Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Дали таблетите за одложување на менструацијата можат да се купат без рецепт? За ден-два треба да добијам менструација, прашањето ми е ако од утре почнам со таблетите дали нема да добијам деновиве.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Тие се хормонски третмани и 99% сум сигурна дека нема да ти дадат без рецепт.
     
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.982
    Допаѓања:
    26.368
    Цел ден имам чувство како нешто да ме притиска кај грлото и ме гуши... Можно ли е да е алергиска реакција?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Најверојатно е алергиска реакција. Напиј се лоратадин.
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ги даваат и без, обично во приватните, ама сепак за твое добро е да си има рецепт.
     
  6. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    на Дексаметазон+хлорамфеникол капките за очи,пишува по отварањето се чуваат во фрижидер.Е сега да ве прашам пред употреба треба ли да постојат на собна температура или мора ладни да се употребат
     
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.224
    Да треба да се чуваат во фрижидер за тоа си во право (не не ги ставај во горниот дел туку доле каде што стои зеленчукот), и секако дека може да ги оставиш да постојат на собна температура пред да ги користиш дома сигурно не ти е 40 степени, нели

    а во врска со таблетите за одложување на периодот мислам дека требаат повеке денови пред ...да ги пиеш -дека одма не дејствуваат.....барем така имам слушнато,а лично немем пробано
     
  8. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    Јас да ве прашам може 5 дена наназад чувствувам тапа болка на десната страна на стомакот. Прво почна да ме боли доле десно и мислев дека е слепо црево, а после тоа добив и циклус (иако пред недела дена имав). Бев на лекар гинеколошки на ехо општо ми рекоа дека е ок се, на општ лекар ме напипа таа и имав тапа болка во пределот на слепото црево па ме прати да направам крвна слика и крвната слика беше ок, леукоцитите беа мирно. Немаше наоод и ме пушти дома велејќи ми да ставам топло и да пијам течности. Но еве веќе неколку дена не поминува, чувствувам таша болка на цела десна страна од слабината па се до јајниците. И ме боли кога ќе притиснам кај селпото црево. Осеќам како подуеност и болката иако е тапа постојана е. Денес и малку ми се гади.
    Ваше мислење што би можело да биде, не знам дали да одам во понеделник пак на лекар, збудалев паметот само таму ми е се плашам нз што може да е :/
     
  9. Saxobeat

    Saxobeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    99
    Чувство на боцкање во пределот на матката

    Здраво на сите имам еден проблем и не знам како да го решам чувствувам како пецкање-боцкање во пределот на матката бев на гениколог ме гледасе на ехо и во вагината ми кажа немас ништо внатре ти е се во најдобар ред имав само инфекција трохи. ми даде апчиња флажил и вагиналети флажил али пошто сега треба да ми дојде ми кажа вагиналетите да ги користам откако ке ми завши ама многу непријатно чувство ми дава оваа боцкањето како да ги ублажам болките.. аа пијам и увин чај... фала однапред :*
     
  10. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    Чувство на боцкање во пределот на матката

    Може проблемот да не е во матката,
    може да произлегува од уринарниот систем.види направи си испитувања на крв и мокрача,може и ехо ,посоветувај се со интернист.
    поздрав
     
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Девојки после целодневна прошетка во неделата со поотворена маичка грбот ми е црвен, сонцето ме изгоре и сега не можам ни да се допрам премногу ме боли :( некое чаре :?: :?:
     
  12. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    земи јогурт и намачкајсе и оставиго да се исуши.
    А исто така и белка од јајде земи и намачкајсе со белката и да се искуши и потоа лупија и како што ке се лупи излегува изгореното (испробано) ;)
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Или стави на крпичка оцет и стави си ја на грбот. Јас еднаш загазив со многу големи изгореници од сонце на лицето и матичната ми рeче да се мачкам павловичева. Веднаш ми помина.
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Освен јогурт, кисело млеко, сапуница да се мачкаш напиј се и еден парацетамол, ќе го смири црвенилото
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Темава ми стана секојдневие :( Ама пред неполн час почна да ме стега нешто во градите кога дишам, т.е. на левата града горе од десна страна ме стега нешто при дишењето :( . Што може да биде
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.388
    Допаѓања:
    114.452
    Пол:
    Женски
    Женски дали ви се случило од носот да ви истече неколку капки бистра течност, а да не сте настинати. Мене сношти од спиење ме разбуди , и денеска пред малку кога се наведнав ми истече пак. Знае некој што може да биде??? Фала од напред.
     
  17. feemina

    feemina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    12
    еј, ти дане си добила сончаница?????
    ставај ладни облоги , пиј тецности, парацетамол.
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Порано имав улкус на дванаесетпалечното црево, но го излекував со терапија. А имав и хеликобактер пилори, сега не сум правила преглед незнам дали имам сеуште. Па сакав да прашам дали може повторно да ми се јави улкус, оти последно време ме боли желудникот почесто?
    Ако некој имал ваков проблем или пак е медицинско лице ве молам да ми одговорете. :sweat:
    Или нека ми пише ЛП.
     
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Можно е Стрбакс :worried:
    Направи контрола, знаеш дека хеликобактер треба да се провери и во фецес? Имаш таква контрола направено?
    Мене ми се случи слично, цело време погрешна терапија ми давале, за малку и јас уклус ќе имав :@
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Немам испитувано фецес,само крв и тоа лани. Уфф, треба од понеделник да одам да испитувам.
    Одамна ме болеше желудникот и секогаш кога одев на доктор, ми велеше дека не сум јадела доволно, бла,бла, се додека не проверив крв и испадна дека имам хеликобактер. Потоа правев и гастроскопија и видоа дека имам и улкус. За џабе лекови пиев.