Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Напиј се кока-кола, мене секогаш ми помага кога ми е лошо и кога имам мачнини, исто така и кафето ми помага. Обавезно пиј повеќе вода. :)
     
  2. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Doozy да се намачкаш со течна пудра (што ги мачкаат децата кога имаат сипаници) помага пробај.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cuciTo

    cuciTo Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    13
    на ногата ми испадна едно црвенило и кожата ми е мн груба
    понекогаш многу се сцрвенува и стварно ме нервира
    до сега не сум имала никаков проблем

    незнам од што ми испадна :?:
    дај кажете што да му ставам да ми помине плисс :(
     
  4. Maciiiiii

    Maciiiiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Ме болат градите.

    Веќе неколку дена ме болат градите, и некако ми се тврди... Може ли некој да ми каже од што може да е оваа ? :/
     
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Па то е знак дека ќе ти дојде црвената тетка на посета :D Претпоставувам дека е тоа. А другата варијанта е,ако имаш и други симптоми,да си бремена...Ама провери за нив во таа тема.


    Пробај со павловичева (бебешка) маст. А иначе кожен лекар ќе ти кажи поубо и можи да ти препиши нешто.Има специјални масти.
     
    На Maciiiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Дечки фала ви на сите, да ви напишам само дека откако се напив двапати Лоратадин, се смири ситуацијата. Сега на брунчиштата им ставам Синопен, па се сушат и тие. Добра е идејата и на Алондра, ќе им ставам и течно пудро сега пред да си легнам, како не ми текна на тоа претходно.

    Тенкју вери мач, уште еднаш. :)
     
  7. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Женски и јас ке си го пишам проблемот ако имате совед СУПЕР ако не чаре на друго место ке барам...
    Значи последниве недели сум премногу изморена и немам сила што не е својствено за мене. Воопшто немам апетит. Денес цел ден сум само слива, крем банана и пола чаша вода. Ако јадам повеќе ми доаѓа мачно и нагон да повратам. Ајде тоа е ОК. Ама на пример кога ке станам не ме држат нозете, морам да седнам. Многу ме исплашија и чудните напади што ги добивам. Си чепкам нешто во едно шкафче и рацете ко почнаа да ми се тресат, не ги чувствував се испуштив што држев. И така станав да отворам врата, некој ѕвони и одеднаш нозете почнаа да ми се тресат ама такво тресење што бев изненадена. Се потпрев на ѕид неколку минути не бев при себе. И ми се случува пред мене се да ми се стемни ни слушам, ни гледам и мислам дека ке паднам. А и се полу-онесвестив неколку пати само одеднаш ке се струполам на земја и после не памтам ни колку сум лежела ни како сум паднала. Кратко сум лежела ама...
    Знам дека е долго и се извинувам ако ви одземав внимание. Но не сум тип што веднаш ке отрча на лекар. Мислите дека има потреба? Мислам дека го знам одговорот, ама ви се има вака случено на вас? И што мислите дека е? :$
     
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Храна девојко, само тоа е чарето... Како мислиш да се одржуваш во живот само на слива, крем банана и пола чаша вода?
     
  9. Maciiiiii

    Maciiiiii Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Понекогаш тоа се симптоми на бременост, а ако не е така тогаш мораш да се храниш ... едначка бев на диета и не јадев ништо и ми се случи истото... Поздрав... :*
     
  10. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Мене сите овие симптоми ме асоцираат на слабокрвност-немање апетит, вртоглавици... Како и да е, мораш да јадеш повеќе, макар и со сила. :!: И не заборавај да провериш крвна слика.
     
  11. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    кој се симптомите за цревни паразити (глисти)?
    Мене последните 3-4 дена ме боли стомак, нон стоп сум омалаксена, и апетитот ми е сведен на нула :sweat: мајка ми рече дека како мала сум имала глисти...па викам да не се поновени сега пак.......утре одам на лекар не се издржува веке...
     
  12. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    АНКИЛОСТОМИ, НЕМАТОДИ, ТЕНИЈА, ДЕТСКА ГЛИСТА

    Црвите и останатите цревни паразити кои се вселуваат во луѓето се наоѓаат во сите земји во светот. Секако, нивната појава е зачестена во тропските и суптропските земји и се актуелни за време на сезоната кога врне дожд. Децата се повеќе погодени од овие црви за разлика од возрасните.

    ПРИЧИНИ И СИМПТОМИ

    Вообичаените симптоми на цревните црви се дијареа, лош здив, подочници, зачестена потреба за храна, умор најчесто навечер пропратено со лош сон, анемија и главоболка. Нематодите допринесуваат воспалување на цревата, градите, гадење, повраќање, губење на тежина, треска, нервоза и надразнетост. Детските глисти можат да предизвикаат интензивно чешање на областа околу ректумот. Тие исто така можат да предизвикаат периодични напади на дијареа пропратени со констипација, губење во тежина, кашлање и треска. Анклистомите предизвикуваат пораст на анемија и нарушувања во исхраната.

    Повели, али мислам дека немаш глисти зашто немаш апетит. :)
     
  13. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124

    да, ама затоа имам ненормално губење на тежината...не знам до каде ке стигнам со тоа губење на килограми :sweat: имам 20 години и 43кг ....не е нормално тоа... ;(
     
  14. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Леле :o епа ондак утре сабајле одма на лекар :worried:
    али учевме ние во основно за детска глиста памтам ако во изметот имаш некои како црвчиња ондак имаш глисти...
     
  15. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Знам дека најголема можност да се појави е од нагло станување, но не ми е од тоа мислам...Бидејки и кога полека ке станам, па дури и од стол, ми се врти...Значи можно е тогаш и крвта да ми е слаба само штета што неможам да идам да си ја проверам пошо немам упат, бидејки мојот матичен е цел месец на одмор :fubar: Дали со храната може да се подобри за побрзо време како што се постигнува тоа на пр. со некои лекарства за зајакнување на крвта??? и ако е можно тогаш која храна би била најдобра за тоа??? Вчера си купив цвекло и едвај го изедов, но ако стварно има ефект има да го јадам и тоа како :lol: :D
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    nice.girl9090 јас знам дека брусницата помага за крвта,и сокот од брусница.А иначе зависи од тоа кои зрнца од крвта се во прашање,има различно лекување.Мора крвна слика.А можи и нешто друго да е,некоја инфекција.
     
  17. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Едното око ми е многу црвено и ме пече а повредено не ми е. Што да му ставам?
    инаку не сум наспиена можно ли е да е од тоа?
     
  18. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Значи вака 2-3 дена не се чувстувам добро имам цело време нагони за повраќање ама исповратив само вчера наутро 3-4 пати и толку а имам и п.олив. Пијам диастоп, ама п.оливот никако да запре (а да јадам и само варен компир со сол) :tmi: . Покрај внатрешните грчеви кои ги имам во стомакот овие 2 дена (денес трет веќе) сабалјето кога станав ме боли цел стомак надворешно (како кога имаме воспалени мускули) значи неможам ни да се смејам имам голема болка во цел стомак. Е сега ако некој има да ми даде некој совет. Пошо мојата матична е на одмор уште 1 недела а нејзината замена е ужас и кај неа неможам да идам :tmi: .
    ЕДИТ: Дајте ми совет и за тоа што смеам да јадам освен компири
     
  19. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Стомачен вирус, мускулатурата ти се воспалила од повраќање, нормално е тоа. Инаку апчињата џабе ги пиеш, кога е вирус обично треба време сам да си помине. Е сега малце и подолго те држи, така да размисли што си јадела, да не е тровање? Иако и тоа обично побрзо поминува, јас ти давам најмногу уште ден-два и ќе бидеш ко нова. И подобро пиј Линекс или Стрептосазол, Диа Стоп се некако ептен слаби. И освен компир можеш да јадеш, варен ориз, двопек, банана, супа многу за да не дехидрираш, чаеви(од нане особено), мн вода, некои препорачуваат и јогурт иако јас искрено не. И отприлика тоа е тоа, овие денови мала диета :)
    Е да и за да се смири слузокожата на желудникот и цревата Реглан. Иако јас искрено ги мразам мн ме тераат на спиење
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Тровање не е 100% пошо деновиве по цел ден дома и имам јадено исто што и моиве и на никој ништо не им е а и претежно лесна храна имам јадено. Вода не смеам ама чаеви пијам, а од водата штом се напијам одма повраќам, затоа чајче пијам. А вчера има и 37.5 температура ама за 4-5 саати ја симнав, знам дека не е висока ама се чувствував омалаксано. Се надевам ќе помине, значи немора да одам на лекар. Инаку мене ме загрижуваше највеќе болката во стомакот мислам дека секое грамче од салото ме боли :$