Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. bigfish

    bigfish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    107
    Допаѓања:
    27
    od iskustvo vaka za afti zemete glicerin- anestezin vo aptekive go ima ama ke go barate samo pod toa ime okolu 45 den i eptem e efikasno se koristi i za mali deca. na malovo i izleze edna afta amaka macese , nemozese ni ja dade, pa metilensko plavo , pa eden kup gluposti kako vino , kafe , a ne smeevme od tie preparatite na baza na propolis radi alergija i eptem e efikasno.
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Подароче извини сега го гледам постот. Истото останува, имаш пнеумоциста која прави опструкција. Можиш да почекаш не е нешто итно, само работата е што си повеќе подложна на инфекции и таа циста сама по себе претставува погодно место за развивање на инфекциите, а и го нарушува нормалниот проток на слуз измеѓу синусните празнини. Колку побрзо ја отстраниш, толку подобро за тебе. Можеш да почекаш до јуни, ама може да ти прави проблеми главоболки, затнат нос, константни настинки, а тие од акутни можат да преминат во хронични и да се оштети слузницата. Колку побрзо тоа подобро за тебе, ќе превенираш многу ситуации на кои се повеќе подложна од останатата популација.
     
  3. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Еве, јас пак да си прашам :$, со надеж за одговор....

     
  4. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    FBI прво двете страни на нашето лице и тело не се тотално симетрични, но убавото е тоа што само ние само можиме да си ги уочиме тие разлики. Сепак ако си го немала тоа порано, со наочарите ќе се среди. Тоа не е константна "деформација" туку мусулите на окото се приспособуваат на потребите, а како што знаеш тие мускули не работат по твоја волја. Ако се намали оптеретувањето т.е што викаш ти фокусирањето тогаш и мускулите ќе ја променат положбата.
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Настината сум, класични симптоми, кашлица, затнат нос, кивање.
    Ама многу ме пецка односно боли во ушите, ко да ме притиска нешто одвнатре, се чуствувам ко 3 цигли да ми легнале та натежнале на челото, и имам повремено бодливи болки на главата во пределот под ушите.
    Немам температура, не се чуствувам малаксано, значи немам класични симптоми на грип.

    Што е тоа? Да не знае некоја? :worried:
    (прашав ко мислиш гатанка е, ама стварно ме интересира) Обично за најобична настинка избегнувам да одам на лекар, но сега не знам сепак да не треба да одам :(

    И да, секако, некој совет за брзо воскреснување да не знаете? Ќе пијам и толчен лук во млеко, што и да е, само нека помогне експресно.

    Однапред благодарна :)
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Мој совет ти е право на лекар, не си играј со ушите. Една другарка закачи таква гадна инфекција, што дури и ушната коска и била воспалена. :x

    А за една ,,бабина деветина,, :lol: завиткај си едно лукче во памукче и во увцето. Предупредувам дека после ќе осеќаш арома на лук околу тебе. :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Фала Дузи, да, знам дека нема играчки со ушите, - еве до утре ако не ми помине пецкањето ќе одам. Финтата е што не чуствувам интензивна болка туку ете - чат пат, ама не е пријатна.
    Јас сепак мислам дека е тоа од затнувањето, нели се е поврзано.
    И фала за советот, го знам ова, знам дека помага, но не смее да се претера со лукот пошто колку што помага толку и треба да се дозира и полека.
     
  8. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Болката и пецкањето во ушите е поради тоа што ти е затнат носот. Мене секогаш тоа ми се случува кога сум настината, кога голтам како да ми крцка нешто во увото. Кога ке ти се пушти носот, ке осетиш сама подобрување.
    Ипак оди на лекар, зошто уво кога боли, фака наеднаш и е преголема болка, Не дај Боже да дојде до тоа.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    како се лечат модрици?
    имам една голема многу ме боли особено кога се движам, малку ми прави и проблем, премачкувам со ракија, малку ублажува, но боли и е премногу црна.
     
  10. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Ке си купиш маст Хепатромбин ,и ќе се мачкаш 2-3 пати на ден,може и маст Ласонил.Инаку за модриците потребно е време за да поминат.
    Болката во ушите може и да биде резултат на отечена мембрана во увото,која може да биде и алергиска манифестација,доколку си склона на алергии.Антихистамиик,како летизен,Лоратидин,Авил,може да помогнат во ублажување на симптомите на алергија.
    Исто така и капки,комбинација од антибиотик и кортикостероид,пр.Дексаметазон-Неомицин,може да се користат.
    Но сепак,најдобро е да се отиде на лекар.
     
    На interesna и Phyramide им се допаѓа ова.
  11. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Пирамидче никако кортико и никако антибиотик сега за сега, според ова што го кажуваш ова е вирусна инфекција на горни дишни патишта, најверојатно и сува ти е кашлицата. Болката во ушите е од тоа што е затната естахиевата туба (го поврзува грлото со средно уво) од отокот кој го предизвикала инфекцијата. Кортико никако поради тоа што го супримира имунитетот, а тебе баш сега ти треба појачан имунитет за да се се избори организмот со вирусот а и да не се накачи дополнителна бактериска инфекција што често се надоврзува на првична вирусна. Антибиотик џабе ќе земаш не делува на вируси.
    Терапија: многу течности, аналгетици, витамини. Супа, топли напитоци (не жешки), аспирин со ц витамин е многу добар, фервекс, упсарин ( имаат и антипиретичко дејство овие, ама не е на одмет) и многу витамин ц гледај околу 1500мг денот ( 3 ц витаминчиња од 500мг ). Не го напрегај организмот, ако ти се лежи полежи си, ако се осеќаш споспособна работи си. Стрес помалку, одмарање и ќе бидеш како нова.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Да, алергична сум на полен :worried:
    Веќе користам правилно анти-алерго апчиња. Мед и лимон мои најверни пријателчиња.
    Дури 1000мг витамин Ц? Не е штетно толку многу? Секое сабајле земам 250мг плус овошје нели.
    Да, сува кашлица и како што кажав силно затнат нос кој постепено пушта.

    Фала ви девојки ептен многу за советите! Ми помогнавте :*
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Кога бев мала често ги имав и се сеќавам како ми ги лечеше баба ми. Ке исецкаше ситно кромид, го ставаше на марамче и ми ја превржуваше ногата, силно ќе стегне. Знаммммм, многу лошо мириса ама ефектот е неверојатен.
     
    На interesna и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Витамин Ц витамин кој се раствара во вода, што значи ако организмот почуствува дека има отповеќе што неможе да го искористи го излачува со урината, не се депонира во организмот. Има токсична доза ама е многу голема скоро 12 грама на килограм тежина, значи ако сакаш да се предозираш со ц витамин ти треба огромно количество (пр. ако си 50кг x 12г = 600грама).
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Јас пак имам 4итано во една книга дека треба компир жив да нарендаш и да постое некои време, така поминувале модриците...
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.177
    Допаѓања:
    156.622
    Од истите маки на Пирамид патам добар дел од животот.Алергија проследна со инфекции и настинки,до тој степен ушите да ми се воспалуваат и болат.
    Нејсе,мислев во медот е спасот.Еден добар доктор ми рече,алергични на полен,не смеат да јадат мед и било што со мед во пролет,само зимно време.Им ја влошува состојбата,а ретко кој доктор го знае тоа или па го знае,ама не обрнува внимание и не напоменува.
    Да чукнам во дрво,имал право,не куртулив од алергијата,ама со помал интензитет е и не се оболев до тој степен ко секоја година.А не до лани,секое сабајле лажицата мед од сабајле,жглаб до грло.
    А за уши,само отол капки,за еден ден санира болка,за неколку дена инфекција.
     
  17. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    И кај мене е исто,само што мислам дека оваа година со најсилен интензитет ми е оваа алергија од периодов.До толку што буквално некогаш неможам да ја тргнам раката од очите,што толку многу ме чешаат,исто и носот,а за кивање да не зборам.Грлото ме боли постојано,и докторката ми рече само топли напитоци и витамини а мед рече дека не е препорачливо за оние кои имаат алергија од овој период.Се ми е насобрано,и едвај чекам да помине уште мај барем.
     
  18. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    со Хепатромбин,маст или гел.Без рецепт се продава во аптеките
     
  19. aneogi

    aneogi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    здраво,да ве прасам несто,од сабајле ми се појави црвенило пом телото многу ме цеса се мацкав со ракија не ме цеса толку ама црвенилото не ми поминува и поцна да се расирува имав само околу половината а сега и по нозете,ве молам да ми иазете васе мисленје.....поззззз
     
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Најверојатно се работи за алергија.Можеби си јадела нешто ново,или пак може од прашак за перење ако си сменила,од сапуни,од неиспрана нова облека.
    Истуширај без никакво средство за туширање,само со топла вода,и види дали ќе се подсмири.Ако не утре право на лекар,ќе ти препишат нешто против алергија,некој антихистаминик.