Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    zdravo na site imam bolki vo vratot mi se koce i koga ke se navednam me boli grbot a sum pod depresija dali e miozno da e od toa ili se raboti za nesto nd rugo aj ve molam pisete mi ve cekam pozzzzzzzz
     
  2. lazojka

    lazojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2

    Ми помина :) и многу сум срекна..не им давам веке д се бутаат во мене зашто шетаат и надвор и се е назад во нормала освен мачињата кои што се збеснати, само трчаат и се закачаат :D
     
  3. zoceeee

    zoceeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    70
    na moeto prasane ne odgovori nikoj
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Не би требало врат да те боли заради депресијата...Можеби на промаја си седела или лошо си спиела...Или пак може си настината нешто...
     
  5. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    Имам еден партнер подолго време,тој ми е дечко.Најчесто при секс не користиме кондоми,али сепак премногу внимаваме.До сега скоро 2 години не се случи никаква грешка.Можеби кревам паника без потреба али сепак морам да признаам дека сум многу ислашена.Мојот циклус доцни 5 дена,исто така 5 дена имам стомачни болки кои на м оменти се многу јаки и тешко ги издржувам.Целата сум надујана како балон ;( ;( .Имам големо ниво на вагинален исцедок,а исто така чуствувам некои тапи болки во половината.Напнатоста уште повеќе ме притиска и стега.Дали постои сомнеш да сум бремена или сум веќе?????
    Немам воопшто никакви симптоми како вртоглавици повраќање или често мокрење.Се ми е нормално само што никако да прокрварам.
    На моја другарка и се случи слично нешто како и мене и на крај излезе дека имала мала циста.
    Дали некој може да каже нешто во врска со ова?????
     
  6. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Како прво, не откриваш повеќе детали (дали свршил во тебе и сл.) за да ти дадеме некакво мислење.
    Како второ, веќе кога ти доцни 5 дена, зошто не направиш тест за бременост? Или уште подобро-посета на гинеколог? Или ти е срам да отидеш ?!?!?
    Како трето, сите овде можеме само да претпоставиме што може да ти биде, не треба нашето мислење да го сфаќаш здраво за готово.
     
  7. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    Нема свршено во мене никогаш до сега,за тест мислам дека треба да поминат уште неколку дена,не се страмам да посетам гениколог,мене ме бунат болкоите кои ги чуствувам и затоа почекувам уште неколку дена,за да се осигурам дека стварно има потреба од тоа.Минатиов месец имав многу стресни ситуации,нередовно јадење спиење,нервози со испити,ама до сега никогаш не ми се случило да ми доцни 5 дена.Се случило ден до два,но не и повеќе.Затоа сум многу исплашена,а ова чекање до правењето на тестот ме убива полека ме прави уште понапната и понервозна!!!!
     
  8. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Јас сум ужасно настината и сум многу омалаксана, што да се напијам за да живнам малце и да ми проработи телово, а утре полагам матура не знам што да правам? хелп
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Многу е важно да не мислиш на тоа постојано, можно е и од тоа да ти касни-од преголема напнатост и исчекување. А мали се шансите за бременост во твојот случај, тоа што си подуена би требало да ти е симптом за добивање, исто така и болките во стомакот и половината. Почекај уште некој ден, па ако не добиеш направи тест, или за уште посигурно оди на гинеколог.
     
  10. izaaaaa

    izaaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    46
    леле да ве прашам ми искочи на окото јачменка највероватно е тоа и ме боли кажете што да ставам освен хлорамфеникол затоа што моментално ставам од тоа? :(
     
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Напиј се еден Фервекс...После саат два еден лимон исцеден со малку мед...Ќе ти биде подобро ќр видиш..Вечер пред да си легнеш еден топол туш, чај и во постела убаво завиткај се и одмарај...Не ќе е лошо и со ракија да те измасираат...
     
  12. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Луѓе при дибаланс на хормони, едини начин да се регулираат е со апчиња? По природен начин, неможе? Ај некој нека ме просветли по прашањево :?:
     
  13. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Да, најдобро е со хормонална терапија. Кога секој ден, внесуваш одредено количество на хормони, хипофизата престанува да лачи природни хормони. После 4 или 6 месеци (најчесто толку трае еден циклус на терапија) кога ќе ги прекинеш, хипофизата започнува со работа на ново, исто како рестарт кога правиш на компјутер.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Секое сабајле се будам затната со малку секрет од носот, а и веќе некое време ми е затнато увото. Бев болна, пиев терапија со антибиотици ама не ми помина целосно. Неколку недели подоцна еве уште се мачам и посебно ме нервира затнатоста, не можам да дишам поготово кога ќе се разбудам и се осеќам преморено поради тоа. Некое чаре да се ослободам од ова?
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.561
    Допаѓања:
    201.724
    Пол:
    Женски
    А да појдеш на оториноларинголог, да не не требало само со антибиотици да поминеш?
    Јас имав сличен проблем, па ми дадоа Chymoral Forte, Flixonase и капки за уво Dexametason-Neomycin. Освен тоа, примав и инфузии околу 10 дена, при што секој втор ден во инфузијата имав Sumamed антибиотик, а другите денови баш и не се сеќавам што примав. Како и да е, навистина ми помогна, оти кај мене проблем била нелекувана инфекција на средно уво, па затоа ми беше ептен затнато.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    633
    Јас како мала често имав проблеми со десното уво. Незнам колку инјекции сум примала само заради тоа.
    Минатата година во април повторно ме фати увото, најпрво неколку дена ми беше затнато, се инаетив да не идам на д-р додека не почна да ме боли. Уфф таква болка не се трпи. Отидов кај оториноларинголог ме сликаше, увото жар црвено, мембрана со перфорација од толкаво воспаление што сум имала. Тогаш минав со ципрофлоксацин антибиотик 5 дена, бенил капки за нос, и дексаметазон за увото. После 5 дена ми продолжи терапијата мислам дека беше алицеф или лидаприм не се сеќавам точно.
    Ноември истата приказна, всушност полоша.
    Д-р не сакаше да ме лекува со таблети, веднаш ми препиша инјекции Линкоцин + Аналгин + Дексаметазон. Од нив уште ме болат бутовите. А во увото ставав 3 пати на ден Отол Х капки.

    Аууу имам уплав од болки во увото :worried:
     
  17. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    понекогаш осеќам болка кај јајниците, а ако притиснам болката станува поголема. Дали ова можеби е симптом за цисти на јајниците? Имам скоро 18 години, не сум сексуално активна а на гинеколог бев лани во август заради нередовна менструација, ме прегледа на ехо и не најде ништо, ме прати на проверка на хормонален статус, се беше во ред, не ми даде никакви лекарства и ден денес менструацијата не ми е редовна, но повеќе се плашам заради болкава, од што ќе да е :(
     
  18. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Остајте...цел живот проблеми со уво (ужас),нос и грло и резултат = трауми од оториноларингологија со последици страв од сите доктори. Знам како е пошто сум хроничен случај ама во ваква форма како што имам напишано погоре ме нема фатено, па уште и во лето...
    Ми мириса работава кај мене на операција на трет крајник или нешто слично, која требаше пред многу години да се случи ама јас бев истрауматизирана па ме оставија за да не ми нанесат психички последици.
    Има некој вадено крајници на мои години (20ти) од феминките, да ми пише искуство?
     
  19. marince87

    marince87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    160
    Дечки дали некој имал поткожни влакна на ципата кои отекуваат и се прават во големи отоци и собираат гној? Ве молам за лек, веќе неколку пати ми се има појавено и ептен маки мачам со тоа...
     
  20. Teff

    Teff Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    20
    Би сакала да прашам дали крвната група има некаква врска со плодноста на човекот?!?
    Дознав дека оние луѓе кои што се Нулта негатив мораат во текот на животот да примаат одредена терапија за да можат да имаат деца. Не сум воопшто информирана, а баш ме интересира зошто е тоа така ако е точно, доколку некој знае некаква информација поврзана со ова би било пожелно да пише! :)
    Фала однапред :)