Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    фала премногу ;)
     
  2. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Зошто ми тече крв од непцата без да бидат некако раздразнети?
    Без никаква причина ќе почне онака малку крв да тече после кратко време престанува.
    Немаат никаква посебна боја како што можам да забележам нормални ми се.
    И кога мијам заби многу ми тече и ајде ќе речам има врска ,ама ова онака :^)
     
  3. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Најверојатно непцата ти се нежни. Посети си заболекар за секој случај.
    Инаку, крварењето можеш да го намалиш со користење на Лакалут паста за заби и секако четка за заби со меки влакна.

    Инаку и кај мене се случува истото (ама кај мене е како последица на бременост).
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Тоа е еден од показателите на недостаток на Витамин Ц...Насабајле обавезно конзумирај цеден лимон, засладен со кафеав шеќер или мед и 2-3 портокали дневно обавезно..Избегнувај многу слатка и мрсна храна и зачини...Исто така редовна хигиена на забите е неопходна - четкај ги после секое јадење...И ако не ти помине, оди на стоматолог и провери да не станува збор за парадентоза...
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Последните 2-3 дена откако ми помина менструацијата, значи од понеделник наваму ме боли стомак во пределот кај папокот, т.е. од двете страни околу папокот. Но не постојано, оваа болка ми се појавува на моменти и ме боли многу за па 3-4 минути ми помине. Се случува и наутро да ме разбуди оваа болка. А во последно време ми е намален и апетитот малку, а понекогаш и кога ќе изедам нешто одам во вц и го исфрлам тоа.
    Ме загрижува оваа болката во стомакот, што ли ја предизвикало?
     
  6. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    понекогаш ме мачи главоболка
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Најпрво тука ќе се обратам за совет, не знам дали е некој проблем за кој треба да одам на очно, всушност, не знам дали воопшто е проблем. :D
    Најутро кога станувам премногу ме болат очите, не можам да ги отворам дур не се намачкам со Хлорамфеникол. Чувствувам печење и чешање во крајниот дел, го заокружив со црвено на фотографијава:

    Меѓутоа не од горниот дел, туку внатрешно, имам како топчиња на двете очи. Најверојатно жлездите ми се отечени, не знам. :worried:
    Вака некогаш ми се крвави очите, навечер обично, а кога ќе се нашминкам ми солзат.
    Два-три пати ми беа како со палента кога станав, ич не знам како се вика. :$
    Знае некој од што може да е? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • Capture.PNG
      Capture.PNG
      Големина на фајлот:
      330,3 KB
      Прегледи:
      238
  8. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Вајлд јас не знам да ти кажам,но сега не да те плашам ама додека внатрешно те боли може да биде нешто сериозно подобро оди на очно па што е сигурно сигурно е,а не вака да се плашиш. Со среќа се надевам ништо не ти е. :)
    Барби викаш дека е откако менструацијата ти поминала, значи обично само да те прашам болката е како да те гризе нешто внатрешно или? Ако е така чеситам-настината си. Ако толку страшно те боли оди на доктор може да е и некоја бактерија од храна од сладолед. :?:
     
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    ми испадна вчера афта на устата и во аптеката ми препорачаа метиленско плаво 1% и почнав да го користам и приметувам дека афтата ми е намалена.. само почна многу да ми се лоши и ненормално мн да ме боли главата... можно ли е од тоа чудо да ми е? има ли некакви негативни последици леков? :$ :?: :?:
     
  10. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Отечена ми била солзната жлезда, ми дадоа капки. :)
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Знаев дека е тоа...Туку што направи со крајниците? Подобро ли ти е?
     
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Да, се среди со прополисот. :) Прскам од спрејот во лажичка, па го голтам со шеќер, така не ми е толку гаден. Сега за сега, нема потреба од вадење. :)
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Можеш прво шеќер да ставиш во мала лажичка и одозгора 15-20 капки прополис...И така е добро...
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Минатата сабота се исеков, ми се скрши чаша и завршив на шиење со три конци на десниот показалец коре на коренот, ми препишаа антибиотик и примив тетенус. Раната прв пат ми ја преврзаа во вторникот на Пластична хирургија и ме советуваа на два дена да правам преврска додека да поминат 10 дена од првата преврска, па да ми ги вадат конците.
    Е сега дома си правам преврски (вчера во амбуланта, денес сама дома), прво ја мијам раната со хидроген 3%, после ставам стерилна газа натопена со бетадин и ја замотувам со завој (така ми кажаа сестрите )
    Ме интересира до кога раната ќе врие (кога ставам хидроген врие) и дали да ја оставам некое време не преврзана (така ми предложи една комшика на свекрва ми која бај д веј работи како мед. сестра на гастро).
    Страв ми е да не ја инфицирам раната и да не си направам поголема беља.
    Однапред фала. :)
     
  15. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Да можеш да ја поржиш отворена, ама кога мируваш, кога ќе легнуваш преврзија, не може да се инфицира кога имаш ставено хидроген, тоа е дезинфициенс... ;)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    ^^^Фала многу, а колку време ќе врие...кога конечно ќе заздрави,навистина ли треба да поминат 10-14 дена?
    Не за друго, речиси ништо не можам да работам, Боже прости ми како инвалид се осеќам...почнува и завојов да ме нервира :@
     
  17. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Е завојот ќе си го поносиш, посебо ако конците не ти се извадени, а и откако ќе ти ги извадат, како и да е ќе ти помине, плус заштитена си со антибиотици и вакцина .... :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Девојки пишав еднаш но никој не ми одговори ... да си се цитирам јас пак, може некој ќе ми каже нешто :)

    Е сега имам уште една мака, прво во пределот на вратот ми се појавија некои чудни акни, многу малечки, а кога ќе се пукнат
    (секако јас тоа насилно го правам)
    , крварат. Еве вакви се како на првава слика. Почнуваат да ми се појавуваат и низ лицето. [​IMG]
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    да не ти е некоја алергија од поленот сега во пролетта? најдобро ти е да посетиш дерматолог.
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.214
    Допаѓања:
    56.858
    Пол:
    Женски
    Госип никако , значи никако немој да ги пукаш!!! Само ќе ја влошиш состојбата.
    Под итно на дерматолог. Можно е да ти се јавила и на лицето, зашто розацеата понекогаш вклучува и такви црвени акни, па ќе си ја влошиш состојбата 50 пати ако ги пукаш.