Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. lobenickaa97

    lobenickaa97 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    38
    Неможам на генеколог имам 16 год..Мајками ќе се посомнева дека сум правела глупости..
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Типични симптоми на потиснат нерв. Физиотерапевт ќе ти помогне со масажа и вежби. Нервот може да е потиснат во вратот или под плешките макар што не те боли таму туку во лактот.
     
    На sweet-cherry му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Оди на лекар, не си играј играчки! Не дај боже да е нешто посериозно, со чекање само може полошо да направиш. Мајка ти нема што да се сомнева, може и од пореметени хормони да протече крв вон циклусот, битно оди веќе на тој гинеколог.
     
  4. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Сешто може да биде. А не ти текна на лекарот да му кажеш за крварењето? А малку крв може да се и хемороиди. Ти велам, сешто може да е, а и ништо страшно. Следи ги симптомите и ако не поминуваат јави се пак на лекар. Сама или со мајка ти.
     
  5. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Дали те чеша на исфрленото место, какви се бубулиците, мали, големи, исполнети со течност итн? Се сомневам дека имаш шуга, затоа би те советувала да побараш и второ мислење од дерматолог. Од шампонот сигурно нема да фатиш, но можеш да ја оштетиш кожата и да си направеш белези.
     
  6. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Пред месец дена на почетокот од ушниот канал ми се појави како брумче кое продолжување со оток навнатре во увото. Ајде си мислев ќе помине, но брумчето се зголеми и отокот скоро ми го затвори увото. Бев на лекар, но за жал докторот за уво,нос и грло не е баш со сите. Еден ни е во градот, и мора кај него. Ми даде цефалексин и капки мислам дека беа неодексацин и ми рече после една недела на контрола. После една недела кога отидов на контрола, господинот беше службено отсутен и си почекав јас еден месец. Брумчето си остана, а отокот варираше. И вчера конечно отидов и господинот прво зема една газа, ја натопи со нешто и ми ја бодна во увотот, толку без осет, што мислиш свиња лекува. Си мрмори во себе, инаку тој не кажува дијагноза, него само ти препишува апчиња и толку. Зборовите треба со клешти да му ги влечеш и пак нема да ти каже што ти е. Откако го прашав што ќе биде со брумчето и зошто не поминува, зема ножички и се обиде да го пресече, што нормално не дозволив. Ми даде пак антибиотик и капки и во понеделник треба пак да одам. Ми е страв веќе да стапнам таму, а не знам што да правам. Некој совет ќе ве молам. :worried:
     
  7. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    124
    Добро би било доколку можеш да извадиш упут за во друг град и да се провериш таму.
    п.с дали бромчето е со гној полно или пак изгледа како кожен израсток?
     
  8. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    На почетокот имаше гној, но истече и фати коричка и потоа не се повлече туку си остана така како чирче. Сега моментално нема гној. Баш сега се пипнав со прстот (жива се јадам што не можам со мои очи да го видам |( ) брумчето е намалено, ама тоа отокот како црвче што е се уште е таму и си продолжува накај внатрешноста на увото. А за во друг град да одам, со ова закажувањето не знам кога ќе ми закажат, ама во понеделник ќе одам кај матичниот па ќе видеме.
     
  9. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    ^ Според описот ми личи на чирче што не е страшно, освен што е непријатно и боли. Докторот дефинитивно не е токму во главата и барај си упат за друг специјалист, од напишаното како лудакот сакал да го пресече со ножички ми се крена косата на глава, доктор Менгеле работава :swear:
     
    На Lovely93 и butterfly4 им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    92.229
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со чувар куќа? Ќе си скинеш едно ливче, ќе го излупиш и ќе со стиснеш кај чирчето, да капне од него течност.
    Ако немаш чувар куќа, ќе си купиш околу 60 денари е.
    Прилично е добро растениево за се и сешто.
     
  11. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    И тоа заборавив да напоменам дека ме боли кога ќе се фатам на тоа место. Кога и кажав на мајка ми што сакаше да ми направи, се фати за глава жената. Мене ме загрижува тоа што цел месец ми е веќе, некогаш ќе се намали, ама некои денови е повеќе издувано. И тоа што ми се манифестира со оток во увото. А инаку ниту ме чеша увото внатре, ниту имам секрет некој чуден. Во понеделник обавезно одам кај матичниот да ми даде упат за на друго место. :*
     
  12. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Имаме дома, и да знаеш ќе пробам со тоа. Се оставив вака, пошто нели ајде доктор е, сепак ќе ми даде соодветна терапија и ќе ми каже што ми е. Јас уствари не си ја знам ни дијагнозата. Сепак фала на советите. :*
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Ако станува збор за чирче (а според описот најверојатно е тоа), антибиотична крема ќе ти заврши работа, евентуално може и ќе треба и дополнително да пиеш антибиотици. Знам дека некој луѓе ставаат и црна крема за да побрзо се извлече гнојот ама ова не би ти го прапорачала да го направиш на своја рака, сепак станува збор за уво.
     
    На butterfly4 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    ^ ме стави во мисла, дали е чир, зошто еден месец да трае - некако не ми штима. Чирот собира гној неколку дена и после тоа пука, односно доколку имаш чир, повеќе од две недели не би требало да трае. Е сеа, твоево може да е поголемо, плус на позезнато место е. Користи црна маст, многу помага кога станува збор за гноеви..помага побрзо да собере местото гној и да пукне што поскоро.
     
  15. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Пијам амоксиклав антибиотици, инаку и други ми рекоа да ставам од црната крема ама некако ми е страв, пошто може да ми влезе во увото. Ми рекоа и маст од невен или кокосово масло да ставам. И двете ги имам дома, па утре ќе пробам прво со кокосовото масло. Имам дома гарамицин маст, нели и тој е антибиотски, не знам дали да побам со него.
     
  16. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Инаку грешка сум забележала прегеска, случајно го чепнав со ноктот и почна да тече како водичка помешана со крв и така парченца мали гној низ течноста. Собрав колку можев со палома, сестра ми проба да го стисне неколку пати, но само водичка испаѓаше. Инаку и првиот пат кога пиев антибиотици ми загонио и истече гној (цела палома ја натопив), но не ми помина. Се извинувам можеби ви се здаги од мојто детално објаснување за гнојот :(
     
  17. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Биди внимателна , не го чепкај и стискај оти гнојот можеда навлезе во увото.Обавезно да одиш кај друг лекар специјалист да ти го усчисти увото надворешно чирчето и да ти го исперат внатрешно.
    Секако треба дијагноза и соодветни лекарства.
    Би те охрабрила да бидеш упорна и да бараш лекар во друг град и тоа уште во понеделник.
     
  18. Nezamenliva

    Nezamenliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    110
    Чир е мила, остави го само нека почне да тече, не чепкај зошто можеш да го инфицираш местото или недај боже да го пренесеш на друго место.
     
  19. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Вчера му капнав од чуваркуќата и гледам денеска е поспланато. Ќе одам утре да ми закаже матичниот кај некој друг доктор, се надевам дека и тој нема да сака да ме сече :D Ви благодарам на советите :*
     
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Од која причина може да ми излегуваат модрици по нозе и раце?

    Не сум се удрила никаде, 100% сум сигурна. Ова ми се случува веќе неколку месеци. Не е нешто премногу често ама од време на време знае да ми излезе големка, видлива, темна модрица или на нога или на рака, почесто на нозе. И секогаш се чудам од каде се најде. Не сум некоја несмасна, за таква модрица треба ептен да се лупнеш негде и тешко дека нема да се сеќаваш. И ајде еднаш, два пати да не осетиш ама секогаш да не осеќам, а модрици да ми излегуваат, не може. Се' останато ми е супер. Одлично се чувствувам. Пред пет, шест месеци проверував крв и ми кажаа дека крвта ми е и подобра од одлично. Не знам што се случува.

    Како и да е, утре одам кај матичната и ќе инсистирам да ми провери крв. Сепак сакав да слушнам од вас мислење, може некој се сретнал со ова.