Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Јас мислам дека и мене ме фатил стомачен вирус. Не сум била на лекар се мислам дали да одам. Моите симптоми се: мачнина во желудникот и стомакот, ме тера на повракање но не повракам, често одење по голема нужда и ми се врти во глава :puke: :@
     
  2. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    11.805
    Пол:
    Женски
    Идете си чисто за да утврдите. Ама ако е вирус неможе да ви помогне лекарот. Ќе препорача течности, витамини итн
     
  3. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Мене од вчера ич не ми е добро.
    Значи стомаков многу ме боли, начисто ме скина,
    + се исцедив од повраќање.

    Не знам дали е од стомачниов вирус, а иначе предходно татко ми го имаше :(

    Девојки кажете што да пијам или некои марифети да направам, не знам до кога ке ми трае оваа агонија :tmi:
     
  4. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    дефинитивно го имаш стомачниот вирус пријателке
    го поминав и затоа 100 посто сум сигурна во тоа што ти го кажувам
    немаш гајле ке помини
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  5. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Истите симптоми ги имам јас.
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    ^^д сејм.


    И сега чаре?
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    :D :D Изгледа помош во служба треба да бараме :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    За стомачниот вирус, кока кола, варен компир и ориз, двопек, чаеви, електролити и вода флаширана. Овошје и зеленчук никако. Може и некои капсули против пролив да си земете :)
     
    На innablood му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Reaper666

    Reaper666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    15
    појди во аптека и побарај магнезиум што се раствара во вода ..помага ;)
     
  10. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Како да смирам воспалено грло?

    Едвај голтам, тешко ми е.. ;(
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Со прополис, мене тоа ми најмногу помага. Имаш и многу други дражеи кои се ок, ама ова е незаменливо
     
    На Izaabella му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    За сите што го имате стомачниот вирус земете си од аптека Prolife од 2-3 шишенца ќе ви помине.Малецки се шишенцата и се 55 ден.Битно е дека многу помага.
     
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Првпат имав ваква болка, не многу силна ама така ме сецнуваше од време на време. Не беше болка во матката или јајниците како пред добивање, подолу беше од матката, кога ќе се превиткав ме сецнуваше болка, не многу голема. Тоа се случи вчера и отидов по мала нужда мислев дека ради тоа ме боли и ми прекина после два-три саати. Инаку имам нередовна менструација, кога бев на лекар (пред неколку месеци) ми рече дека има некои таблетки за да ми стане редовна, но не ми ги препорача дека сум била сеуште мала и нормално било менструацијата да биде нередовна на овие години, со текот на времето како ќе сум се развивала редовна ќе ми станела.
    Последен пат имав добиено на 2ри јули (ми траеше 6-7 дена) а предтоа пак немав добиено 2 или 3 месеци. Сега во август не добив, и најверојатно би требало да добијам на 2ри септември. Ама вака не ме болело до сега пред добивање...
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Секси мене секогаш така ме болело кога добијам, сосема ниско, подолу од матката
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Не се секирај, каде се не боли. Мене ме боли дури и на страна, кај слабината, сум била и на лекар ми рекле се е од јајниците, како стигнува до таму болката не знам :D т.е. си има некои нерви поврзани што ја знам, не е ни битно. Сега па ме боли цела десна страна и од напред и позади, треба да добивам така да сигурно е тоа. Ехеее уште што нема да преживееш со менструацијава :D
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Оф леле, а јас мислев дека болката во стомакот е најлошото нешто во врска со тоа. :worried: Сиротичка јас, а тоа било само почеток.... До сега ретко кога ме болело стомак и тоа малку така кај матката... а сега. :@
     
  17. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Од кога паметам за себе, сум имала проблеми со стомакот. Дури и моите ми кажувале. Ама, еве додека имам менструација значи буквално до сега никогаш не ме заболел стомак, единствено еднаш ми се случи да ме болат колковите и 'рбетот ама ништо страшно. Туку, не е тоа работата. Додека одевме во школо скоро и да немаше ден да помине, а мене да не ме заболи стомакот а сето тоа беше пропратено и со дијареа. :worried: Сум и кажала на мајка ми, и ми рекла да не претерувам, дека тоа е само школо и дека нема зашто да се плашам, треба да се опуштам и такви работи. Знам дека болките во стомакот (долниот дел) ми се всушност стравот најверојатно што го чувствувам а ни сама незнам зашто кога ете сум знаела за тестови и испрашувања, и баш тој страв се манифестира преку болките. И на пример, ќе треба да правам тест, онака се препотувам, ме боли стомак а онака знам барем за четворка. И ќе ми го даде тестот наставничката и најчесто ми поминува болката. Ми се има случено некогаш по цела недела да немам никакви болки па следната пак да, и некогаш ми се случувало наеднаш да помислам дека сум добра и тогаш пак ќе почне да ме боли. :@

    Навистина незнам зашто ми се случува ова, на лекар не ни планирам да одам, а апчиња моите нема шанси да ми дадат. Како да го пребродам овој страв? Зашто и онака сега ќе одам во средно и неможам веќе да се справувам со ова, во основно полесно беше, ќе тркнеш до вц или пак ќе те пушти и за пет минути си дома. Ама вака..
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Блу, пред две години имав исто проблем со дијареата. Јас макар и да се напиев една чаша вода, морав да одам во вц. Претпоставуваш колку ми беше незгодно, цело време трчав наваму натаму. А траеше тој период, барем една година. Испадната во дискотека, пијам нешто и ајдееее... :D Имав и грчеви плус. Страшни болки се тоа грчевите.

    Но, не ми се случило за време на тест или такви работи. Нека не те чуди, сепак тоа е некој вид стрес за организмот. Можеби во овој дел, повеќе ти е од психата, така ти сама себе си делуваш потсвесно.

    Него, мој совет ти е да припазиш на исхраната. Прекинав да јадам лута и премногу зачинета храна, а јас сметам дека ова најмногу ми помогна - престанав да пијам газирано и сокови, општо. Непотребни се, верувај. Исто, пробај да се опуштиш. Значи тестовите и испрашувањата не се ништо страшно, гледај на нив како чиста формалност пред да добиеш добра оцена.

    Јас пиев апчиња, добри 6-7 месеца. Можеби и тие ми помогнаа, не знам. Не ги отфрлај веднаш како опција, не е ништо трагично ако треба да пиеш терапија. Чудно ми е, зошто твоите би ти забраниле да одиш на лекар и да ги пиеш ? :?:
     
  19. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    6.580
    Не, не е дека моите не ми даваат да одам на лекар, јас ни сама не сакам да се влечкам по лекари затоа што тоа е една од работите што најмногу ги мразам. :D А сум и рекла на мајка ми да ми даде некои апчиња, нешто како Диастоп или за стомак ама ми рекла демек зашто уште од мала да се труеш со апчиња и такви ствари, нема ти секој ден да ги пиеш.

    А и да, знам дека ми е мене до психата, ама не ми е јасно јас обично не чувствувам страв пред испрашувања и такви работи, туку ме боли стомакот. Многу ретко ми се случило да чувствувам само страв. А тоа проблемот да е до храната, не верувам. Не јадам ни лута ни зачинета храна, ова ми е само на нервна база што се вика, ама стварно незнам како да го искоренам тоа. Не ми се случува краток период, на пример неколку месеци. Ова уште кога бев помала, од прво до четврто ама тогаш ме болеше стомакот се додека не одам на училиште а кога веќе ќе сум таму не ми е ништо. Вистинските проблеми почнаа во петто одделение, потоа во шесто не ми беше ништо, од седмо повторно почнав да имам проблеми па се до сега.

    Сепак, фала ти, ќе пробам да разговарам со мајка ми. Ама мислам дека во овој случај никакви лекови нема да ми помогнат, сметам дека за џабе ќе се клукам со нив ако јас не се опуштам, ништо нема да ми помогне.
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Можеби, опуштањето ќе дојде кога ќе знаеш дека имаш добро научено, не само за една 4ка. Кога учиш, учи како што треба, што би се рекло. Ако си сигурна во своето знаење, ќе нема место за паника. Пробај со ова, веројатно ќе ти помогне. :)

    А и па, не се притресувај како којзнае што да е еден тест или писмена... Има и постресни работи. :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.