1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Ливинг, крварењето при овулација е резултат на зреењето на јајце клетката и прскањето на фоликулот. И обично има розевкаста или црвеникава боја (светло е) и е во мали количини, како исцедок на гаќичките. Ако е поизразено, т.е ако е крварење во вистинска смисла на зборот, проследено со многу силни болки, може да се работи за ендометриоза. Меѓутоа, кај голем дел од жените е присутно ваквиот крвав исцедок при овулација, иако некои не го ни забележуваат.

    Очајна, ништо не кажува тоа што имаш болка на десната страна - може причини да има повеќе. Затоа, оди на лекар ако не се трпи болката, нема смисла да одолговлекуваш.
     
    На ocajna93, ANITA5 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Ми се појави помеѓу брадата и грлото топче од околу еден и пол до два сантиметри. Многу е трвдо и ме боли. Сакам да одам на лекар , но морам до четврток да чекам. Што мислиш Ана дека ми е? :worried:
     
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    ^Бело е по боја?
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Внатрешно е, не можам да го видам, но кога се допирам се чувствува, а и многу ме боли.
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Aха, мислам дека ти е лојна жлезда од оние слични зад уши како што се прават... Мислам дека имаше една крема за нив, ама не ми текнува како се вика. Не го чепкај сега за сега, појди на доктор тој нека ти го види, ама според мое онакво е какво што ти кажав... Не се страшни тие не се секирај ;)
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ocajna93

    ocajna93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Мајками пак ми вика дека е од настинка на јајникот или пак се наоѓам во фаза на овулација..иначе болката престана..сега можам да ја осетам само неколку секунди и толку, нишо повеќе.. :^) а ова ми се случува по втор пат..истово беше и минатиот пат само шо тогаш не беше толку силна..да се надевам дека се ке биде во ред..дека ке помине се..леле мразам што сум женско!!! :@
     
  7. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки
    дали знаете некој лек за мигренски болки ?хелп плс
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Некоја жлезда ти е отечена, најверојатно се работи за некоја инфекција. Може да биде од заб, може да биде од плунковните жлезди под јазикот, или пак реакција на некоја лимфна жлезда на воспаление на грлото. Најточно ќе ти кажат на преглед. Инаку, мислам дека нема да има потреба од терапија ;)
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Едно прашање, влегувам во 30-тата година и ме интересира на која возраст би требало да се направи мамографија, немам некои промени на градите ама дали треба да се проверам?Ако некој знае каде, каква е процедурата, дали треба упат од матичен, колку пари е..Секоја информација би ми била корисна. Благодарам
     
  10. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Ти треба упат од матичен. Еднаш бев во јане сандански и таму пишуваше дека првиот преглед е бесплатен. А иначе мамографија можеш да си направаш. Другарка моја 20 години има па и најдоа миом :worried: , така да ако би се осеќала поубаво ако се прегледаш, прегледај си се. Апаратот колку што имам слушнато бил најдобар и најнов во железара, ама види распрашај се :)
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ocajna93

    ocajna93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Lolyta777 мамографијата смее да се изведува кај жени од 40-та година па нагоре. Односно колку што знам кај жени кои доеле или родиле (мислам). Сепак не се препорачува за помлади од 40 години затоа што сепак е зрачење, но доколку има сомневање за нешто од страна на доктор тогаш би се направило. Затоа што јас имам една другарка која е на возраст колку мене значи 18 години уште малку, а правеше мамографија по налог на доктор и и беше откриен бениген тумор. Ова ми се донекаде познавања од гинекологијата, зато шо учам медицинско, ако грешам поправете ме ;) :*
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.104
    Допаѓања:
    88.071
    Пол:
    Женски
    Бев на лекар, среќа оставила замена докторката. Пред некој ден ги депилирав надусниците и ми се појави мозолче на едната страна и од тоа ми отекла лимфна жлезда. Но, ми даде да проверам крв и мокрача да не сме пропуштеле нешто. Ме праша и колку години имам, млада сум била за без резултати од крвта да ме праќа на друго место. Се надевам дека тоа друго место не е тоа што мислам, ама беше доста уплашена докторкава.
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Нема што да мислиш, не е ништо страшно, ќе помине. ;) Ете гледаш, понекогаш некои ситници може проблем да предизвикаат.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да прашам дали некој ги знае последиците од појава на миом на матка во текот на бременоста? Јас денес бев на преглед и ми рекоа дека имам миом. И сега сум во паника.
     
  15. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    не знам многу околу тоа ама и мојата сестра е бремена и на неа и е откриен миом на матка она е во првите месеци на бременост беше пред некоја недела на преглед и рекоа да почека неколку недели за да видат дали ке порасне миомот.исто така беше на повеке лекари и секој и кажува различно мислење и таа е во паника бидејки не знае што ке се случи можеби е подобро да слушнеш повеке стручни мислења.со срека.поздрав
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Не се плаши, не е ништо страшно. Веројатно си го имала и претходно, само сега изгледа пораснал малку, што може да се случи во бременоста. Инаку, за плодот не е штетен, освен ако е на место каде што нема да му дозволи да расте и да се развива, ама тоа ќе видат докторите дополнително. И треба да се внимава при породувањето, да не се повреди миомот оти може да дојде до крварење. Но во глобала, миомот е многу честа појава и не е опасен. ;) Моја блиска личност со миом на матка роди две деца без проблем.
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Многу ме радува што има ваква тема и се надевам и ќе добијам одговор :( :( многу сум загрижена..
    Моето братче пред 5-6 години имаше циста во коската меѓу вратот и рамото (незнам како точно да објаснам) и му ја отстранија со операција..после тоа имаше празнина на тоа место иако му вбризгуваа коскена срж ама после извесен период се пополни дупчето. Ама како што влегуваше во пубертет и како што растеше пак му се создала празнина :worried: :worried: и ренгенската слика кога ја видел докторот рекол пациентот да оди на преглед (сликава ја носеа наши пријатели само да ја види лекарот) а матичната и кажала на мајка ми дека тоа е некаква склероза на коската..
    Ќе ве замолам ако некој знае нешто околу ова да ми каже бидејќи многу сум загрижена и исплашена ;(
    Значи било каква информација да добијам ќе ми биде од корист а прегледот е веќе закажан ама неможам да чекам мирна сакам да дознаам било што и се надевам не е ништо сериознооо... ;(
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Annath ако го прочита ова како стручно лице или било кој друг што се разбира би го замолила да ми каже.
    Имам болка на заб кај кој живецот е умртвен пред 5 години, од што може да е тоа и дали е сериозно да одам на забар?
     
  19. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    И јас имав таков заб, со умртвен живец, траеше околу 4-5 години и кај мене, а потоа почна да ме боли. Отидов на забар, ми го снимаа забот и ми рекоа дека е многу загноен и дека му нема веќе лек, морало да го извадат.

    Инаку и јас имам едно прашање. Одамна ги имам овие главоболки, но во последно време некако се зачестија. Станува збор за јака, ненадејна и остра болка од левата страна на главата, која трае неколку секунди, т.е. од 1-3 секунди. Порано не беа толку чести, но сега скоро нема ден а да не осетам ваква болка барем еднаш во денот. Се јавува при нагли движења, а скоро секогаш се јавува и кога имам секс.
    Да спомнам дека некаде во месец јуни минатата година, паднав возејќи ролери и удрив на камен со главата, на истото место каде ми се јавуваат болките. Тогаш веднаш ми изникна џумка на местото, прилично голема, болна на допир и ми помина за неколку дена. Се си мислам дека од тогаш почнаа болките. Пред неколку дена кажав на моите дома и тие многу се исплашија. Ме караа зошто не сум им кажала за ударот до сега. Но јас не претпоставував дека може да биде сериозно, па и порано сум паѓала и од ролери, и пешки и сум имала џумки по главата :D
    Сега се обидуваат да ми закажат преглед. Но во Скопје било презафатено, па најверојатно ќе одам во штип на снимање. Се двоумат помеѓу магнетна резонанца и компјутерска томографија. Што е подобро?
    Ве молам помогнете ми, можно ли е да е нешто сериозно? За преглед изгледа малку ќе си почекам... Многу било тешко да се закажи снимање за брзо време... :(
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски

    Такви цисти може да се јават кај децата во периодот на раст, обично на долгите коски, а јас како што те сфатив тебе, се работи за клучната коска. Не се ретки, а се резултат на некое нарушување во растот на коската. Обично, кога ќе помине периодот на раст поминуваат сами од себе, само треба детето во тој период да се пази од преоптоварување на коската, за да не дојде до скршеница.



    Главоболките може да бидат резултат на ударот, а да се утврди конкретно што е причината, мислам дека е подобро да одиш на МРИ, т.е магнетна резонанца, затоа што поголема е веројатноста за поточни резултати, а од друга страна и нема зрачење, за разлика од ЦТ. Ама прво види матичниот лекар што ќе ти каже, иако мислам дека и тој ќе те упати на МРИ. Оди најбрзо што можеш, сепак се работи за главата.



    Да одиш на забар. На тој заб имаш најверојатно гноен процес во коската, и ќе мора да се лекува или да се вади, зависно од тоа колку е напреднат процесот.
    Инаку, има тема посебно за проблемите со забите ;)