Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.165
    Допаѓања:
    175.315
    Пол:
    Женски
    Можеби меѓу вас има стоматолози или некои кои се разбираат па имам едно прашање ... Јас во поќе наврати си признавам дека имам страв од забар и кога и да одам значи под стрес сум, плачам, се нервирам и сакам да поминам побрзо за се шо имам расипано, а имам баѓи оти одам ретко од шо ми е страв.
    Прашање ми беше локалната анестезија од прилика колку време трај и дали е можно на пример денес еден ден со една локална анестезија да ми поправи една половина од долната вилица на пример, четвртина од цела уста? Пример во тој еден дел јас ќе имам еден убо расипан заб и два-три со по една точка .. дали то било како е можно или само си барам изговор да си го сузбијам стравот?
     
  2. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    @Annath јави се на рапорт за прашањево.:)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Локалната анестезија трае од 15-20 до 45мин., зависно од тоа каде се аплицира. За долна вилица обично се користи спроводна анестезија, се анестезира мандибуларниот нерв и притоа е обезболена цела регија од едната страна. Значи, една четвртина како што пиша, конкретно еден квадрант. Да, можно е да ти поправи повеќе заби (ако се работи за поситни поправки) со една анестезија во долна вилица, затоа што може да траедо 45 мин., а во горна за секој заб ти треба посебно боцкање, и плус трае до 30 мин. најмногу. Не е пожелно пречесто боцкање (неколку дена со ред по повеќе пати, може да се сензибилизира организмот, и да дојде до појава на алергија спрема анестезијата, иако претходно немало.)
    Стравот мора да го надминеш. Пред одење на забар напиј се Магнезан, или некое средство за смирување на природна база. Не е толку страшно колку што изгледа ;)
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.588
    Допаѓања:
    5.934
    сабајле во 3 станав од што ми се повраќаше,слаба е веројатноста за бременост.. сега ми е тешко на желудник, не можам да јадам мислам ќе повратам.. Помош?
    (испитувањата за желудник како се прават)
     
  5. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Многу често сум присутна на темава,ама што да правам,стално нешто ме мачи(или потајно сум хипохондрик).
    Имам ненормални болки на долниот десен дел на грбот.Притоа болките во моменти ми се движат и надолу до коленото.
    Болката е остра понекогаш,понекогаш тапа,ама ја има.Ова започна пред еден месец,пиев Аналгин 2 дена,видов не помага,па прекинав.
    Прво мислев дека ми е од кревање тежина,бидејќи неретко знае да ме боли грбот,ама во ваква форма никогаш.
    Кога не видов подобрување,отидов претходната недела кај матичниот кој само ми рече да одмарам и ми ги препорача вообичаените лекови за болки и Волтарен.
    И пак исто.
    И според чико Гугл,нешто да е со бубрезите,пијам Увин чај веќе цела недела,пак ме боли,дури и овие два дена ми се зголеми болката.
    И сега се прашувам,кај да одам,што да проверувам?
    Ама мора некое чаре да има,бидејќи не можам да функционирам нормално,ни да се наведнам,ни да газам на десната нога без да извикувам.
    Секој совет и искуство е добредојдено.
     
  6. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    Бубрезите да си ги провериш, побарај упат од матична за ехо, ќе ти го прегледа цел тој дел и ќе види.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.157
    Пол:
    Женски
    Вујко ми ми е на гости и има огромна отворена рана на раката, се повредил пред недела дена. Се мачкал со нешто ама не знае што, а јас по препорача на аптекар му го чистам местото со хидроген и спрејот Бивацин.
    Вчера фати како кора раната ама денес цел ден тече течност во розеникава боја, мене ми личи на гној со крв помешано, поретко е.
    Прашањето ми е, тој кога ќе си отиде знам дека нема да отиде на лекар, дали е нормално да тече течност или да земам нешто друго за мачкање, ставање, шприцање, сеедно.
     
  8. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @marama Pa neka odi sega na doktor dodeka e tuka ... imase eden sprej so fakase odma kora i mnogu bel e neznam kako se vika pobaraj vo aptekite okolku 250 den . i 50 ml. kako sto se sekavam :)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.864
    Допаѓања:
    202.996
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално да тече, дека тоа е лимфа. Ама не сум баш сигурна. Продолжи да ја чистиш раната со хидроген и ставај Бивацин, ќе заздрави побрзо.

    Мене на ишијалгија ми личи. Да не си згазнала лошо, или пак ноќе во спиење да не ти се изместило нешто? Инаку, обично така се манифестира ишијасот, јаки болки во половината и во ногата надолу со тешко газење.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    @Annath Иронијата е што и јас го мислев истото,а мајка ми ме направи луда :D
    Мокрачата ми е добра,вчера си ја проверив,така да тоа останува да е проблемот.
    Лечење нема,сега само клукање со аналгетици.
     
  11. Lina Stojanoska

    Lina Stojanoska Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2015
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Женски
    Забележувам дека во последно време кога и да станам од креветот наутро , попладне скроз ми се стемнува пред очите и неколку секунди неможам да се стабилизирам . Дали некој има искуство со ова и некој лек нешто?
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    Ништо не е тоа,наеднаш ти паѓа притисокот бидејќи најверојатно нагло стануваш.Може да се деси и ако си наведната и нагло се исправиш.
    Лек:станувај побавно,без многу нагли движења.
     
  13. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    прет 4дена керкичката примаше вакцина на 6 полни години во рече евр веќе 4дена ја боли и многу е црвено и птечено рачето , докторката ни препиша ибупрофен но како да нрма дејство досега не сме имале ваква отока и болка од вакцина како да и помогнам да го смаломе о5окот и болката ви благодарам
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Болката ќе се намали од ибобруфен а на рака ставај и ладна облока и тоа е тоа.
     
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.525
    Допаѓања:
    288.827
    Мајка ми денес правела темелна крвна анализа и покажало многу малку леукоцити.
    Дали е некој запознаен дали е возможно преку витамини или хомеопатски да влијае врз резултатот и со кои?
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Дали имаш проблеми со кичмата?Мене така ме боли,значи долниот дел од грбот,па целата нога до глуждот долу.Само Нимер ми помага.А најдобро да си направиш рентгенска снимка па кај ортопед.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.869
    Пол:
    Женски
    @lunicka Смирено ми е периодов дека не движам многу и сум во седечка положба , а кога ќе си отидам дома секако ќе се снимам и прегледам.Инаку таа е болката,десната нога некогаш толку се укочува што не можам да ја соберам.
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Лаички кажано најверојатно некој нерв ти се приклештува.Сепак посети си лекар и барај упат за ортопед,
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Vikiliks

    Vikiliks Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    32
    Послесждниве два дена имам проблем со дишењето.. Тамам ке ми дојдит дремка там ам ке подзаспијам и се будам со чувство како да заборавам да дишам..Бев деновиве под стрес да,пушам и многу се исплашив.понекогаш и кога дишам не можам данвдишам до крај.. Што мислите вие можно е да е од нен аспаност и стрес или??
     
  20. QueenM97

    QueenM97 Нов член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Веќе подолго време имам проблем со нормално земање воздух.. Како да имам потреба од длабоко вдишување а нешто ме пресекува на пола. Сум била и на лекар, демек од стресот,секојдневни ситуации,ова она.. Ама истото се случува и кога не се нервирам за ништо.. И од време на време срцето знае нерамномерно да ми чука, како да подрипнува па самото се стабилизира(ова не толку често). Па ако имал некој ваква слична ситуација,нека кажува чаре:)