Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Прво да ти кажам колку ме радува тоа што си спасила две маченца :angel: јас што се вика пораснав со мачиња,ама не сум имала алергија до сега.Можеш да отидеш на лекар и да си прашаш,па и да провериш дали си алергична.А ги избања?Ако не,може да е и од тоа.Грижи се за нив,не мораш којзнае колку да се мазиш ако ти прави проблем...се надевам се ке се среди и ке си ги задржиш.Обожавам мачиња и ми фалат најмногу на свет :inlove:
     
    На lazojka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Да немаат случајно болви провери,можеби не си алергична ,ама болвите скокат по телото и стварат брунчиња,јас пред некој ден така се исфрлив од болва
     
    На lazojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ankaaa1

    ankaaa1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Чести модринки при вежбање

    Откако започнав со редовно вежбање забележувам се почести модринки, бев на лекар ја проверив крвта се беше во ред со резултатите но незнам не ми изгледа нормално константната појава на модринки дали некој има слично искуство.
     
  4. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да го сместам мојов проблем,ама морам да ве прашам.Станува збор за стомакот кој ми е веќе три,четири дена константно подуен,како тапан ми е и дури тежина ми ствара,ми се гади и слично. Инаку почнав да пијам зелен чај по две шољи на ден,газирано не пијам, во вц одам нормално и незнам до што може да е,дали можеби зелениот чај ми ствара вакв симптоми?
    Каков и да е совет за да ја спречам подуеноста во стомакот ќе ми помогне :)
     
  5. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Хммм,не знам до што би можело да е...овие симптоми ти се јавија откако почна да го пиеш зелениот чај?Ако да,тогаш можно е да има некаква реакција од тоа...а зошто да не си го прашаш матичниот лекар?Можеш да пробаш да не го пиеш некој ден и да видиш дали ке ти се смири стомакот...јас знам дека ладно мелко помага кога имаш грчеви,ама за подуеност стварно не знам...се надевам ке ти мине... :)
     
  6. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    ^^ па и јас помислив дека е од чајот зашто симтомите ги имам во периодот кога почнав да го пијам, еве баш денес ќе направам пауза па ќе видам
    фала Destin :)
     
    На DESTIN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки денес навистина се исплашив. Додека се туширав почувствував пецкање во десната града, но не целосно на цела града туку само од страна. Потоа од време на време траеше тоа. На допир не ме боли. Се прашувам што е, да не е недај боже нешто :sweat: ве молам пишете ако ви се има случено ова, што треба да направам??
     
  8. DESTIN

    DESTIN Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    30
    Ухх,никогаш ми се нема случено...ми се има случено бодење,ама не пецкање...најдобро отиди на лекар.Немој да паничиш,можеби не е ништо,но обавезно провери си.Мене обично така ме боде пред да добијам...
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Да не си во ПМС? :?: Можно е од тоа да ти е. Сепак провери се на лекар и расчисти си ги сомнежите за да спиеш мирно.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Штом на допир не те боли, мислам дека не е ништо страшно...Може да е од ПМС и сл...Види како ќе ти биде и дали ќе продолжи тоа пецкање...Инаку избегнувај градите да ги стегаш во прслук и употребувај долна облека од природен материјал - памучна...Синтетските материјали(полиестер, еластин...) во комбинација со пот и на топло време делува иритирачки на кожата, а плус и ако се тесни - тоа воопшто не е здраво...
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    девојки да ве прашам, братучед ми од сообраќајна незгода има исекотници, и мисли дека има некој ситни парченца(внатре во дланката) од прозорцот што се скришил бидејќи целата дланка му е подуена. Ај ве молам за совет да ми кажете што да стави.
     
  12. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.103
    Пол:
    Женски
    Треба да оди на лекар да му ги извадат стакленцата, нема што да става , се додека се тие внатре проблеми ќе прават, нека оди побрзо додека не дојде до некоја поголема инфекција.
     
  13. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Беше на доктор, но си мисли дека сепак има нешто во раката, бидејќи и го чеша, сепак утре ќе оди на kontrola, јас бара помош за до утре нешто да ставиме на раката. Молам некој постручен нека одговори
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Чеша бидејќи здравее раката, нормално е тоа. Ако не е преврзан, можи бетадин раствор над раната да стави, а ако е е преврзан ништо нека не презема. Нормално е да има оток, сепак е нарушен континуитетот на кожата, но со време ќе спадни.
     
  15. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Zlatusko, благодарам.не е преврзан ќе му кажам да стави бетадин раствор
     
    На Zlatusko му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Девојки здраво! Болна сум и земам вимбрамицин капсули (еднаш на ден што се пијат) дали може да се пие алкохол додека ги пијам? зборам за петок. Фала :))))
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Незнаев дали моето прашање е за тука, но сепак. :)
    Веќе неколку години сум редовен пушач, денот не ми поминува без една кутија цигари, некогаш и повеќе кога излегувам. Буквално без цигара неможам. Исто така, пред некој месец за прв пат се обидов да ги откажам, успеав да издржам неколку дена, после пак почнав. Ете и сега истото ми се случува, никако неможам да ги откажам, издржувам неколку дена максимум и после пак се по старо. А навистина сакам да се откажам, имам поддршка од блиските, но никако не успевам. Има ли некој слично искуство и ако може да ми дадете совет, како да се одвикнам од оваа лоша навика? :doh:
     
  18. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Јас имам скоро идентично искуство со твоево...Некаде од втора година на факс почнав да пушам цигари, на зафрканција со друштво...За кратко време ми прерасна во навика и денот го почнував обавезно со макијато или нес кафе и цигари, посебно на факс кога бев претерував бидејќи дома не пушев...Пушев до пред година ипол...Значи негде кога дипломирав ги оставив скрос цигарите...Како прво тенот на лицето ми беше ужасен, немав апетит за јадење, кашлав итн...Периодот кога дипломирав имав мала хируршка интервенција на двата нокта на палците на нозете...Не беше ништо сериозно, но беше страшно непријатно, а најмногу поради фактот што одлучија да ми стават целосна анестезија заради зафат што трае 10-тина минути...Јас тогаш едвај се разбудив и се освестив, се сеќавам на анестезиолозите на интензивна, кога ми ставаа маска со кислород и кристално јасно се сеќавам на едниот од нив кога рече - девојчево е пушач, се гуши од секрет ...Од тогаш па наваму толку се исплашив што ги оставив и цигарите и кафето, алкохол не пијам, ниту газирани пијалоци - апсолутно ништо...И помина еве година ипол скоро и одлично ми е...Тенот на лицето ми се подобри, имам апетит за јадење, кондиција за спортување(одам на зумба, пешачам...), концентрација за работа и уште многу позитивни нешта кои ги носат здравите навики на живот...
    Те советувам веднаш да ги откажеш цигарите бидејќи се голем непријател на организмот...За кратко време ќе се почудиш од тоа колку убаво ќе ти биде...Јас во моментов си мислам колку сум грешела што пушев(ем здравјето си го уништував, ем парите залудно ги давав за слимс цигари |( ), бидејќи не можев други...Биди упорна и ќе успееш, верувај...Само мораш нагло да ги оставиш, зашто ако си речеш - ај ќе ги намалам - џабе ќе ти биде све, бидејќи така нема никад да ги оставиш... :)
     
    На Kika30, LivingGlam и crazyinlove19 им се допаѓа ова.
  19. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Фала за советот. :) Инаку тоа што мене најмногу ми пречи е тоа што кондицијата ми е многу намалена, а и тенот на лицето ми е пожолтен. Само едно нешто ме плаши најмногу-дали откако ќе ги оставам цигарите ќе имам зголемена потреба за храна? :worried:
     
  20. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Намалена кондиција и блед тен ти е само од цигарите...Иначе нека не те залажуваат некои што велат дека кога ги оставиле цигарите се здебелиле многу...Чист апсурд...Кога ќе ги оставиш цигарите ќе имаш нормален апетит како секој млад човек...Ако си склона кон покачување на тежината - припазувај со храната, а во спротивно јади си, пиј си и уживај... :) Јас количински јадам многу, ама има изгледа брз метаболизам и не качувам на килажа...За мојата висина, 66 кила ми се идеални...
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.