Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.817
    Допаѓања:
    80.668
    Пол:
    Женски
    Пиши тука, сигурно некој ќе знае да ти одговори.
     
    На Zlatnaripka. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zlatnaripka.

    Zlatnaripka. Нов член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2017
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    ^ Добро, ќе пишам овде. Пишав баш пред некоја страна дека имав намален осет за вкус и конкретно за тоа ми дадоа да направам брис на грло, нос и јазик - резултатот беше чист, па ми рекоа дека можно е да е последица од анастезијата на операција на забот. Одам на стоматолог и ме премачкува со некои раствори. АЈ тоа ок, но испадна дека проблемот не ми е само овде, промени осеќам и во осетот за допир. :/
    Други симптоми немам освен овие и тоа што периодов осеќав многу замор стално бев уморна и покрај тоа што спијам доволно , пиев некои витамини во мегувреме плус сменив малку и исхрана и сега некако подобро ми е, иако не сум свежа како што бев порано. `Но за ова горе конкретно, што напишав ме загрижува. Дали имал некој вакво искуство или да ми каже што може да е?
     
  3. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    Значи докторкава матична лечи деца од 0 години и возрасни, ама на сите им дава иста терапија. Пред еден месец отидов со кашлица сува онака малку кашлав петок беше ми вика ништо не ти брее дете и ми го препиша најслабите апчиња за мали деца а јас 19 год. и после во понеделник ме оставија во болница. Сеа во петокот пак одам со кашлица малку ацц таблети забрастварање од 600???? Шо и е бе на оваа од тогаш до сега кашлам многу многу повеќе она ми вика ќе ти помине а за два дена одам на одмор. Кажете што апчиња ако треба и на приватно за симптоми: несувп кашлање (со шлајм), само тоа не ме боли грло ни глава немам темп....
     
  4. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Имам многу слаба крв, исто така и сум многу слаба..
    Треба одма да си ја зајакнам крвта, ве молам ако сакате и ако сте имале некогаш слаба крв да ми кажете, кои витамини да ги пиам, што да јадам... Освен цвекло што ми кажа докторката, друго ништо.. Тотална незаинтересиреност сум видела од нејзина страна..
    Премнуогу сум слаба и се плашам да не станам анорексична.. ;(
     
  5. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Девојки некоја ги има пиено цистостоп хроно?На природна база биле .
    Колку ви помогнале некоја со искуство со нив

    Јас бев многу слаба дојдов до граница на анемична веќе анорексична со 39 кила.
    Јадев ориз,варени јајца,брокула варена и многу зеленчук.
    Пиев витамин ц од 1000,купив апчиња на прородна база од печурка натурал шитаке нешто така се викаа.
    и плус апчиња за имунитет и после тешка борба успеав 99% со 50 кила.Можеш во лп да ми пишеш ако нешто те интересира ,за било што
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    Последна измена од модератор: 25 јули 2017
    На LittleGirl626 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Хемоглобинот и железото колку ти се,дали слабокрвноста трае долго време или сега прв пат ја откри,си имала ли претходно некое обилно крварење менструација или друго,што е причината за слабокрвноста?
    За исхрана прогуглај си што треба да јадеш,јас имам правено една смеса со мед,малтекс,таан,семе од коприва,ќе го најдеш на нет точниот рецепт.
     
  7. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Резултатите се кај мајка ми, не паметам точно колку ми е железото и хемоглобинот, знам дека се слаби, не, ова ми е прв пат да ми е слаба крвта и тоа ептен.. до сега кога сум испитувала ми била прилично добра..
    да менструација со обилно крварење како и секогаш..
     
  8. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.896
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Ако ти е многу слаба како што велиш ти требаат и таблети,ампули не може само со исхрана.Матичната докторка може да ја смениш кога сакаш ако не ти се допаѓа нејзиното однесување или ако не ја менуваш побарај само мислење од друг доктор.Ако имаш обилна менструација која трае повеќе од 5-7 дена обавезно на гинеколог,а ако не сакаш ништо од ова што ти предлагам пробај само со исхрана и контрола за месец дена.
    Не знам што друго да ти кажам.
     
  9. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    1.463
    Пред некој ден приметив модрица на левата нога која беше плаво- црвена, болна на допир. Сега почна како малку да позеленува, веројатно ќе поминува. Вчера на работа ми се јави некоја болка позади левото колено додека стоев, веројатно е некоја изместена жила. На десната нога пак, над коленото од внатрешната страна ми се појавија две подкожни виолетово-црвени мали точки,големина како бемка некоја помала, нешто слично на испукани капилари, но мене не ми личат дека се капилари. При тоа имам тахикардија веќе подолг период, работата ми е со стоење, некогаш не можам убаво да земам воздух, т.е имам зголемена потреба почесто да земам воздух (анксиозна сум ) а се изначитав секакви работи за тромб и за тромбоза. Искрено ми е страв многу затоа што многу работи си исповрзав. Што мислите, има ли таква опасност, ме ставија во мисла и точкиве и болката во другата нога која денес е помала од вчера?
    Инаку пред скоро два месеци правев крвна слика,докторката не ми укажа на зголемени тромбоцити, што значи се си е во ред. Ви благодарам многу.
     
  10. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.589
    Допаѓања:
    5.936
    Здраво, се чувствувам поддуено, да се поправам буквално преку ноќ.
    Тешко ми е,мачно
    ми се јади благо
    Железото ми е ниско и леукоцитите
    ми дадоа центрум, апчиња,витамински. Инфузија - sol naCl 09%500,0 b1b62C iv
    исто така препорака многу вода јајце домашно варено 10 дена да јадам и ХД ДИЕТЕТСКИ РЕЖИМ пишува

    Чаре да не се осеќам онака подуено,мачно ко тромава сум не чувствувам леснотија само тежина,мислам че ми пукнат нозеве од дебелина. не сакам да носам фармерки ме стегат сакам слобода но морам поради работата.

    Рез. од крв:

    *железо серум 7,3 (10-29 се движи)
    *Седимент на урина ЛЕ+++
    * Х МИД% 13,3 (2-10 да се движи треба)

    Денес ќе ги земам рез. од интернистот за:

    *ck-mb u/l
    *tsh
    *t4
    Дајте чаре,мени..
     
  11. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Види со чај од нане и прашај ја матичната за оние апчињана против надуеност
    Исти проблем и јас имам гледај да не јадеш бел леб и некои такви месени работи.
    Подуеност може да биде и од нередовно одење во вц
     
  12. Zenski Svet

    Zenski Svet Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2016
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.199
    Здраво мака мачам со подуеност цело време
    Почнав да пијам од вчера Апуретин на препорака од матичната лекарка
    Дали можеби некој го пиел овој диуретик на природна база или пак има да препорача нешто поефективно?
     
  13. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Имам и јас подуеност дури и болки во стомакот.
    Само чаеви пијам а лекови некои не.
    Имам приметено кога јадам нешто месено како затворена пица,пица обична или јадење со глутен ужасно се осеќам.
    Пробај да го исфрлиш глутенот и да ја смениш исхраната и напиј се чај од нане ке те смири
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Помош луѓе.
    Пред неколку недели почна да ме боли ногата, имав грчеви само во листот, се преплашив цела, 300 филма ми поминаа низ глава, а матичната упорно тврди дека е нервот ( и бидејќи и онака бев слаба со нервите останав на пиење магнезиум и б6).
    Сепак се преплашив, стандард, и на своја иницијатива правев доплер, циркулација одлична.
    Сепаk ногата од понеделникот како се повеќе и повеќе да ме боли, само што ја осеќам буквално низ целата нога, од глутеусот, преку бутовите, листовите (позади и странично), па се до стапалата и врвовите на прстите.
    Болката во овој облик почна да се појавува кога седам, па нормално асоцира на нерв оштетен, ама сега почнува да ме боли и кога одам.
    Бев кај замената на матичната утрово, ми рече ако сакам со физикална да пробам, ми наброја едно 10тина креми и масти да се мачкам (демек да си видам која ми одговара на цена), нешто против болка да пијам (до сега не болеше многу, ама денес :sweat:).
    Јас почнав на масажи да одам еднаш на секои неколку дена пред 2-3 недели. Ми помагаа за болките, ама последниот пат како воошто да не помогнаа за оваа болка.
    Се тешам дека е нервна затоа што воглавно боли горе, високо, во глутеусот и најчесто при седење, ама пусти страв :sweat:
    Искуства некои, совети?
     
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Вака ми делува како ишиалгична болка, бидејќи болката не е локализирана, туку се шири надолу по ногата до прстите.
    Најубаво е да посетиш ортопед/невролог, а потоа ќе те упатат дали со физикална или како веќе да се решава проблемот.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Значи исто како матичната, и интернистот кај кого бев ми рече невролог да посетам. Болки низ цело тело имав, и грб/рамења/граден кош/раце ама овие со масажите и магнезиумот се средија. Уште оваа остана ама се полоша станува. Ако не помине до понеделник ќе барам упут за невролог. Ми треба малку пауза од лекари, се убив од еден на друг цел месец, од пусти страв :sweat:
    Седечката работа си го прави своето :sweat: макар да никако место не ме држи, нон стоп станувам, демек по вода, до тоалет...
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Сите што имаме седечка работа патиме од ишијалгија и спондилоза.
    Креми мачкање ублажуваат болка, не решаваат проблем.

    Колку сакаш станувај, од 8 саати пак 7 сигурно ти се на биро :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  18. meganbaby

    meganbaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2017
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Ај и овде да се обидам.
    Во последно време ми се случува после тренинг, поточно кардио тренинг, особено после трчање да ми се јави болка во забите, посебно во тие што ми се пломбирани. Зборувам за страшна неподнослива болка, обично после 15тина минути поминува, ама додека да помине.. мислам дека некој ми ги корне забите со клешта, без анестезија :@.. Имам слушнато дека може да е од што се расипани(крвта повеќе циркулира итн) , исто така и дека може да е поврзано со срцевата работа нешто. Знае некој да миобјасни што поточно се случува и зошто?И ако може некако да се спречи, или барем да се намали таа болка.?
     
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.979
    Дефинитивно те болат поради зголемената циркулација, но проблемот ти е стоматолошки. Поправај забите, не се зезај.
     
  20. sj *O*

    sj *O* Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2016
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.322
    Пол:
    Женски
    Изгледа ти е слабо железото. Јади храна со железо-спанаќ на пр. Дополнително примај суплементи кои содржат железо но претходно консултирај се со доктор.

    Мислам дека е ишијас. Според мене посети ортопед и почесто раздвижување.


    Провери го срцето. Што побрзо.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.