Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мораш контрола да направиш, незнам зошто си чекала 1 год. контрола на хеликобактер се прави 3-4 месеци после земањето на терапијата, и обавезно во фецес мораш да провериш дали сеуште имаш хеликобактер.
    Направи си што побрзо :|
     
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Испитував хеликобактер после терапија,имав сеуште.Но, докторктата не ми даде терапија кажа само дека секој трет ја имал таа бактерија.
    Морам наредната недела да испитам пак.
     
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да прашам нешто.
    На малиот прст точно кај средината, еднаш месечно(така барем мислам) ми се згрутчува, ми се прави едно како планинче, и малку модро е. Ама страпно боли, и собирам сили го мачкам со крем и го стискам пред да заспијам и утредента е пак во ред.
    Ама боли, и прееска несакајќи ми го стиснаа и офнав, па кога го видоа ми рекоа обавезно оди на лекар, можеби имаш тромбоза а не осеќаш ...

    А јас се си мислам дека сум го свиткала лошо прстот или нешто слично.

    Ако имате некое мислење, да лошо , да добро, добредојдено е. Ова не е од сега, значи од многу одамна ми се појавува, ама јас не сум таква одма црни мисли да ми доаѓаат ... ама сега ме замислија, и се мачам вечерва со такви мисли ... :doh:
     
  4. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Tedibear

    Мене пред 2-3 месеци исто така ми се случи...На малиот прст на десната рака...Абе не можев да го свиткам, на средината баш на зглобот ме болеше и ми беше отечен малку само на тоа место...Значи само на десната рака и поима немав од шо е... :D И ми помина...
    И сега ми текна дека уште една феминка тука, неколку страници понапред се жалеше од истото...Рече легнав читава, се разбудив со малиот прст отечен...
    Мислам дека сам од себе ќе ти помине и нема шанси да е тромбоза, млади сме ние, не се даваме... :muscle:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  5. BlackSwan

    BlackSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Веќе долго време, постојано ми се потатат дланките и стапалата... и лето и зиме!...едноставно неможам да се исконтролирам...многу ми е непријатно особено кога се ракувам со луѓе... кога ќе допрам некои предмети оставам траги... досега не сум сретнала личност која има сличен проблем.Ова потење навистина станува неподносливо.... доколку некој има сличен проблем ве молам помогнете..Ви благодарам однапред.
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Девојки нешто не е во ред со мојов менстрален циклус месецов.
    Имав редовна-прередовна(ко Швајцарски саат, последниве 2 -3 години) менструација, стандардна, но овој месец имав многу болна овулација (за прв пат овие 7-8 години откако имам менстрација), но вчера имав нешто како крв на гаќичките.
    Да е менстрација не е, рано ми е, треба после 30 месецов, а таа крв е помешана со белото прање, но повеќе е крв отколку бело прање.
    Овие денови одам на одмор, и немам време да одам на гинеколог, сакав да прашам дали некој има претстава што ми се дешава?

    И ми текна дека може јајниците да ми се настинати, па дали доколку е во нив проблемот вакви симпоми би ми се јавиле?
    А и ми текна дали може и да ми е апчиња или настинка, зошто викендов бев настината т.е имав температура... пиев Амоксиклав 1000 мг, и други некои Парацетамол, Витамини и сл.

    Еве ви комплетна анамнеза, само дијагнозата незнам дали ми е точна, јас мислам дека од апчиња би требало да ми доцни а не порано да ми дојде?
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Најубава, знам дека може да се појави ваков обоен исцедок и кога немаш добиено, но кои се причините не знам точно. Ќе ти одговори можеби некоја девојка која повеќе се разбира.

    Девојки, знам дека заслужувам шамар за следново прашање ама јас да си прашам пред да отидам на гинеколог, и онака планирам комплетен преглед нареднава недела.
    Значи веќе месец и пол, односно од последната менструација имам проблем со едната брадавица на левата града. Не е ништо што не ми се случило во минатото - имено кога имав мензес и сега повторно за време на овулација, чуствувам и гледам како ми истекува проѕирна течност, во сосема мали количини, и потоа ми се подзасушува брадавицата и сето тоа ужасно многу ме чеша.
    Шуќур почна повторно да поминува и еве веќе два дена е се во ред, но брадавицава ја гледам, и сеуште е црвенкаста повеќе од вообичаено и сеуште е сува. Ја мачкам со Бекутан, а после бањање и ставам бебешка пудра која го смирува чешањето.

    Дали некоја од вас има слично искуство, дали треба да почнам да кревам паника, да се препотувам или да се смирам и да отидам едноставно на преглед на градиве? Дали е ова нешто што е вообичаено?

    :worried:
     
  8. Estelle

    Estelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    155
    простор за паника нема, на многу девојки и жени им се случува да им се појави ваков исцедок (лично мене ми се нема случено, ама сум слушала) и само можам да те посоветувам да одиш на преглед колку да ти биде мирна главата ;)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Ќе си земиш оралсепт, проафтол или нистатин претходно ќе одиш или на кожно или на стоматолог ќе ти препорачаат тие... јас имав афти префатив од дечкото :@ :@ :@ :@ по една недела ми поминаа исто можеш со сода бикарбона да си го триеш јазикот за да поминат побрзо и плакни ја устата со чај од камилица. Јади овошје некое полесно што можеш да го џвакаш :)
     
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Пирамидке место за паника нема. Сега кога ќе одиш на гинеколог обавезно да му кажеш. По тоа што го велиш мислам дека имаш зголемено ниво на пролактин, којшто обично се јавува кај бремените жени, а и немора. При секое хормонско испитување кое се изведува кај личности со пореметување на менструалниот циклус задолжително е да се одреди вредноста на пролактинот.
    Мене ваква ситуација ми се има појавено после пиење на еглонил апчиња. Што се однесува до тоа дека те чеша градата, бебешка пудра не ставај, можеш да пробаш со АД капки или со некое др масло (треба мрсничко, за да не ти се суши брадавицата). Се надевам дека малку ти помогнав.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Фала многу!

    Неса подголтнав кога видов - кај бремени жени. Во ред ќе му кажам обавезно!

    Фала уште еднаш :*
     
    На nesa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    од апчињата ти е, од ништо друго! не се грижи, од следниот месец ќе ти се врати во норамала. :)
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Точно е штп ти пишала неса, најчесто кај бремените се јавува ова (т.н прво млеко-колострум).
    Пробај со чист ланулин да ги мачкаш градите (јас со ова ги мачкам [​IMG])
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    :worried: Фала Блонд, ама не сум бремена, сигурна сум 200% ;)
     
  15. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Девојки да ве прашам,скоро секое утро кога ќе станам ме боли грлото,а потоа ми престанува.Не ми е црвено,додека јадам не ме боли,но после станување одсабајле обавезно. Исто така сабајле ме стегаше левата страна од грлото и не е прв пат вака да ми прави. Знае можда некој од што може да е ? :?:
     
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.221
    Допаѓања:
    56.903
    Пол:
    Женски
    Шугар да не ти расте умник на таа страна?
    Мене стоматологот ми рече дека од умниците ме болело грло, не знам која е логиката, но веројатно ја има :D
     
    На sugar му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Јас овој проблем си го имам веќе со години...
    И не му придавам особено значење, а имам читано и дека не е ништо страшно ако грлото те боли кога стнуваш сабајле, а потоа престанува.
    Ако продолжува да те боли цел ден, тогаш превземи мерки.
     
    На sugar му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Има и тема какви цигари пушите.
    Девојче, те молам, прочитај си ги правилата, и не отворај тема без да провериш дали има иста.
     
  19. dekce

    dekce Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Па вака : имам некое чешање на вагината , сега сум со менструација и не многу ме чеша но додека да ми дојде тоа ме чешаше да не речам многу , средно , што може да е , а ми е многу незгодно да одам на гинеколог пошто никогаш досега немам отидено , ако може некој совет , прочитав да се измијам со камилица ? нема да пречи ништо што сум со менструација па да се измијам ? одговорете ми најбрзо што можетее .. фаала ви .
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. LyckliG

    LyckliG Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    34
    Па може да има многу причини (нормално ќе ги скокнам медицинско-гинеколошките), на пример:
    -интимна депилација/бричење во скоро време
    -сапун или купка кои не се за интимна намена
    -долна облека и материјалот од кој е направена (преферирај 100% памук и перење на највисока температура)
    -недоволна/прекумерна хигиена (од втората може да дојде до пресушување и иритација во зависност од средствата)

    Совет плус: колку и да ти е незгодно, еден ден ќе МОРАШ да отидеш на гинеколог. Доктор ко доктор. Оди си кај жена, тоа би требало да ти биде полесно. Така ќе дознаеш дали можеби имаш некоја инфекција или што и да е, и да ти препишат лек.

    Инаку можеш слободно со камилица да се измиеш, не менува тоа што имаш добиено.