Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Анатх чекај ЛП од мене :)
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    сакам да прашам ми се појави нешто како брунче на градата,оноа како плускавец на ногата ептен малечко па ме загрижи дали од триење на елечето пошто у сабота правев свадба,па денеска го приметив,дали имал некој слично вакво искуство јас сум ептен голем паничар :$
     
  3. ANELIJA

    ANELIJA Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    154
    Утрово кога станав нешто многу ме болеше под пазувите,се пипнав со рака и ми беше малку подувано и многу ме болеше.Сега ме боли ама не толку еве пројдоа веќе 3 часа се намали болката
    Што ли е тоа,јас мислам да не е некоја жлезда....
    Имал ли некој проблем како мојот или ако знаете што би можело да биде пишете ми :| :| :|
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.221
    Допаѓања:
    157.075
    Пред три дена на баба ми и потекла дланката и раката до лактот,левата,денес и поминало и потекла десната.Не сака на лекар да оди,ми оди да земам еден стап,се крие од моите.Сега дур да дојдат,дај кажете ми шо да и правам,сега ми се појави пред очи.Ја прашувам те боли,вика не,само ми жеже,и дадов ациди борици да става облоги ,се мислам да и дадам хеморал форте,ама не знам која е причината за потекувањето и не се осудувам на таков чекор.Велам реума да не е,потоа си викам бубрезите да не се причина,ама најчесто ножните зглобови потекуваат од бубрези,на ниеден памет не сум,па ми оди вака ко што ме начека у небрано да ја напикам у кола со сила и да ја носам на дежурен.Луѓе ова е оток а ла гигантизам.Прстенот ја прецвикува дополнително ме плаши,ќе фатам ќе и го исечам.

    Стар човек ако не те извади од памет,нема кој друг.
     
  5. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Апчиња немој да и даваш никако...Ациди-борици е добро, помага, но моментално само, инаку не е баш оптимално решение...Од реума нема шанси да и е, а и од бубрези мислам дека раце не може да отекуваат...Таков оток се јавува од артритис најчесто(на зглобовите), али не мора да значи...Однесете ја на лекар во понеделник да и земат крв и урина, нека направи едно ЕКГ и притисокот нека го провери како за почеток...Мора да се открие причината, па после да се постави дијагноза и да се даде терапија соосдветно...Викендов нека пие многу течности и нека избегнува солено да јаде...
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Девојки да ве прашам нека каже некој ефикасен лек за болење на уво,никако да ми помине.Докторот ме прегледа рече дека ништо не ми е,ама денес слушав музика почна да ме боли и еве веќе 5 саати не престанува.Уфффффффффффффф кажувајте чаре.Нешто друго освен капки,ми е страв да ставам ако не ми се препишани од доктор,тогаш докторот ми рече може да те боли од промена на клима итн итн... :@
     
  7. L-a-d-y-Bug

    L-a-d-y-Bug Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    55
    Мене кога ме боли уво наместо капки ставам кантарионово масло во увото и ми поминува
     
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Пробај со водород ходроксид(3%) - ќе ти ги прочисти каналите...А ако ти е инфекција, тогаш можеш Цитерал капки да си земеш...
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Можеш да земеш капки OTOL-H тие се за болка и не ти треба да ти ги препише лекар и не се плаши неможеш со нив никако да си наштетиш.
    Друг ефикасен лек е капнување на неколку капки исцедени од алое вера (значи ние дома си го чуваме во саксија на тераса и во мојот крај некои го викаат и ушатка или чивар куќа, ама незнам како подетално да ти го објаснам од причина што има многу видови на алое вера). Еве слика:
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      7,4 KB
      Прегледи:
      265
  10. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    можеби си стоела на промаја и слично па затоа те боли. Ставај нешто топло на увото,некое крпче стопли го и држи го на увото ќе ти помине.мене тоа ми има помогнато поз до тебе и пробај :)
     
  11. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Леле јас само прашувам тука ама сега морам,увото ми помина со капки и сега е добро фала богу не ме боли.Вчера го депилирав дечко ни на раце и на внатрешната страна на лактотот му се појави нешто како внатрешно крварење нешто како кога ќе ти пукне капилар ама поголемо,вика дека не му се шири па сега сум во паника да не му се случи нешто имал ли некој вакво искуство,дали е опасно ;( Навистина ми страв а на друго место нема само таму,може зошто таму му е најнежна кожата :^) Кажете ми нешто девојки ??? Фала ви
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.724
    Пол:
    Женски
    Тоа му е од депилацијата - многу често се случува да пукаат капилари. Ќе му помине за некој ден, и не, не е опасно ;)
     
  13. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    На темава обично давав јас совети до сега, колку можам :$ , ама овој пат мене ми треба совет од вас, поточно мислење ваше...Ми земаа брис за пап тест пред 3-4 недели и дури сега стигнале резултатите...Се јавив во ординацијата да ми кажат какви се...И сестрата ми вика - аа супер е све, нема ништо , ниту ХПВ, ниту ЦИН, ништо, апсолутно(дури ни Кандида немам) и ми вика после - дојди да ти земеме уште еден брис за да направиш типизација за ХПВ, бидејќи е напишано дека има мали клеточни промени, кои водат до вирусна инфекција...Е сега како тоа немам ништо, све е ок, а треба пак брис да ми земаат? :^) Стварно не ми е јасно, а плус и малтретирање ми е сега пак да одам на гинеколог, па од тука брисот во МАНУ да го носам, па губење од работно време, па трошкови итн... |(
     
    На dora5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ова цвеќенце го имам и јас и исто така лекува и брадавици. Пред неколку год. на татко ми му се појавија и само ова го спаси. КОга ќе се скине ливчето истекува течност и со неа се премачкува.
     
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Ако може некој да ми даде повеке информации за артрозата?
    Знам само дека е заболување, згрчување на зглобот..но како се добива?? Знам дека е можно и да е наследно, но освен тоа...
     
  16. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Веќе неколку, скоро 2 месеци имам проблем со грлото. Лошото е што не еболка, туку имам многу чудно непријатно чувство при голтањето, некогаш во текот не денот исто и поради ова ме фаќа паника, и нервоза и тоа не сум јас. Бев на оториноларинголок, ме прегледа колку што можеше со едно стапче и ми рече според мене немашништо освен што ждрелото ми е малку црвено, тоа го знам, нонстоп ми е црвено и грлото, газирано се немам напиено цела година, алкохол престанав да пијам, престанав да пушам цигари веќе 1 година, од се се откажав тоа грдо и непријатно цувство на суво голтање нонстоп е тука. Некогаш е помирно некогаш е толку лошо што станувам од кревет буквално скокам, зашто се нешто мислам дека и јазкот ке си го голтнам!!! Незнам веќе што да правам, што мислете од што е? Многу доктори ми велат на нервна база е, секој има ваков период во животот, ке помине, ми препишаа хелекс и дијазапам, хелексот искрено не мислам дека ми помага, а дијазапамот малку да, особено навешер кога сакам да заспијам пијам дијазапам и после еден час заспивам. Не можам веќе, нонстоп плачам, и сум негативна, не сум јас буквално! Помогнете ако можете, зашто ова цувство е ненормално непријатно! Мајка ми дури пак сака да ме носи на преглед, со некое цевче преку нос што се пикало, за да се снима грлото и да се види што точно се има, ама имам многу страв од такви работи едвај давам брис да ми земат...ПОМОШ!!
     
  17. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Имам опстипација (запек) неколку дена, стомакот ми е подуен. Ако знае некој нека ми предложи некои таблети, чај или било што за брзо прочистување
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.129
    Пол:
    Женски
    Новолакс , многу се добри на Крка се околу 50 денари :) најдобро е да се пијат навечер и за 8 до 12 часа настанува прочистување на цревата.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    можеш да пробаш и со чај бекулис се пие навечер пред спиење,сабајле кога ќе станеш ќе бидеш како нова :) пробано :)
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не знам дали е соодветно местово за прашањево, ама ќе го поставам, нека пукне душманот. :wasntme:

    Вчера правев алергенски тест на фарба за коса Keune. Прв пат ќе ја користам, па да проверам дали може да има несакани реперкусии. Од нанесувањето на мал дел на подлактицата, па за време на делувањето од 45 минути постојано имав црвенило на местото. Откако се измив, црвенилото траеше уште 2 часа. Потоа полека исчезнуваше. Го снема целосно и еве денес немам никаква трага.

    Прашањето ми е, дали сметате дека ова е знак на неподносливост помеѓу мене и фарбата? :angel: