1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Еднаш напипав и јас грутче во градата, бев на преглед кај еден доктор и ми рече дека ми е масно ткиво но не било такво. Бев кај Крцковски и тој ми кажа дека било проширен канал и дека нема место за паника, секоја втора девојка имало такво и да знаете ако одите на преглед ви го препорачувам Крцковски, доктор на место е. Исто така баба ми сега на стари години си приметила нешто слично и беше на операција, лично тој ја оперира и жената си е здрава како дрен. Патем никој ли не знаеше да ми ја дефинира мојата болест :sweat:
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Миомот е бенигна творба, не е опасен. Сепак во случај на бременост, мора да се консултира со лекар, зависи од положбата и големината, можно е да смета во растот на плодот и да доведе до компликации.
     
    На lily-prune му/ѝ се допаѓа ова.
  3. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    не сум алергична на ништо...
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    По тоа што го опиша, мене на некаква алергиска реакција ме асоцира. Ако не се повлече отокот, оди на лекар утре, да го видат каков е, па соодветно да те упатат.
     
  5. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Чим имаш ситни брунчиња мислам дека е херпес, а и си имала до сега. :!: Херпесот е вирус и се враќа со пад на имунитетот :)
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Мислиш на некакви инфекции и слично? :?: :?:[/quote]

    Мислев на било каква инфекција т.е првен ми падна на памет да не е нешто што би било ризично по животот :(
     
  7. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Ризично по живот не може. Има шанси циста да ти се направи, ако си склона кон нив :worried: А за инфекции може и кога немаш добиено, праша за постојан партнер, така да претпоставувам дека имаш секс со него и кога немаш добиено. А и + ваљда не планираш да имаш секс без кондом дур имаш добиено :^)
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    ме интересира да прашам затоа што барав тема ама не најдов дали некој има искуство со лечење на брадавички што се појавуваат на раце? ја со години мака си мачам со нив не знам што се не пробав ништо не успева и само си се разочарувам.
    ми имаат кажано дека требало да се покачи имунитетот а јас се давам во овојше и зеленчук немам идеја како да си го покачам имунитетот
    имате некој совет или искуство
     
  9. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Ако си сигурна дека се брадавици тогаш може да се изгорат, на дерматолог и не е ни скапо ни комплицирано. Јас имав една и татко ми ми рече креда да сум и ставела и фластер одозгора, ама ми помина :) , така да не знам дали ќе делува ;)
     
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    да бев на дерматолог и ми ги гореа сите ѕвезди ги пребројав тогаш само за пак да се појават
    е баш ќе пробам со креда ако успее те частам кафе вака веќе не иде од што губам надеж почнав и имиња да им ставам ако се дружиме веќе бар да бидат идентифицирани
     
  11. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Oф леле ти мака мачиш со нив :worried: Ај да се надеваме дека ќе ти помине. Ако не ќе го прашам татко ми има еден раствор од аптека се купува со него можеш и сама да си ги гориш :)
     
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Тајгерлејди сега најдов дома една книга Природна козметика, во неа има неколку рецепти:
    1. Намокрете газа со пивска пена и со неа превијте ги брадавиците. Треба да се повторува секој ден додека не исчезнат.
    2. Земете што покрупен чешен лук и во него издлабете дупка во големина на брадавицата. Ставете го тоа на брадавицата и приврзете со завој. По 8 до 10 часа брадавицата ќе отпадне и ќе остане во лукот. ПОтоа добро измијте го местото на кое била брадавицата.
    3. Намокрете ги брадавиците со свеж сок од кромид и лук неколку пати на ден, по 2-3 дена ќе отпаднат.
    4. Земете 30гр салицилна киселина и измешајте со 30 гр сода бикарбона. СО овој мелем мачкајте ги брадавиците повеќе пати на ден и тие ќе исчезнат во рок од 1-2 дена.
    5. Секоја вечер брадавицата замотајте ја во завој претходно намокрен во јаболков оцет или во кој стои чешне лук.
    Пишува дека ниедна метода за нивно отстранување не е гаранција дека нема повторно да се појават :worried: . Исто така е потребна редовна нега на кожата со редовно мачкање со заштитна крема како и избегнување на диети, особено протеински, бидејќи ги ослабнуваат функциите на кожата.
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    фала многу за природниве совети сега трк по лукчиња па ќе бркам вампири од домче
     
  14. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    Однапред се извинувам ако одлучите дека ова моево напишано не спага во темава!
    Инаку , мојот проблем за кој сакам да побарав ваши мислења е проблем со килажата...значи мн мн сум слаба , сега откако почнав на факултет уште толку ослабев и никако неможам да се здебелам , не е до апетитот апетит имам , јадам и се тоа него нишо не се фака на мене ...незнам со што да пробам нешто за здебелување ...ако има некоја од вас со ваков проблем и можно решение ве молам нека ми пише :)
    ви благодарам однапред :)
     
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Еве ти соодветна тема, овде можеш да видиш многу методи за поправање и искуства на одредени феминки. :*

    Како да се поправам?
     
  16. bubuu

    bubuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    ти благодарам штрумфета уште еднаш се извинувам за моево напишано овде што сум ја утнала темава :)
     
  17. ocajna93

    ocajna93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Ќе ве молам за совет..денес осеќам голема болка кај десната страна од стомакот..тоа започна ноќескакога едно време се разбудив од сон со страшна болка..е сега се сомневам дека е слепото црево..немам други никакви симптоми карактеристични за тоа (гадење, повраќање, грч на десната нога) но болката е доволно силна за да ме исплаши :sweat: и да напоменам болката се појавува наизменично, не трае мнон стоп ама ме плаши.. :sweat: некој може да ми помогне? :worried:
     
  18. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Болка од десната страна не мора да биде слепо црево,може да е воспаление на бубрегот.Јас многу страдав од бубрези и на секое мое жалење на лекар мислеа дека е слепо црево.Затоа јас би ти препорачала веднаш на лекар, затоа што тие кога ќе те стиснат на стомакот знаат од што е болката, според тврдината и интензитетот на болката притоа.Друго би можело да е некој проблем со јајникот, ако е болката ниско.За да не нагаѓаме, не трпи оди на лекар :!:
     
  19. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Брат ми кутриот многу имаше и сам си се излечи...ни го кажаа леков, ама ни изгледаше без врска, зашто што све не пробавме веќе, па не обрнавме внимание , а тој се криел и сам си се излечи :o
    Ќе земеш креда, од оние школските и ќе ја истолчиш убаво, и ќе додадеш малку водичка во неа, да се направи ни ретка ни густа смеса....брдавичките ќе ги избоцкаш на неколку места до дезинфицирана игла и ќе ги премачкаш со кредата....ќе оставиш да делува по 20 минутки така....повторувај го ова некои 2 недели....кредата ги гори...
    Се надевам дека ќе имаш резултат како кај брат ми....му се исчистија и никогаш повеќе не му се појавија, а му беа цели раце со брдавички.....
    И ќе чекам за месец да пишеш тука ;) поздрав
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Очајна можно е да се работи за овулација. Колку време помина од последната менструација?
    Прочитај ја статијава на фемина: http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%98%D0%B0

    Јас редовно за време на овулацијата чувствувам тапа болка и повремена остра болка, и сакам да прашам нешто.

    Секогаш овулацијата ми е пропратена со слабо вагинално крварење кое трае 3-4 дена. Гинекологот ми кажа дека тоа е нормално, но на статијава на фемина пишува:
    Дали може да биде симптом на нешто сериозно?
     
    На ocajna93 му/ѝ се допаѓа ова.