Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Mikaela мислиш дека од Примолут Нор ти се роди едното дете со остетување на мозокот? Прашувам бидејки и јас пијам такви :?: а сакам да останам бременена
     
  2. Mikaela

    Mikaela Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Doktorite mi tvrdea deka nemaat vrska apcinjata so problemot koj se javi,no nemozea ni da najdat drugo logicno objasnuvanje,Prvo jas vo familijata i nemam bliznaci,toa e ona sto i gi zacudi,i do nekade i bese normalno da se javi problem kaj ednoto.
     
  3. carina

    carina Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    6
    јас го имам истиот проблем само сто кога бев на гинеколог ми кажа да проверам хормон пролактин и на тестот ми покажа ок,само сто јас имам исцедок од градите,може не бил погоден датумот на испитување.сега пијам табл dostinex за регулирање на пролактинот.зборот ми е дали ги имаш испитано хормоните.поздрав
     
  4. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Јас имав ханзапласт ваков од пазар и кога го вадев умрев од болка, ама тркнав до Зегин и таму ми дадоа еден што добро лепи а сепак многу лесно се одлепува не треба да се тегне. Абе кај мене ќе паднеше уште од одма да не ми беше страв да го тргнам :tmi: . Се надевам нема уште многу да ме боли, а мислам и дека потешко заздравува дека се исеков со брич.
    На сите ви препорачувам да не купувате ханзапласт од овој од пазар малиот од 10 денари умрев од болки додека го вадев
     
  5. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Имав запек денес
    (по голема нужда немав појдено од вчера :$ )
    и сега пред излегување ептен се напнав
    за да се покакам
    при бришењето имаше крв на тоалетната (површина колку една дланка)
    сега имам мала болка во стомакот.
    Имам читано некаде дека може од многу напнување да потече малку крв од анусот ,нема место за паника нели? :^)
     
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    ^^^

    Од многу тврда столица се случува да потече крв, но тоа не смее да се повторува...Води кон создавање внатрешни хемороиди, кои знаат да направат многу проблеми...Ако се случило еднаш-двапати не е страшно...
     
  7. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    ^
    Прв пат ми се случи ова, ако се повтори ќе одам на лекар :|
     
  8. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    И мене ми се има случено ова пред .... може месец дена :( многу е грдо и болно .Ако знае некој нека пише - ме интересира :)
     
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    Запек имам и по недела дена, знам дека не е здраво но имам пиено милиони лекови и домашни рецепти но сепак не можам да го регулирам. Колку е само тешко :(
     
  10. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Тешко е да :(
    Пиј повеќе течности .
    Наутро пред појадок прво напиј се студена вода засладена со 1-2 лажици мед .
    Можеш и ова да го пробаш :
    Ќе земеш босилок, цвет од бозел, мента, црвен кантарион, црвено подабиче, семе од анасон и ленено семе (од сите по 50 грама ќе измешаш во некое кутивче)
    3 супени лажици од смесата ќе ги ставиш во 500 мл вода ,да вријат 15 мин поклопени.
    Кога ќе се олади ќе го процедиш и можеш да го засладиш со мед.
    Народен лек е ова и им има помогнато на мои познаници.
    Пробај нема ништо да изгубиш.
    Лесно какање :*
     
  11. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    кате ќе го направам ова, ако ми помогне те носам на одмор на Мајорка, ај Промис ;)
    Но кој ја немал оваа болка не знае како, и се смеев на една другарка а сега мене ми се навеја на глава мислам сега овој проблем го имам 1 година
     
    На kate-the-great му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сношти носев сандали на 12цм клинци и ненормално ме болат нозете и од каишката кај прстит и на двата палци ми излегле плускавици и сега едвај одама ;( Што да им ставам за побргу да ми поминат?Да не ги пукам нели? :worried:
    уште еднаш кога ќе ги ставам на чело ке си запишам :@
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ве молам за внимание:

    Имам една ситуација врз себе, првпат ја доживувам.
    :wasntme:

    Одвреме навреме во текот на денот ми се нафрлаат делови од телово со ситни пликчиња (како гужва од убоди од инсект), чеша и се поцрвенува цело место, или пак само испакнато црвенило се познава кое чеша (како лишаи изгледа нешто). После максимум 15 минути, ни трага ни глас од случајот. Се губи и не се повторува на местото, значи не е класичен убод од инсект, зашто нели таков останува барем два дена. Значи како ништо да не било.
    После некое време пак, на друго место. И така по цели денови.

    За што ли станува збор? Ме вика мајка ми да одиме на кожен доктор, но што ќе му покажам на докторот дека имам, кога веднаш се губи чудото и не се повторува?
    Може ли да е некаква алергија? Но на што? На прав, некои микроби... или?
    :|
     
  14. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Вака кумо алергија ми изгледа дека е. Што ќе му кажиш на докторот, ова истово што го пиша тука ќе му го објасниш. Предпоставувам е алергија, а на што, тоа само алерго тест може да ти утврди.

    Колку време ти трае ова? И те боли ли, или само те чеша?
     
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Мерлин од искуство ќе ти кажам провери си ги цревните паразити на микробиолошка лабараторија. Мене истото ми се случуваше 3 месеци и секакви испитувања правев и на крај испадна дека имам цревни паразити (или стапчести или топчести така нешто беше), по нашки кажано глисти.
    П.С. 3 месеци ако не и повеќе ме лечеа од алергија и на крај излезе сосем друго
     
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Од средата почна.
    Не ме боли, ама чеша ненормално.

    Инаку си мислев дека ме касале некои ситни инсекти, ама најверојатно ќе имаше остатоци ако беше каснато.
    После тоа мислев дека имам алергија на прашина, ама за тоа најверојатно и претходно ќе имав мака.

    Не знам, ќе одам утре на кожен, ќе му кажам што бидна, па ќе испитам и тоа Ана што вели. А пак за тоа некако нелогично ми звучи да добивам такви испади на кожава...?! :?:

    Ќе видам, ви благодарам.
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Абе нелогично да, ама мене лани ме праќаа од кожно дури и синуси да проверам и јас неможев да најдам поврзаност |( ама ти викам кај мене тоа беше, а истото му се деси и на внук ми после извесен период.
     
  18. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Девојки сигурна сум дека некоја го има/ла истиов проблем, па ако успеала да го реши благодарно ќе го примам советот :wasntme:
    Секое лето после 3-4 дена на плажа ми излегуваат ситни гнојанички на деколтето и рамениците, понекогаш и на грбот. Прво мислев дека е од сонцето и кремите за сончање ама и да не се намачкам пак ми се појавуваат, а кога бев на одмор во Охрид не ми излегоа :?: Па некако дојдов до заклучок дека можеби е од морето, иако нема смисла. Како и да е, не е ништо страшно ама мноооогу долго време треба дур да помине и за тој период морам да носам затворени маички |( Кога ќе приметам дека ми излегуваат обавезно се сончам со маичка, па со маичка и во вода |( |( ама веќе ми е преку глава! Се надевам дека некоја ќе ми посочи решение, превентива, како воопшто да не ми се појават. Инаку од кога ќе се појават се чистам со лосион за бубуљички и се сушат ама како што пишав многу споро, а и ми вади голем дел од бојата, па после сум малце флекава :sweat:
     
  19. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    и мене ми се има случено истото на море да се исфрлам , а во охрид не, баш имав тоа и јас приметено, и единствено логично нешто е ради солената вода, меѓутоа мене брзо ми се губеа и баш ми годи бидејќи периодот после одморот на море некој извесен период ни трага ни глас од бубулички :?
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.030
    Допаѓања:
    134.356
    Провери дали е алергија на сонце! 90% тоа е.