Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Па најчесто нозете ми се свиткани и качени на столот, или седам вака
    [​IMG]
    Можно е да е од тоа? Но сепак, да ме боли толку силно дали е од тоа, буквално ми е тешко да се исправам или да седнам :worried:
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Најубаво ќе ти биде да почнеш да вежбаш нешто, пилатес или нешт слично можеш и дома и навечер ангажирај некого да те масира со ракија или тие масти некои што има за оваа работа.
    Исто доктор ми има кажано дека за болку во кичма и иасправување се препрачува лежење пола саат секој ден на паркет ;)
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Или си преладила нерв или почнуваш да се кочиш од неактивност и премногу седење. Почни да правиш вежби за кичма и половина а ако е нервот во прашање ќе мораш да го загреваш и стално да ти е топло на половината.

    Обично девојки кои идат со голо меше на мотор така се преладуваат.

    Но што и да е ако не е од бубрези секако треба да имаш подобрување.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Во последно време имам проблеми со спиењето, поточно ме мачи несоница. |(
    Неможам и неможам да заспијам, кога ќе легнам со саати се превртувам во кревет, какви ли се не мисли ми поминуваат низ глава, не можам да се опуштам и да заспијам.
    И кога спијам, многу често се будам во текот на ноќта.
    Некој совет? :?:
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Девојки,многу ми се лупи кожата на главата :worried: Огромни парчиња првут после секое миење на косата.Се вратив од одмор пред 2 недели,да не е од тоа,пошто не носев никако ни шешир ни капа,па да ми се лупи кожата?Зашто никако не сум имала првут досега.Си реков од шампонот да не е ,ама ја измив 2,3 пати со бекутан и пак исто.Совет?
    Btw-и јас имам проблем со несоница,па морам да се напијам некое апче да заспијам :sweat:
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Да не ме сфати погрешно, ама мислам дека во твојот случај е грижа на совест и мене ми се случувало.
    Затоа, немој да пиеш никакви апчиња за заспивање или смирување, читај книга или гледај филм пред спиење, пиј чај(знам дека е лето :| ) и не пиј кафе навечер.Со време ќе ти помине :)
     
  7. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    морав да прашам .. :$
    имам зачестено уринирање .. и на моменти ме боли ко да си ги осеќам уринарните патишта .. пред 1 сат некаде .. бев во WC и само 5 капки мочкав .. и кога се избришав имаше малку розево ...
    цело време ми е како да неможам да завршам со уринирање .. и добив силна болка во бубрегот ..
    btw настината сум .. кивам и носот ми течи .. вчера имав дијареа ...
    откако се напив увин чај ми се смири болката во бубрегот .. ама пак ми се мочка на 5 мин ...
    ве молам кажете ми дали е нешто сериозно ..
    што може да биде :( ..
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Си ги преладила бубрезите или имаш некоја инфекција. Пиј увин чај и земи Палин или 5 Нок таблети (обично тоа даваат лекарите). Ама за сигурно која терапија да користиш направи анализа на урина и матичен ќе знае што да ти препише
     
    На Reaper666 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    и јас помислив на тоа .. или пак на песок .. такво нешто ..
    ќе одам утре на матичен .. и ќе проверам крв и мокрача ..
    сепак фала .. :)
     
  10. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Дали е нормално да чувствуваш нешто како жештина во пределот на испакната бемка? Што може да биде тоа?
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Мислам дека е можно ако си ја чешала, изложувала долго на сонце, или ако си ја закачила со облека или пример во спиење или нешто слично.
    Не го знам точниот збор ама нешто како иритација му доаѓа.
    И мислам дека не е ништо страшно. Сепак ако не ти помине за ден два, оди на кожен лекар. :)
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Па може не си уморна, пробај движи се повеќе (колку што е можно на топлово), некоја поголема физичка активност и би требало да има подобрување
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    100
    Па не се сеќавам дека сум ја закачила некаде :?: освен во спиење, во спиење и друг пат ја имам "тормозено" без да сакам, ама пак ништо не ми било, а ова почна вечерва, можно е и од сонцето да е, или од облеката, не знам, се надевам не е ништо, убаво рече ако не прекине до утре ќе одам на лекар.
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Баш напротив... Деновиве сум повеќе физички активна, постојано сум во трчање и имам многу обврски. Физички сум изморена, ама мислите ми работат 100 на саат и не ми дозволуваат да заспијам. :tmi:
    Пробав да испијам чаша млеко пред спиење (иако не сакам млеко)-немаше подобрување. Ни броење овци, ни седење на тераса, ништо не помага. Ужасно се чувствувам, уморна сум а едвај заспивам.
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Пушти си филм, некоја комедија, некоја убава музика, направи нешто што те исполнува за да заборавиш малце од малце на тоа што те мачи.. Значи проблемот кај тебе не е физички туку психички, во никој случај не земај апчиња. Пробај со нешто природно како чај од камилица или уште поубаво со чај од липа. Едит-чајот од нане исто бил корисен за слични проблеми :)
    Чај од липа
    Чајот од липа многу помага кај настинки и воспаленија на грлото. Се користи како природен лек против несоница, а добар е и за смирување затоа што ги опушта нервите. Се препорачува на луѓе изложени на психички напори. Чај од липа мора да се конзумира умерено затоа што премногу напиток предизвикува срцевитегоби.
    Чај од нане
    Нането има многу лековити својства. Ефикасно е при лечењето на настинка, помага кај проблеми со варењето и благотворно делува на нервниот систем. Се препорачува на луѓе под срес и на оние со проблематично варење. Помага и за главоболка.
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    И 4ај од мато4ина мислам дека беше за несница, исто така и немој преголема физи4ка активност барем 2-3 саати пред спиење оти така само уште повеќе се активира органимот...и не јади многу доцна наве4ер исто барем 2-3саати пред спиење, и можеш да земеш некои б-витамини они се за нервниот систем така за опуштање б-комплекс или б-6
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Имам две прашања.
    Пред некоја недела ме касна (ваљда) комарец а ногата, после некое време, кога речиси ми помина ми се појави груба коричка на кожата, не можам да ја тргнам, црвена е и ми стои така една недела.Ја мачкав со некои креми ама ништо.Да ми препорачате некоја крема?

    Денес забележав топче на препоните, од напред, малку е и забележливо на површина.Масно ткиво или нешто друго би можело да биде?
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Фемина, и јас ги имам истите проблеми ко тебе, и двата идентични :o
    Да не не фатило нешто од факсов? :rofl:
    Ај жени помагајте :)
     
  19. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Кои се симптомите на стомачниот вирус?
    Мислам дека го имам,само не сум сигурна дали да појдам на доктор.
     
  20. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    Гадење, повраќање, температура, малаксаност. Можеш да појдеш на лекар ама нема да ти помогне. Пиј течности, одбегнувај млеко и ќе помине