно идење се тешам дека ќе бидам силна, дека нема да ми е страв, но се е џабе. Пред две недели бев со сестра ми, таа испитуваше крвна група и не ни влегов со неа чекав во ходникот. Од самата помисла дека и зимаат крв, почна да ми се лоши, да ми се темне пред очите, едвај излегов надвор да седнам. Ме фаќа паника за понатаму. Кога и да е ќе треба пак да направам крвна слика, а не знам како ќе отидам. Го има ли некој друг овој проблем и да ми каже како да се справам со ова :(
     
  7. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Купи од аптека Zinci(Zn+O2)-Цинков оксид паста против брумчиња,без рецепта е и нанесувај секој ден по 2,3 пати дневно на брумчињата со прст пред огледалото и не се замарај ако некој те праша што ти е тоа,бидејќи таа паста како креч е,таа со тек на време сама се впива во брумчињата и веќе утредента ќе има видливи резултати!Исто прашај и на кожен лекар и на гинеколог за што се работо,секоја кожа и секој организам се различни!И јас го имам редовно овој проблем и пастата Zinci многу ми помага,па мислам дека и на тебе ќе ти помогне! :)
     
  8. sheis

    sheis Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    244
    Пол:
    Женски
    закажав ехо преглед за дојки но сум во ПМС. дали тоа има врска? ќе се види добро на ехото ако има нешто? :/
     
  9. Shayk

    Shayk Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    На сестра ми пред некоја недела и излегоа мозолчиња по грбот и нозете, не ја чешаат, туку само така понекогаш ги осеќа дека ја пецкаат.
    Беше на лекар, и рекол дека е габична инфекција ( а не ја ни прегледал, господинот заклучил од око), демек од намален имунитет, а нема врска дека и е намален, здрава е скроз, и препишал крема Mycoril, и капсули Diflukonazol, ама нема никакво подобрување, па да ве прашам дали некоја имала сличен проблем, да ми каже, ако сакате тука, или во лична порака слободно..позз
     
  10. strawberry-cake

    strawberry-cake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2014
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    14
    Денес попладне одедаш ми се слоши и цел ден бев омалаксана. После ненајдејно ми се појавија малечки црвени точки по целото лице (до сега никогаш не ми се има тоа случено), ама и плус јас сум алергична на сите треви и полени,а денес излегов и надвор. Што да правам? Дали треба да одам на лекар?
     
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Веќе подолго време ненадејно добивам тахикардии и тремор. Срцето наеднаш ќе почне да ми лупа и да ме стега без да можам да наведам соодветна причина, а и ми се тресе цело тело. Еднаш кога ми се случи отидов на лекар ми измерија притисок 140/90. Ми рекоа дека можеби ќе треба ехо на срце. (имам 15 ипол год) Претпоставка за причината?
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.110
    Пол:
    Женски
    Мислам дека треба да одиш на лекар.
    Иако мислам дека се работи за епилепсија, но можеби и грешам.
    Оди на ехо,секако.
     
  13. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се работи за срцева слабост,а причина може да е стрес поради физички или психички напор или како последица на некоја голема психичка траума!Оди на лекар,ехо се разбира дека треба да направиш и тој ќе ти препише и соодветна терапија!
     
  14. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Ако си алергична на полени,тогаш не си ни требала да излегуваш таму каде што има цвеќиња за сега да немаш проблеми!Оди на специјалист кожен лекар дерматолог,а претходно земи упат за дерматолог од твојот матичен лекар!
     
  15. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    940
    Пол:
    Женски
    Сестра ти треба да се обрати на кожен лекар дерматолог штом пропишаните лекарства од нејзиниот матичен лекар не и помагаат!Не треба да чека повеќе затоа што најверојатно е алергична на нешто,па треба да прави испитувања на кожата за да се утврди на што точно е алергична и за да дерматологот и препише соодветна терапија!И претходно нека земе упат од матичниот лекар за специјалистот дерматолог!
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.747
    Допаѓања:
    162.713
    Ајде може ќе најдам некој сличен случај, затоа што сум така малку исплашена.
    Имено, на мајка ми и се укочија буквално двата палци свртени кон внатрешноста на дланките. На дежурен ја вратија со изговор - притисокот и е ок, добра е жената, не знаеме што е, утре одете на клиника...
    Ама не ни е сеедно. Се јавивме по доктори сите се збунети.

    Не знам ни како да го гуглам ова, ни како да и помогнеме, веќе почнува да ја боли. Масажа помага,попушта,ама после тоа повторно се враќаат во истата позиција и не може да ги мрдне не ги ни чувствува под контрола, освен болката...

    Ако е само грч,ок, ние го поврзуваме и малку пострашно...
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Лилит мене пред некоја година ми се случуваше истото но само на десната рака, ми траеше подолго време ама не обрнував внимание мислејќи дека се обични грчеви, не само палецот туку и другите прсти малку ми се раштракуваа секој на своја страна. Што се случи, ми прекина после одреден период околу месец дека ама кај мене не беше грч што трае цел ден или саат туку негде 5минути плус минус, после некое време почна цела десна рака и десна нога како и десниот дел од лицето да ми се укочува и витка, а дланката му се виткаше цела ко - леле малку глупо ќе објаснам ама немам идеја како ко оној на Скери Муви со раката што беше, ќе ти текне .... Се тоа ми се случуваше кога ќе направам некое нагло движење на пример нагло станам од стол, кревет. Првиот пат ми се случи во автобус и мислев дека ќе умрам. Испаничена ми се случи неколку пати во текот на денот бев по лекари и чувството си продолжуваше ми ги направија сите можни испитување на глава (освен магнетна резонанса - подобро ќе умрам одколку да пикнам во тоа чудо) и неможеа да најдат ништо ова продолжуваше со недели, и на некој „генијалец„ му текна да ме испрати да ми земат брисеви, ми земаа од секое можно место кај што може да се земат и испадна дека долго време сум имала стрептокока во носот која што ми го нападнала нервниот систем, магично ми исчезна сето ова одкако се напив една таблета од антибиотиците што ми ги препишаа, искрено не верувам дека ми беше од бактеријата, ваљда ќе и требаше повеќе време да се излечи.
    Зборот ми е најпрво испитување што треба да се направи се брисевите па после да се малтретира со други работи. Ја прашав сега и мајка ми која е медицинско лице смета дека ако нема други симптоми се работи за грч и недостаток на витманини, конкретно магнезиум, ама буни тоа што викаш дека цело време е така, а не попушта, нека се напие и дијазепам да се опушти може ќе попушти грчот.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Здраво феминки
    Веќе подолго време имам проблем со потребата од уринирање.Навечер после уринирање, нема поминато 5 мин. јас веќе повторно ја имам таа потреба.Чувствувам како мочниот меур ми е преполн а вслушност испуштам неколку капки. Инаку немам никакво пецкање.
    Дали се работи за некаква инфекција или? Секоја вечер ми е така...Човек неможе да заспие,два часа се мачи со тоа.
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.747
    Допаѓања:
    162.713
    Мимс фала на одговорот.
    Сега само левата и е така, десниот палец го исправи како-така, ама не може да го мрда.

    Ќе го запамтам ова за стрептококава и обавезно утре нешто ќе се прави.
    Језиво е и за гледање...разбирам што сакаш да кажеш...
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Веројатно ти е воспалена бешиката. И јас така мака мачев 2-3 дена и ме гледаше докторката на ехо и испадна дека бешиката ми е. Ми препиша антибиотици (нз како беа), чај од брусница и обавезно увин чај. Знам дека увиниот чај е малце лош за пиење, но верувај помага. Доколку сакаш пробај ден два пиј увин чај, па ако не се поправи ситуацијата посети лекар. Позз