Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И пак јас :( секој ден се нешто ми се дешава. Станав сабалје со отечен прст. Ме боли многу и неможам да го свиткам во горниот дел ама никако..ептен ме боли. ЧАРЕ??? :?: :?:
    Прстот нели ни е поделен на 3 дела е мене болката ми е во горните 2 дела и никако неможам да го свиткам и многу е отечен. :!: Кога си легнав не ми беше ништо аман веќе :@
     
  2. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    А како да проверам :?: Ама ете и во Охрид имаше сонце и тоа многу беше топло, па не ми се појавија, тоа најмногу ме буни
     
  3. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Jojoba, сонцето покрај море и покрај езеро, различни резултати извлекува.
    Гледај само по тенот кој би го добила колкава разлика има.

    УВА и УВБ се далеку појаки на море отколку на езеро. На другарка и се правеа баш такви исти од плажирање. На дада ми пак, и се правеа како бели флекички од сонцето.

    За секој случај, можеш алерго-тест да направиш и повисок фактор нанесувај на кожата.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Ти препорачувам да одиш на лекар доколку имаш болки. Можеби го имаш удрено во текот на спиењето, но можеби да е нешто друго. Има таблети за болки во прстите, но без консултација со лекар не ги земај
     
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Неможам да идам на лекар не сум дома, а плус и немам плави картони затоа прашував за совет како да ја намалам болката а и отокот. Отокот и болката ме асоцираат на шинато, ама поима немам што се десило :(
     
  6. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Пробај привремено да го решиш проблемот со мраз, можеби малце ќе спадне отокот, а може и те каснало нешто не мора да е удрено. Ако е каснато до утре ќе потпомине, ако не би требало некако да се снајдеш за на лекар. Јас мислам дека ако си го удрила ќе те разбудело во сон, би била голема болка за сега да има таков оток. :?:
     
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    100% не е каснато пошо каснато така неможе да боли, прстот боли како кога нешто ти е шинато и кога ќе се притиснам на коската боли :(
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Мене ми се има случено слично и ми викаа дека може да е реума (ако дефинитивно не си касната од нешто, оти на пр. каснување од пајак знае да направи поголем оток и ако е на незгодно место, да боли). Е сега, јас си имам мака со реума, знаат разни зглобови од телото да ми отечат, посебно кога е времето вака променливо. Мене така знаеја да ми отечат малите прстиња и+ да ме болат истовремено, толку често што сега едното прсте кај најгорниот зглоб ми е искривено малку :).
     
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Мраз се става веднаш откако ќе се случи повредата сега нема да има ефект. Ова е прст и полесно е за масажа, земи намачкај го прстот со било каква крема и масирај го по должина и пробувај да го свиткуваш полека, ако те боли и така, пред да го масираш држи го одредено време во топла вода колку ти трпи кожата за да омекнат и се опуштат мускулите па после масирај го внимателно и постепено свиткувај го, не би требало да е страшно, ќе помине ко на кутре :lol:
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Затоа и реков да оди на лекар, ама ете не била во можност. И мене ми се случи вакво нешто и испадна дека е некој вид на реума
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Дечки мене веќе неколку месеци ми се лупи кожата позади ушите, посебно едното, утринава баш го превртев да проверам како е ситуацијата - цела кожа е излупена, местото е црвено и боли.
    Дали можете нешто да ми препорачате, некоја идеја од што би можело да биде ова?
    Имам фобија од кожни лекари, да се изјаснам ако некому не му е јасно зошто не сум отишла досега :|
     
  12. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Бев во престој во природа неколку саати и кога се вратив се беше во ред, ама вечерта забележав во горниот дел од ногата имам црвенило и малку е издигнато со тркалезна форма. Почна и да ме чеша (можеби на психолошка основа од кога го видов). Исплашена сум премногу да не е убод од крлеж. Кои се симптомите при убод од крлеж? Хелп :(
     
  13. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    И јас имав слични проблеми порано (мене ми се лупеа и рацете од внатрешната страна) и тоа е знак на недостиг од витамини. Би ти препорачала да си купиш маст од аптека хидроцикилин и да се мачкаш, би требало веднаш да се среди ситуацијата и се разбира да почнеш да конзумираш повеќе овошје и зеленчук.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Дечки ми се лупи кожата на рацете и тоа одвратно :doh: Најпрво малце ми се лупеа ептен малце, поточно на врвовите на прстите и денес бев на работа цел ден влажно да фаќаш (зеленчук- корнишони се полнеше во тегли), а ем со ракавици и кога извадив ракавиците прстите како нагризени цела кожа излупена ептен многу, па и крв малце :(
    Сеа петпати повеќе ми се влоши состојбата, одвратни ми се не можам да ги гледам ако знае некој чаре нека каже, некоја маст било што да ставам :?:
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Еве прочитај за убод од крлеж и за Лајмска болест, ако се сомневаш дека е крлеж веднаш обрати се на кожен лекар да го отстранат не е ништо страшно, само навремено треба да се реагира.
    Околу 30% од крлежите се заразени со бактеријата Borelia burgdoferi и можат да предизвикаат инфекција која прераснува во Лајмска болест. Значи не се сите крлежи заразени, но треба брзо да се реагира.

    крлежи и лајмска болест

    http://www.zena.mk/default.aspx?mode=17&id=0&cId=1119&lang=2

    karina8 - дали си сменила друг вид на ракавици во последно време, можно е да е алергија од материјалот.
     
    На Feminkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Пробај со памукче натопено во кантарионово масло и ставај 2-3 пати дневно на местото и камилица исто пред да си легнеш...И земај повеќе вит А...Не би требало да е сериозно ова...Ќе пројде :*
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  17. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Не нема врска, мене од претходно ми беше. Денес првпат отидов на работа и ставив ракавици, па само се вложи состојбата ми се надразни кожата ептен од влагата. Инаку уште од пред 4-5 дена го имам проблемот.
     
  18. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Karina имаш контактен или алергиски дерматит. Мој совет а и на кој било кожен лекар би бил прво да престаниш со работа некое време (како што разбрав од таму ти започнал проблемот), т.е оди на кожно земи боледување. Второ влажно на влажно не се става, така да ако крварат рацете ако испуштаат течност -лимфа од раничките, тогаш немој да ставаш крем за раце, туку надобро би ти било да ставиш некоја антибактериска пудра (има по аптеки). Трето мора да се одреди од што е оваа реакција, дали е од ракавиците, дали е од нешто друго и треба да се тргни тоа што ти предизвикува оштетување. Да си одиш најдобро на трудова медицина, тие се занимаваат со професионалните болести т.е со болести кое се предизвикани на работно место. Како и да е, мора да ги штитиш рацете некое време, да заздрават, а не дополнително да ги експонираш. Не можам вака да кажам, треба прво да видам до кој степен е оштетувањето, но можно е и да треба да земиш некоја кортико-крема, ама тоа мора лекар да го препише.
     
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Абе не ме разбравте убаво, проблемот почна неколку дена претходно. Јас денс тргнав на работа и само 20дена ќе одам. А единствено се влоши сега со оглед на околностите. Инаку не е тоа причината.Еве вака нешто ми се, како на сликата.
    Не е ништо страшно ама ужасно ме нервира :doh:
    [​IMG]

    И едит, не ми течеше лрв туку некако црвени ми беа ептен пред малце.. сега не ми се :tmi:
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    карина недостатотк на витамини, мене така ми кажа матичната кога ми се лупеа дланките и прстите на рацете