Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Ливинг да, хидроциклин маст. И јас имав едно време таков проблем, абе мислев увото ќе ми се одвои, не бев на лекар пробав со хидоциклин ми помина. Пробај се надевам ќе ти помогне.
     
    На Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    501
    Сакам да прашам за еден другар има испакната коска кај градите на кој начин може да се врати на место?
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Земеш чук и длето и чукаш :D , се зезам.
    Ќе си отиде на матичен лекар кој ќе му даде упат до ренген каде што ќе се снима и ќе се види за каква деформација станува збор. Граден кош е и коска е...не е краставица :)
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.463
    Допаѓања:
    250.938
    Денес случајно докторот виде дека имам циста на рамото, која била од пред 2-3 години, и била типична за девојки на моја возраст. Испитувања ќе ми прават по 10 дена, да ми ја извадат прво лангетата. Знае некој за што се работи?
     
  5. bibs

    bibs Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    13
    пред 4-5 месеци имав болки во јајниците кои траеа цел месец , после тоа поминаа но овие неколку месеци забелезав дека после овулација добивам запек :) по цела недела немам празнење на цревата, и стомакот ми е подуен па со душа чекам да добијам, несакам да користам лаксативи пробав се од јогурти активија ленено семе... но ништо дали може да има некаква поврзаност?!
     
  6. mackice

    mackice Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    12
    поткожни болчиња на прстите од рацете

    девојки има некое време од како ми излегоја како поткожни болчиња на средниот прст едно до друго се и како да се наполнети ,што може да биде и кажетеми некоја крема или маст зошто треба на одмор да одам благодарам однапред.
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Имам болна менструација, грчеви и сл. Но тој проблем го надминувам со Кафетин менструал.

    Но денес се разбудив денес со болка во долниот дел на стомакот, која кулминираше и се зголеми.
    Истражував и открив дека јас сум една од "среќничките" со болна овулација.

    Па сакав да прашам како се справувате вие со овој проблем, зошто неподнослива и иритирачка е оваа болка :sweat:
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Најубава, и јас прашував еднаш за истово - да пукне и добредојде во клубот (ти се плукнам во клубот) :(

    Апче ко за менструација ми помага кога е неподносливо. Магнезиум евентуално шумеча.

    Тоа е тоа, чекај - за еден ден ќе пројде, и да знам гадно е ептен, мислиш два пати имаш мензес.
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Andzelika

    Andzelika Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    176
    ^^А да пробате со термофор со топла вода :?: Или пак со контрацептивни пилули? Ама сепак најдобро е да си направите муабет со гинекологот. Јас сум иста како вас. Пред да решиме дека сакаме да имаме бебе пиев антибебе пилули и немав болки, ама затоа сега надокнадувам. Сега со термофор со топла вода (или пак шише со топла вода) држам во пределот кај јаниците, опашувам еден вунен појас на кичма и терам така по дома. Друг спас нема :|
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Познато ми е и мене чувството.
    Јас не земам апчиња обично, ја трпам болката зашто иако е остра, е кратка и не држи долго. Благо боли, па наеднаш остро стега и попушта, па го трпам зашто ми е подносливо, а ако ептен ме нервира пијам аналгин.

    Друго, сум забележала дека тој крвав исцедок што се јавува за време на овулација кај мене трае 4-5 дена. Се јавува два-три пати дневно и е потемен од менструалната крв. Зошто? Може ли тоа да е знак за некој проблем?
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Болките се јавуваат од COX2-ензим,кој е одговорен за воспалителни процеси и нормално
    болка.Значи треба во тој период да се внесува храна која го блокира овој ензим,а да се
    избегнува храна која го зголемува овој ензим.

    Јас би препорачал:кари сос(или како зачин нормално),рузмарин,зелен чај,грозје,црвено
    вино,рибино масло(Омега3),и соја во умерени количини.Како топ 3 би биле: кари,зелен
    чај и Омега3(може и капсули).
    Храна која во тој краток период треба да се избегнува е месо(Поради Омега6 кои се
    воспалителни).Исто треба да се избегнуваат лешници,кикиритки,сончоглед,семки од
    тиква,и ореви бидејќи се многу богати со Омега6).
    Апчиња само во екстремни ситуации,иако мислам нема да има потреба од нив. :)
     
    На najubava2010 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И јас имам болки за време на овулација, остри се и се јавуваат на едната страна од стомакот во долниот дел. Инаку болката не е иста со таа кога имам менструација, но обично ми помага еден Кафетин менструал, или се опуштам во полна када.
    И да, крвав исцедок за време на овулација е нешто сосема нормално, нема потреба од паника. :)
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Да да, знам за тоа дека сосема нормално, мене ме интересира дали е нормално да трае 5 дена?
    Тебе колку дена ти се јавува?
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ливинг овулационо крварење не смее да биде повеќе од 24 часа. Менструалниот циклус има 2 фази, првата е пролиферативна и имаш високо ниво на естроген, кој својот врв го достигнува 12-14 ден и настанува овулација. Естрогенот потоа опаѓа нагло, но веднаш настапува продукција на прогестерон кој е главен хормон на втората секреторна фаза од менструалниот циклус. 21-23 ден прогестеронот го достигнува својот максимум и потоа и тој опаѓа. Менструално крварење е всушност недостаток на хормони. Кога ќе се спуштат на минимум и естрогенот и прогестеронот, започнува крварење, ендометриумот нема храна (хормони) и започнува да се одлепува. Тоа е нормален менструален циклус.
    Е сега овулационо крварење настанува измеѓу двете фази пролиферативната и секреторната затоа што како што кажав естогенот опаѓа, а во овој случај прогестеронот касни со продукција и има пак минимум хормони - при што настанува крварење. Нормално е да трае од 2-24 часа. Мој совет во тој период да испиташ хормони, значи додека трае овулационото крварење, да се видат количините на прогестеронот. Не е страшно ова што ти се случува, но мислам дека имаш мало пореметување во хормонскиот баланс во тој период.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Кај мене ретко се појавува, а не трае повеќе од еден ден, и тоа е ептен кратко и слабо крварење. Мислам дека 5 дена е премногу. :|
     
  16. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.463
    Допаѓања:
    250.938
    Ќе се цитирам самата, не знае никој да ми каже за што отприлика се работи?
     
  17. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Искрено јас прв пат слушам за циста, која се наоѓа на таква регија (на рамо) и мислам дека докторот требало да ти објасни што е толку типично за истата на твоја возраст да се појавува. Да не се работи за масно ткиво или некој лимфен јазол да не ти е отечен?
    Јас мислам дека ако со тек на времето не ти се зголемува, не е ништо страшно...Сепак направи една биопсија, да видат што ткиво е тоа и каква е морфологијата на клетките во истото...Сама немој да го чепкаш...
     
  18. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.463
    Допаѓања:
    250.938
    Кажа што е, ама не запамтив. Нешто на х...беше. Како и да е, наредна недела ќе одам да го испитат и ќе видеме што е. Фала за одговорот.
     
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Фала ви девојки на сите, мене ова првпат ми се случува и се испаничив мислев слепо црево или некоја друга ствар.
    Потоа ми текна дека ми заврши менструацијата пред неколку дена, и ми светна сијаличката што е, бидејки не ги знаев симптомите прочачкав по нетов и најдов.
    Чудно ми беше што велат дека најчесто боли едната страна(едниот јајник) но мене ме болеше целиот тој дел таму, двата јајника.


    Најлошото е што јас сега пред малце се напив апче и трпев цел ден, претходно пиев чаеви и се загревав со термофор се тешев дека ќе помине само од себе.
    Она што ме исплаши е што сега Петко ме наговори да мерам температура и се изненадив имам (или имав) 37.5 а и при мочкање имам болки. Статиите што ги пронајдов велат дека со овие смптоми треба да се обратам кај гинеколог, па сакам да ве прашам дали утре да се јавувам кај докторката или и тоа е нормално (јас се извинувам што досаѓам вака но прв пат ми се случува).
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Па да ама тие не се моментално решение. Кога ги земав пилуливе немав никаков проблем ни со болки за време на менструација, а уште помалку за време на овулација.
    Плус се зимаат правилно, што значи со правилна употреба се средува циклусот и поминуваат вообичаените болки.

    Најубава не се секирај, кај мене почнаа болкиве пред 3 - 4 години и исто се извадив од памет. Секако дека отидов на гинеколог и знаеш што ми кажа? Време е да имате бебе :D
    Од тогаш навака имам болки и силно ја чуствувам секоја овулација, некогаш повеќе некогаш помалку. Има денови кога буквално едвај седнувам и чуството е како некој да ми ги гмечи одвнатре јајниците. Тоа е тоа, кафетин менструал или такво некое слично апче би требало да помогне. Доброто е што болкиве траат еден ден, така да, шуќур!
     
    На najubava2010 му/ѝ се допаѓа ова.