Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.064
    Допаѓања:
    328.422
    Пол:
    Женски
    На што укажува присуството на ацетон во урина? Во систина ми рекоа на дехитратација на организмот.На нет пишува на шекерна болест.Имате ли вие искуства?
     
  2. Eleni.S

    Eleni.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Да ве известам дека добро поминав кај докторот, овој пат не се обиде да ме сече :D Ме прегледа и рече дека се смалил отокот и дека се повлекло брумчето, ама ако пак се појавило е тогаш ќе требало да се сече :D Си мислам јас во себе, ако се појави пак, сигурно кај тебе ќе дојдам :D Инаку секој ден ставам од чуваркуќата во увото, односно на брумчето и искрено мислам дека од тоа ми помина. Сеуште има малце оток, а кај брумчето се познава само коричка што има фатено. Се надевам дека ќе ми помине. Од утре планирам да почнам и кокосово масло да му ставам и се надевам дека скрос ќе се повлече. Ви благодарам на советите уште еднаш :*
     
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Од премногу пиење на јаки антибиотици, аналгини и вентори за јаки болки. И мене така ми излегуваа, ама тоа дека имав расипани заби за вадење и пиев многу антибиотици за намалување на забоболката. Од кога ги извадив, не ми искочи ниту една модринка.
     
  4. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Воопшто не пијам лекови, дури ич. Ги одбегнувам колку што можам. Фала му на Бога не сум ни имала потреба за лек. Ретко се разболувам, дали еднаш во годината. Единствено што може да се напијам било каков лек е кога имам менструација. Првиот дека имам големи болки и ако имам обврски морам да се напијам некое апче за болка. Ми се случило тоа апче да е вентор, валда од еден вентор месечно не ми се случува ова. :?:

    Бев на лекар, ми кажаа дека може да се случува од недостаток на витамин Ц, намалени тромбоцити во крвта, постојано седење со свиткани нозе, слаби капилари. Крвта ја проверив повторно, подобра не може да биде, така што најверојатно е недостаток на витамин Ц. Треба уште едно детално испитување на крвта да направам, па ќе видам што ќе кажат резултатите. :)
     
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    http://zdravstvo.gov.mk/wp-content/uplo ... drinki.pdf

    Нека не те плаши чисто прочитај, ама нешто со тробоцитите ќе да е.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  6. do-re-mi

    do-re-mi Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    16.016
    Јоy, мислам дека најдобро со матичен да си направиш муабет, но колку што ме држи сеќавање од биохемија,ацетонот (кетон), е краен метаболички продукт на масните киселини, што значи телото како погон за енергија користи масти наместо јагленохидрати и неговото присуство во урина може да биде поврзано со неколку фактори: небалансирана исхрана - високопротеинска диета, за сметка на јагленохидратите (пр. Аткинсовата), изгладнување (нередовно хранење) или постење, дијабетес тип1 и некои други состојби, како на пр:бременост или лактација.

    Не сум мед. лице и не поставувам дијагноза, но мене ми личи дека (ако за себе прашуваш), повеќе е поврзано со тоа што си тазе мамичка, отколку со дијабет. Сепак, побарај ја точната причина во разговор со твојот лекар.
     
  7. olence86

    olence86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    287
    Допаѓања:
    91
    Феминки,
    Незнам каде да го поставам прашањево па си реков ајде тука.
    Имам проблеми со бемки, па би сакала да ми препорачате некој добар дерматовенолог, искусен, да си закажам контрола. Сакам неколку да отсранам, ама прво да ги проверам.
    Тука процитав дека некоја од нас ласерски ги вадела, па ако може да ми пише лп подетално....
    поздрав
     
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.230
    Допаѓања:
    13.241
    Пол:
    Женски

    Истово ми се случи пред неколку години. Бев на лекар под итно. Потоа се исплаши лекарката, па бев во болница 7 дена. Секој ден ми ја прегледуваа крвта, и правеа секакви испипувања, за на крај да излезе дека всушност сум имала недостаток од витамин Ц. Пиев некакви апчи две недели, потоа исчезнаа.
    Ништо страшно, не паничи. :)
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ana.n18

    ana.n18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    56
    Здраво, мајка ми има проблем со болки во ногата веќе подолг период. Болката е во стапалото и петата и се појавува и оток. Ногата е снимана и нема никаков проблем со коските, не е ниту шината или превиткана па да е од тоа. Во последно време имаше поголема физичка активност и болката станува се поголема кога е заморена. Дали е некаков вид на реума или до што друго би можело да биде? Дали може некако да се излечи или да се намали таа болка? Како може да се открие од што е, нешто да се снима на лекар или? Некои денови не може воопшто да згазне на ногата, срце ми се кине а незнам како да и помогнам :(
     
  10. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Имам болка под пазувот. Како тврдо топче кое многу ме боли, кога ја движам раката не ме боли, но кога ќе го допрам местото Да!
    Многу сум испашена и незнам што би можело да биде..
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    ana.n18, итно нека побара да ја проверат за тромбоза, мене симптомите многу ми личат на тоа. Ако е навистина тромбоза во прашање, ќе пие апчиња и ќе мора да направи промена во исхраната.

    marijaz, најверојатно станува збор за жлезда. Оди на лекар, стручно лице ќе ти каже има ли потреба од лекови или само од себе ќе помине.
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.840
    Допаѓања:
    101.403
    Пол:
    Женски
    Ова може да се случи и од употреба на антиперспират.Исфрли го извесно време од употреба ако се повлече од него е.
     
  13. sonce555

    sonce555 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    мое мислење е дека не можи да е од антип. туку од брич депилација и такви раб. цимерката моја се депилираше и потоа исто и се направи топче, па се повлече ама вториот пат кога и се направи и правеа операција, најдобро да одиш и да видиш што ке ти рече доктор ;)
     
  14. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    1.382
    Мене такво топче ми се има појавено кое потоа испадна дена е чирче.Ставав листови од алое вера и на крај помина за неколку дена,ама дека местото е незгодно ептен ме нервираше :D Постои веројатност дека може е и тоа, сепак најубаво оди на лекар ќе ти кажат тие најдобро:)
     
  15. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Би сакала нешто да ве прашам:) јад сум склона на синки..Малку посилно да ме чепнеш или штионеш одма ми излегува синка..Е сега има недела две каКо имам болки од деснава страна околу градата..искрено не можи да се наречит ни болка ам од страв:)...Значи не е болка голема туку многу мала повеке како мало боцкање него како болка..и од што мие влезен страв нон стоп се проверувам и сабајлево видов една ђноогу мала синка ??? Можит нешто да е или само псохички да до замислувам?
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    И мене на триста анализи ме препратија, рацеве решето ми ги направија. Крвта на што не ја испитаа. Среќа сите резултати ми излегоа одлични и се дојде до заклучок дека имам недостаток на витамин Ц. :)

    Ама сепак убаво е да се провери и да не се остава на случајности, зашто можело модриците да се како резултат на многу сериозни проблеми во телото.
     
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    45.676
    Пол:
    Женски
    Дали те има каснато некој глодар, како хрчак, морско прасе, зајак или сл?
    Ако да можно е да е од алергија на некоја бактерија која ја има во неговиот организам.Јас пред едно 7-8 год имав иста случка, прво мислеа дека е жлезда, па чирче, па уште што не, на крај да ми отече огромно топче под пазувот и кај лактот, се метлеав по болници 2 месеци и примив еден куп терапии.Може не е од тоа, ама превентивно те прашаувам ако те каснало може да е.
     
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Едно глупаво прашање,значи вака вчера примав вакцина за Тетанус што е онаа на 18 години. Е сега можда малку ми е глупаво прашањево а рекацијава најверојатно е нормална,раката каде што ме боцнаа ме боли и ми здрвена. Прашањево ми е дали смеам на местово каде што сум боцната да се мачкам со крема за тело и со сапун ? (оти знам порано,кога примавме на 14 години вакцини несмеевме да ставаме вода дирекно на вакцнината,па сега овој пат докторките ништо не кажаа,затоа прашувам) :$ :D
     
  19. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Вака, ми се појави ко топче (валјда некоја жлезда ) позади на ногата(горе) над местото каде што се витка. Забележав дека ме боле, но мислев дека од што имам лошо спиено. После забележав дека имам топче а по неколку дена целото ми помодре и имам голема модринка а во средината ноиз модринката многу темна линија (темно лилјакова воја). Бев на лекар ми преписа една маст Хепатромбин и ми рече да се мачкам со таа, па за една недела пак да идам на преглед. Знаете што би можело да е, има место за паника? :|
     
  20. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    1.271
    Пол:
    Женски
    Вака, ми се појави ко топче (валјда некоја жлезда ) позади на ногата(горе) над местото каде што се витка. Забележав дека ме боле, но мислев дека од што имам лошо спиено. После забележав дека имам топче а по неколку дена целото ми помодре и имам голема модринка а во средината ноиз модринката многу темна линија (темно лилјакова воја). Бев на лекар ми преписа една маст Хепатромбин и ми рече да се мачкам со таа, па за една недела пак да идам на преглед. Знаете што би можело да е, има место за паника? :|