Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    http://www.yoga.org.mk/magazine/default.asp?sRb=31&tId=152 Eве ти линк од една страница во која пишува како се добива, кои фактори влијаат и што може да помогне за да се излечи. Се надевам ќе ти биде од корист (не сакав да пишувам реферати бидејќи има многу за тоа) :)
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Мислам дека Дијазепам и Хелекс треба да престанеш да пиеш и да побараш совет и од друг оториноларинголог. Можеби е од носот, синусите па се слева надолу накај грлото и предизвикува инфекција. Пиј 2-3 дена прополис или лижи Трахисан или Септолете
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Сакам да прашам дали некоја од вас имала проблеми со кожата, на местата позади колената и на рацете позади лактите.. односно на сестра ми и се појавуваат како лишаи што многу ја чешаат и се прави рана, и тоа се појавуваат се на тие емста што се преклопуваат, на вратот, препоните....
    Правеше алерготестови, испадна дека е алергична на тие микробите што живеат во перница и душек, веќе неколку месеци има дормеа антиалергик што е... пак проблемот е ист.
    Сакам и да ми препорачате некоја добра приватна дерматолошка ординација.
    Се мачакаше со 100 масти и глупости, ништо не помогна.
     
  4. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    јас мислам ДА и не би ти препорачала да се фарбаш со неа,да не си направиш некоја беља со косата и кожата на главата :!:
     
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Една фармацевтка ми кажуваше за германиум 123 (ГЕ123). Пријател нејзин ги пиел и псоријазата му се повлекла. Сега ова кај сестра ти сигурно не е псоријаза, ама ако ГЕ помага за псоријаза, тогаш помага за било која кожна болест.
    Распрашајте се...
     
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Се исфарбав. :angel:
    Никакви промени не почувстував, ниту она стандардно пецкање, особено изразено кај плавите фарби. Се помина во најдобар ред. :)
    Благодарам сепак. :*
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073

    На неа и дијагностицираа атопја, незнам што е ова псоријаза, фала за одговорот :)
     
  8. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Пред неколку дена дечко ми си начепка мала грутка, топче на задниот дел на вратот. Не е видлива за око, но се чувствува на допир. Исто така, од предната страна, под гркланот меѓу двете коски има нешто цврсто, грутче е, ама не е оформено како топче, туку некоја чудна форма има. Исто и ова не е видливо на око. Ама ми кажа дека тоа од напред го има многу одамна, не се сеќава точно кога го осетил првпат, ама имало поминато неклку години, 4-5 мислам дека рече.
    Не знам дали се поврзани овие двете грутки, дали се од исто? Некако структурата им е ептен различна, грутката од напред е далеку поцврста, некако како срасната, дури како рскавец делува на допир.
    А и да не се од исто, дали знае некој од што може да му е таа од задната страна, новата грутка?
     
  9. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    И двете се наоѓаат на места каде изобилува со лимфни јазли. Сепак за тоа напред ако е толку цврсто не иди во обзир да се работи за лимфен јазол. Мој совет крвна слика една прво, да се види и седиментација и леукоцити, лимфоцити. Инаку лимфните најчесто се зголемуваат при инфекции. Сепак за вакви израсточиња, отоци не треба да се оставаат и треба да се испитаат. Нека оди на лекар, прво крвна слика, може и ренген за тоа на напред бидејќи викаш дека е цврсто, па потоа од резултатите може да се каже дали треба понатамошни испитувања или не.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.534
    Допаѓања:
    201.644
    Пол:
    Женски

    Земете Mustela Stelatopia - ќе и' помогне, ако и' дијагностицирале атопија на сестра ти. Барем помага кај бебиња со дијагноза атопичен дерматитис. Мислам дека има и купка и крем, малку се поскапи, ама вредат за парите.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Да, атопија или дерматитис. Нека избегува да јаде јајца, млеко, грав, риба и луто. Најмногу и веднаш помагаат овие масчиња што се на кортико база (ама штетни се), а зависи до кој степен е и дали ќе помогне Мустела Стелатопиа или некој др препарат од Авене или Еуцерин. Ако си од Скопје или Битола би ти препорачала еден мевлем што со сигурност би ти помогнал а и не е скап. ЛП
     
  12. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Неможам да издржам веќе... две ноќи неможам да заспијам :worried: една година веќе ми е затнат носот само одсабајле се отпушта но преку денот пак ми се затнува.И навечер кога ќе легнам постојано внатрешно ждригам и неможам да го „регулирам“ дишењето и згора на тоа страв ми е да заспијам за да не ми се собере јазикот.Мислам дека не е баш нормално ова :sweat:
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Па постои лекар да му се сневиди,што чекаш не ми е јасно :?:
     
  14. anste

    anste Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    127
    Бев на матичен,ми вика ништо не е тоа за секој случај оди на синуси.Одам на синуси ми викат немаш синуси.Одам на алерго тест сум била здрава како дрен -.-
    Затоа и тука го поставив...и некој друг да не му случува истото ..или некој го поминал овој период..па да ми каже некој совет :/
     
  15. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    ^ Баба ми имаше ваков проблем, само што на неа со месеци постојано и беа затнати. Дури и операција правеше. Ја испративме во Дојран некое време и се опорави. Оди на море летово, може ќе ти помогне.
     
    На anste му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    ме болат градите како пред менструација.. а ми заврши уште пред 7 дена.. некој совет.. :(
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Има ли шанси да си бремена, затоа што тоа е еден од првите симптоми на бременост. Или можеби си настината. :?:
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски

    бремена,не верувам.. не сум имала сексуален однос..
    незнам =/
     
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тогаш веројатно си настината. А може и ништо да не е... Се случува понекогаш градите да болат без причина, или пак сеуште ти растат. :)
     
  20. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски

    дај боже да е од тоа.. :sweat: