Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Пред две недели се вратив од одмор и многу интересно ме изгоре сонцето :( да ја напоменам мојата грешка,значи се прскав од спрејот за сончање и таман ставив на горниот дел од телото,за нозете ми снема.И викам абе ај што е најлошото што може да ми се случи :tmi: е после има што да видам :o нозете така квалитетно ишарани,бели флеки насекаде,ко Велигденско јајце бев,а се од околу црвено.Си викам ај ке се изедначи,одма под ладен туш,ставање алое,гелови за ладење,се живо и еве сега ставам уље од Е витамин и ништо.Си се шеткам шаренка,а лето е и поима немам што да правам :( У Македонија никогаш вакво нешто ми се нема случено,ама изгледа сонцето секаде не е исто :geek: кој знае нешто,нека помага,оти јас веќе памет изгубив :doh:
     
  2. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Кога јас го закачив,банана јадев за проливот,го стега,свари си ориз,ништо зачин не ставај внатре,после испиј ја водата од оризот,воопшто не е гадна,а сварениот ориз мозеж малку да го засолиш и да го јадеш.Вода кога ке пиеш,нека биде превриена,а исто можеш и чај од паринки,ако знаеш што се,оти стварно не знам како да ги објаснам,или пак чај од лушпи од орев,тие во средината што се,што го разделуваат тоа што се јаде (ама објаснив) :lol: се надевам ке ти мине брзо :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Луѓе фала многу, ама јас денеска сум само на пола чаша електролитен раствор и две три голтки вода, и од овие повраќам . :(

    Таков бил вирусот, денеска и утре ќе ми било вака, после ќе попуштел. Е тогаш ќе почнам да јадам, дотогаш ништо.
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Ама мораш повеќе течности да пиеш, а не само 2-3 голтки...Двопек грицкај, леблебија исто е добра за пролив, бананата - чаеви пиј... :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    луѓе ве молам некој да ми одговори се работи за татко ми денес му приметив порасната бемка под долниот очен капак,пред 1-2 недели не примекав дека има нешто под окото но сеа штом приметив значи порасната е.инаку од сонце му е излезена и прашањето ми е дали може бемка создадена од сонце да порасне и да не е канцерогена,му велам да иде на доктор ама не сака да чуе,не сум многу информирана за рак на кожа би сакала некоја да ми каже дали е некаков симптом таа бемка и дали има веза што секојдневно е изложен на сонце да не влијае тоа на зголемувањето на бемката?благодарам многу
     
  6. tallyweijl

    tallyweijl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    35
    па намачкај се крем за самопотемнување таму кај со си побела или цело тело намачкај го само на потемните делови со крем помешај и така ќе ти се изедначи тенот,друго чаре не знам :?:
     
    На DESTIN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Јас имам бемки на грбот кои морам да ги покривам кога се сончам,но ги проверив и не биле нешто посебно сериозни.Е сега за овој случај навистина не знам,но дефинитивно мора да се провери.Работата е како да го натераш :?: лошо е што делот каде што се наоѓа е постојано изложен на сонце.Можеби за почеток ако носи капа со козирка напред колку толку ке заштити нешто.Ама мора да оди на доктор и да види што е.Инаку јас за мојата бемка барав на интернет.Не знам на некој начин опиши ја како изгледа,на пример мојата има бел прстен околу неа.Ги викаат moles.Еве ти за почеток,па можеш и да напишеш дека е предизвикана од сонце и може ке најдеш нешто повеке...Се надевам помогнав малку.
    http://www.molesafe.com/skincancers.asp ... 4Aod_0CQvA

    http://my.clevelandclinic.org/healthy_l ... toses.aspx
     
    На tallyweijl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    zdravo na site eve tri meseci sum pod strav deka ke mi se sluci nesto deka ke umram i navecer koga ke si klegnam se oprepotuvam i me obleva zeska pot i mi trpte teloto dali toa mozxze da eod strav aj pisite ako znajte neas
     
  9. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Ако трае толку долго и неможиш сама да го решиш проблемот не е е лошо да посетиш стручно лице
     
  10. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Дали си разговарала со твоите дома за овој проблем?МОРАШ да им кажеш,а потоа,се согласувам сосема,да разговараш со стручно лице.Можеш и на црква да отидеш и да се помолиш,запали свекичка...јас многу верува во тоа,можеби подобро ке се чувствуваш.Штом мислиш дека е од страв,се имаш ли уплашено од нешто?Ако ја знаеш причината за стравот,полесно ке биде да се реши ситуацијата...се надевам ке ти биде подобро...
     
  11. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Сакам да прашам ако можете девојки да ми помогнете.Утре ќе вадам 8 на левата страна,а на 20 треба да правам операција на синусот од десната страна (на тој синус што се наоѓа под окото)Дали е можна некоја компликација или така нешто некако ми е страв,да не малку време да заздрави или да се случи нешто.Инаку ќе ми го вадат забот на клиника некоја докторка Наташа така со кратка црна коса.Многу ми е страв,кажете ми нешто...
    :sweat: :sweat: :sweat:
     
  12. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Јас вадев 2 осмици и немав никакви болки,се мина добро,дури прелесно,не очекував да немам болки,бидејќи сепак беше оперативен зафат и ми ја сечеа коската.Значи многу е важно таа што ке ти го вади да е добра во тоа што го прави.Освен тоа,мислам дека има доволно време да заздрави,две недели,така?Најважно од се е ти да бидеш смирена,зашто психата многу влијае на здравјето и на тоа како твојот организам ке се бори.Сигурна сум дека тие што ке те оперираат за синусот,знаат дека ке вадиш 8,па веројатно ако мислат дека не е безбедно,нема да го почнат зафатот.Пиј си ти витамин Б6,редовно секој ден,тоа многу ке ти помогне да се смириш и без паника,имаш доволно време :)
     
  13. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Ама јас не успеав да го прашам докторот дали смеам да го вадам зошто рече дека немал време и јас се изнервирав ама неможам да чека зошто 6 месеци скоро нема да бидам во мк.Така да незнам што да правам????Затоа побарав помош од вас....Аххххххххххххх :sweat: :sweat: :sweat: :sweat:
     
  14. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Aххххххххххх :| како бе немал време? Не знам што да кажам...8-та те боли ли?Колку е излезена и колку е неопходно да ја вадиш?2 недели не се малку,ама штом не си го прашала,тоа се менува...не сакам да ти кажам да го занемариш зашто стварно не сум сигурна...ако не го вадиш многу рано и ако можеш пред тоа сабајле да се јавиш барем и да го прашаш даи доаѓа во обзир,јави се...се надевам ке биде се во ред,искрено...
     
  15. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Види ја темата аксиозност, можеби ќе се пронајдеш таму
     
  16. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    можно ли е од течноста за плакнење на устата да ми се појават многу афти ;( ;( ;(
    значи порано си користев колгејт и се беше супер, сега ми текна да сменам и земав докторс и на јазикот на крајот пред некој ден ми се појавија афти, сега и чувствувам дека ке ми испадне на непцето ;( ;(
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Не би требало од тоа. Паднат ти е имунитетот веројатно
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Мене од една колгејт паста мислам дека ми се јавуваа афти на јазикот.Престанав да ја користам и ми ги снема.А инаку ми излегуваа на една недела додека ја користев.
    Herbal with mineral salts.Таа е пастата,не сум дефинитивно сигурна дека беа од неа,но откако ја сменив ми се немаат појавено афти.
     
  19. SSonja

    SSonja Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Утринско потење

    Не знам,но сигурно ќе најдам уште некој со овој може за некој чуден проблем,Станувам наутро,и после првите 5 мин,јас почнувам да сеп потам.Сум се обидела со различни работи,мислев дека не сум доволно наспана,или дехидрирана минатиот ден или вечер,стресен ден претходно,ме напнуваат обврските што ме чекаат во текот на денот.Ниту една од причините не е директен предизвикувач на ова потење.навистина се чувствувам навистина непрјатно.Доколку има некој некаква информација,или било што што помага за ова,нека пише,јас навистина се што знаев и досега прочитав,се пробав,но ништо не помага.
     
  20. lazojka

    lazojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Јас најдов две мачиња и ги чувам веќе една недела но утрово приметив дека вратот и грбот ми се нафрлани со ситни брункички кои многу ме чешаат. Незнам дали е од мачињата или од нешто друго но би ви била многу благодарна доколку некој од вас кој што има искуство со алергија од мачки ми каже како му се манифистира алергијата затоа што многу си ги сакам мачињата и не би сакала да се разделам од нив :(