Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ништо страшно.. веројатно денот ти е исполнет со многу активности па тоа темпо на мозочно работење се рефлектира и ноќе.
     
  2. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Зошто од сабајле (од ко сум станата) ми солзат очиве, а згора на тоа и ми се отечени? Алергија е или..? Капки за очи ќе помогнат?
    Можда глупо звучи прашањево, ама стварно не можам вака цел ден ко расплакана да се шеткарам, а згора на тоа, можеби нешто не е во ред со очиве мои... :^) Во последниве месеци, ова ми се случува се' почесто, а јас стварно не знам што ми е. Ако може некој да ми помогне, благодарам.
     
  3. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Најверојатно е некоја алергија, но најдобро е да посетиш лекар ако ти се случува подолг период како што велиш
     
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Може да е алергија, ама ако немаш и други симптоми може да биде и коњуктивитис. Алергијата предизвикува чешање на очите, во носот, па дури и на грлото, не само солзење. Ако е алергија можеш да си помогнеш со обични Прокулин капки за очи, ако е коњуктивитис ти требаат капки за очи со антибиотик, а тие без лекар :x
     
  5. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Девојки сакам да ве прашам, т.е купив бетадин вагиналети на своја рака пошто слушнав дека се на природна база и се за прочистување и сакам да прашам дали имаат некое штетно дејство врз организмот?
     
  6. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во секое кутивче од лекови има упатство, каде пишува кои се ефекти или контраефекти ги предизвикува истото.Најубаво таму ќе видиш. ;)
     
  7. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Сакам да прашам бремена сум 7 месец,денеска нешто ме боли стомахот,не знам како да ја опишам болката,прво на едната страна на левата како кожата да ти се оптега,па на другата и тоа само како една точка мислиш еден круг и само тоа боли,се мислам дали да одам на преглед да видам што е цел ден денеска ми е така,да не случајно се врти карлично бееше завртено пред две недели на преглед
     
  8. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Вака девојки да ве прашам,дали некој знае што значи повеќе фоликули во едниот јајник докторот ме виде на ехо и тоа ми го кажа ама ништо друго конкретно и ми рече дека од тоа ми се исипува лицето рече дека треба да се пијат апчиња ама ништо не ми кажа???И јас останав во прашалници???Ме глледаше на ехо бидејќи требаше да даде мислење и да каже дали има или нема цисти за кај кожниот лекар е сега дали треба кожниот лекар да ми даде апчиња или?Среќа нема?Ама цистите нели се прават од непукнати фоликули???
    Така да јас сум цела во прашалници ако сака некој да пише искуство да ми помогне???Ве молам девојки за да не бидам цела во прашалници инаку одам кај доктор Стамболиев он ми е матичен секој пат е прилично добро ама овој пат цела сум збунета некогаш не ни можеш да го прашаш нешто како што треба :sweat: :sweat: :sweat:
     
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Имав и јас проблем со непрснати фоликули. Перзистентен фоликул се вика - наместо да прсне за време на овулација, тој расте и расте, и предизвикува големи менструални болки, главоболка и може да се исфрли лицето.
    Кожниот лекар не би требало да ти даде апчиња, туку гинекологот. Јас пиев хормонски апчиња, го средија проблемот на некое време, па после една година пак го имав истиот проблем, претерано болни менструации од истата причина и ми даде повторно терапија.
    Не те повика повторно на преглед? Не ти даде никаква терапија? :^)
    Оди си кај твојот гинеколог. Кожниот лекар џабе ќе ти дава терапија ако проблемот е од гинеколошка природа.
    Јас кажувам лаички од поминат сличен проблем, е сега можеби не е истото кај тебе. Некој поупатен сигурно подобро ќе ти каже, а најдобро - добар искусен гинеколог. ;)
    Друг пат кога ќе одиш на лекар и нешто не ти е јасно прашај слободно, затоа е тој тука - за да ти објасни и да те упати.
     
  10. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Мене само ми се исфрла лицето :( А може да направи некој голем проблем??? Понатака да се развие во нешто друго???
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Не знам да ти кажам, пак ќе ти речам тоа е работа на гинеколог.
    Ако е таков хормонален дисбаланс како што беше кај мене, треба да примаш терапија, па после да одиш на дерматолог за да ги излечи последиците. Ако тој ти прави третмани на лицето а хормоните уште не ти се регулирани, нема да има ефект, токму поради тоа и те пуштил на гинеколог.
    Гинекологот напиша извештај? Ти даде нешто или те пушти без никакво објаснување? Појди си ти кај друг.
    Инаку не е ништо страшно не се секирај, ако е тоа - не е тешка терапијата и поминува, не преминува во ништо страшно. Јас немав проблеми со акни, но имав главоболки и тешка менструација. Пак одвреме-навреме ги имам, но не така како порано.
    А можда јас си зборувам за нешто скроз поразлично од твоето, од кај да знам :D
    Каква дијагноза ти напиша во картонот и книшката? Мора нешто да напишал.
    Важно не се секирај не е ништо сериозно затоа што ако било ќе ти кажел.
    И запамети дека од стрес се влошува состојбата :!:
     
  12. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Јас бев за сосема друга работа на кожен лекар,ми паѓаше косата и докторот бараше фокус па едно од испитувањата беше гинеколошки преглед да се види дали има цисти.Рече дека нема,јас бев во петокот и викендот овулирав рече дека сум била многу полодна бла бла бла...И вика на едниот јајник имаме повеќе фоликули ми вика ти се исфрла лицето нели,јас реков да.И вика може ќе треба нешто да пиеме и толку не ни напиша рецепта ни ништо и затоа останав во прашалници.Ќе ставам слика од наодот и ако некој може да прочита нека ми каже.
    ФАЛА Ви :sweat:
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_3440.JPG
      100_3440.JPG
      Големина на фајлот:
      156,7 KB
      Прегледи:
      306
    • 100_3445.JPG
      100_3445.JPG
      Големина на фајлот:
      126,1 KB
      Прегледи:
      305
  13. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Еве слики се надевам некој ќе ми каже нешто :(
     

    Прикачени фајлови:

    • 100_3446.JPG
      100_3446.JPG
      Големина на фајлот:
      270,5 KB
      Прегледи:
      301
    • 100_3452.JPG
      100_3452.JPG
      Големина на фајлот:
      210,8 KB
      Прегледи:
      301
  14. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Јас колку што успеав да прочитам од ултразвук наодот, што ти го дал д-р Стамболиев е дека матката има нормална морфологија, ендометриумот е симетричен, левиот овариум(јајник) со воден фоликул, а десниот овариум е со мноштво на фоликули и дадени се димензиите - 19 мм на едниот и 10 на другиот... :^) Ако си имала крвавење ќе ти дал таблети за регулирање на менструалниот циклус или пак за вооспоставување на хормонален баланс...Не знам што да ти кажам друго...Не можам се да му разберам на докторов...
     
  15. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Мене ништо не ми даде ништо не ми кажа што се тоа водени фоликули ОПАСНИ се???
     
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Мислам дека нема патолошки наод на оваа снимка... :^) Ако сакаш да си 100% сигурна, јави му се на Стамболиев...Ако немаш број јас ќе ти го дадам , ќе ти го пишам во лична порака
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Да, наодот е добар, не е ништо страшно. Водни фоликули се создаваат од естрогенот. Убаво си кажа погоре, тоа се непукнати фоликули. Не се презема ништо ако се под 30мм. Кај тебе се под 10 мм. Најчесто сами пукаат, спонтано. Ако не пукнат и нараснат над 30мм, тогаш се вадат колпоскопски, значи не со оперативен зафат. Не паничи не е страшно воопшто. Можат да се јават симптоми од типот на дисменореја ( болни циклуси). Направи хормонски испитувања, ако има некое мало пореметување, се зема хормонска терапија 4-6 месеци, ако нема пореметувања не се презема ништо.
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сакам да прашам,
    имам некој проблем со желудникот или хранопроводникот чуствувам како горење во предниот дел не е доле кај желудникот туку како да минува низ цел хранопроводник и ми се јавува непријатен вкус во устата мислам дека не мириса непријатноо но јас така го чуствувам. незнам што би го предизвикало ова не јадев многу за празниците за да мислам дека е од прејаденост или слично.

    некој брз лек? неможам да го поднесам вкусот во устата ми се гади уште повеќе
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Па не е некој здраствен проблем ама не знаев кај да се обратам сакам да прочитам совет од различни личности .

    Па вака сега косава ми е многу " посебна " :devil: :devil: :devil: за еден ден или два дена ми се мрси а кога ќе ми дојде време за фарбање т.е. по 1 месец а се има случено и по неполн месец коренот премногу да ме чеша и косата тогаш ми е мрсна премногу еве сега вчера се фарбав и воопшто не ми се мрси и не ме чеша коренот. ;)
    Значи мене ми се има случено дури и пред да дојде време за фарбање да ме чеша коренот по 3 недели еве од кога ќе се исфрабам а се фарбам со убави фарби еве последниот пат зедов Revlon........ ;)
    Дали вас ви се има случено претерано да ве чеша коренот кога ви е време за фарбање?
    Велат дека можело да добијам некои алергии од фарбата и дека треба да посетам дерматлог или кожен а јас немам алергии по телото, а често менувам фарби има ли тоа некаква врска со коренот ??????

    Може ли да се влоши состојбата ???????



    Ако сметате дека не треба овде да стои ова избришете го мислењето ;)
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Две-три недели по фарбањето, почнува да ме чеша ненормално главата. Почнува косата да ми се мрси многу и едвај издржувам, ја мијам преку еден ден.
    Не е страшна состојбата, нормално е тоа бидејќи фарбата ја суши косата и кожата (затоа кога си свежо фарбана не се толку мрси).
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.