Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738

    Стави си го топломерот до тебе одма кога ќе легнуваш, и утре прво нешто кога ќе се разбудиш, мери температура ама орално, во уста топломерот. Пред тоа никаква активност, значи се будиш само ја пушташ раката и мериш температура. Ако е над 37,4 степени тогаш си во ПМС пак и пак ќе добиеш. Се случува некогаш да има 2 овулации во месецот. Ако не ти е покачена температурата тогаш се работи за обична масталгија, не е опасно :)
     
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    никогаш не ми се случило 2 пари во месецот да добијаам .. :sweat: :sweat:
     
  3. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Хахаха абе не се поти без причина и едното и другото не се ни опасни, ни невообичаени. :) Не паничи, не е за паника работата.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Епа вака, после 60-минутно пешачење во обувки кои се покажаа крајно малерозни, на стапалото од ногата имам чувство како да си се набодел трн!
    А затворени се обувките, не знам како влегол, ама чувството е тоа и не можам да стапнувам, ужасно боли и ме излудува!!! :devil:
    Некое чаре, ќе помине ли само од себе, вака надворешно нема промени, нема црвенило, оток, само на одреденото место на петата ужасно боли кога притискам. :(
     
  5. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Само ладно, мраз во шамивче некое или ладен туш. Не верувам да е трнче ќе имаше надворшни промени, сепак ако е самиот организам ќе си го исфрли. Поверојатно е жуљ да ти се прави, пак истото ладно, и не ги носи тие чевли некое време.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    zdravo na site vaka dva meseci sum pod stres depresija i se na gusata mi stoe kako topka i kako nesto da me dave a i grbot mnogu me bole dali e mozno toa da e od stresss i od depresijata a i koga ke siu legnam navecer vo glavata mi krca nesto kako gluvci da imam vnatre ve molam posovetuvajte me sto da pravam bev na psihijatar mi prepisaa antidepresivi ama mi se jaki nemozam da gi piam i me strav da ne umram pisite ve molam
     
  7. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Што ти препишаа? Ако не ти одговараат има замена, ќе ти препишат нешто друго. А и добри се разговорите со психијатар, многу помагаат, гледај да одиш некое време. И да се јавуваат соматки симптоми од депресија, болки, стегање, срцебиење... :)
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    [​IMG]
    Знам дека знаете-ова е стапало, не било какво туку човечко. Е сега што ме мачи мене... Тоа што е означено Pad of foot мене ми е како расцепкано. Не е како петите што пукаат, туку така ко да ми е гребено по нив. И почна ептен многу да ме боли, едвај газам на едната нога. Инаку, до сега не сум имала проблем со стапалата.
    И плус ми се појави под зглобот како лиша нешто, ниту се чисти, туку само гребе кога ќе го допреш и многу е грубо и рапаво. Се обидов со различни креми ова да го решам, ама нема лек. Некој бабин лек можеби ???
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Готово, на раб на хистерично лудило сум !!!
    :@ :@ :@

    Не можам да одам, не можам ни да згазнам на петата, му држев мраз саат време скоро, се стопи, се здрви ногава, исто е, ако не и бетер.
    Ми викаат - ти влегол трн, ниту можам да го видам, ниту да го најдам, нема апсолутно ништо, нема црвенило, нема оток, НЕМА!!!

    ;( ;( ;(
    Почнав и да плачам...
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Хм, вака, значи трн не е, жуљ не е така?

    Дали кога ќе згазнеш на петата те боли ептен многу, мислиш на шајка нагазуваш?
    Јака и остра болка?

    Ако е таква, ми се деси мене еднаш едно лето, затоа што шетав после долго време у апостолки по охридскине камења и калдрми, и после не можев да стапнам, па куцав едно време на прсти одев :worried:
    Си отидов у соба, измив нозете со ладна вода, си легнав и ги испружив горе, и истовремено полека ја масирав петата. Малку помогна но подоцна, по долго чекорење пак се јави истата болка.

    После неколку дена на ти дај ми, самото помина.

    Е сега мене болката не ми беше константна. Ако ти е константна - правец на лекар. Друго чаре нема.
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Петтата изгледа си ја набила...Одмарај во кревет, ќе ти помине...
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Баш таква. :(
    Не знам што да правам, очигледно само одмор.
    Ги преколнувам сите научничиња кои не нашле за згодно да измислат една маст за вакви работи. :(

    Одев во нешто слично на апостолки и сега ќе си патам.
    btw - ги фрлив, не сакам да ги видам никогаш повеќе.
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Изгледа истото е :(

    Ако си одела во рамни кондури, тие римјанки, спартанки, не знам ти какви - НКИ кои се сосема рамни, плус долго време, автоматски цела рамнотежа односно тежина на телото ти иде во петата и ете од каде болката, си си ја набила.
    Барем вака јас тогаш лаички си ја објаснив мојата болка...и стварно е непријатна, не можев да згазам на пета после некое време.

    Одмарај, дигни нозете горе и ќе ти помине, дури мислам и за неколку часа, не се секирај ;)

    Наравоучение, веќе немој долго да пешачиш во вакви рамни кондури во кои чуството е како да газиш боса, особено ако си веќе навикната на повисоки чевли.
    Јас од тогаш, кога знам дека ме чека долга прошетка не ми ни текнува да шетам во ниски чевли. Бегам од нив ко од Луцифер. Едино патика или нешто што има добар ортопедски калап, во друго не се осмелувам.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ако можиш земи руска вода, знам галафарм имаат во вид на спреј, има анелгетско и локално анестетско дејство. Ке ти ја намали болката сигурно, и мирување обавезно.
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    mi prepisaa deprezol ama ne mozam sakam da probam bez apcina
     
  16. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Тоа зависи само од тебе, сама треба да се извлечеш од оваа состојба. Психотерапијата, разговор со психијатар се доста добри и немој да ги одбегнуваш. Ако си решила дека сакаш да поминеш без лекарства, прво треба сама да се убедиш дека ти го можеш тоа. Излегувај, шетај, биди опкружена со позитивни луѓе. Сите во животот понекогаш поминуваме низ таква фаза. Сепак ако не си способна само со разговор да го пребродиш ова, лекарствата не се на одмет не ги одбегнувај. Ако ти се премногу јаки, зборувај со психијатарот нека ти препише нешто полесно. Но на своја рака не прекинувај со терапија и не додавај нови таблети. Се што правиш нека биде договор помеѓу тебе и психијатарот, сепак тој е тука за да ти помогне.
     
  17. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    da da itoa e taka ama sama sakam da si p omognam ama tesko eve tri meseci se macam i samo sonista sonuvam dali e od toa
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Трендафилка, еден Бруфен напи се. Мене многу ми помогна околу болката со ногата. :)
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    А еве го советодавачот од вчера, како паднат војник се враќам во темава. :(

    Има некој стомачен вирус, кој очигледно, јас сум го закачила. Цела ноќ имам грчеви во стомакот и пролив, а од 8 до сега повраќам 2-3 пати веќе. :( Бев на лекар и ми дадоа ентерофурил и електролитен раствор, ама како ги пијам така ги повраќам. Не знам што да правам, мачно ми е да повраќам на пола саат. :(

    Знам дека е вирус и дека треба време да делуваат лековите, ама повраќањето ме утепува. Нешто, народен лек, или некои апчиња за кои не знам ?? :sweat:
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Многу течности пиј затоа што ќе се дехидрираш од повраќањето и уште полошо ќе ти биде после...Млак чај од нане, со мед внатре обавезно и лесна храна (двопек, варен компир...) и јаболки печени направи или земи свари си компот од јаболки и пиј го млак без шеќер...Мораш течности многу...За проливот земи си Пролајф - многу помагаат...
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.