Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.475
    Допаѓања:
    251.059
    Девојки, грлото ме боли и ме гуши, а денес сум цел ден малаксана, имам мачнини во желудникот и имам течна столица. Се работи за стомачниот вирус или сум измрзнала?
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Женски, сега забележав нешто што ме загрижи. Имено, неколку пати имам спомнато дека имам грчеви навечер во нозете. Се случуваат во спиење, а јас не можам да ја помрднам ногата. Имам пробано и да ги истегнувам прстите, но ништо. Само сам од себе мине.

    Сега гледам, дека на левата нога, каде што речиси секоја вечер имам грч, имам на неколку места како модрици, слично на испукани капилари. Ме загрижува ова, пред 2-3 недели не можев да одам како што треба цели 5 дена заради грч на истата нога. Не знам што да правам.

    Да напоменам дека вежбам во редовни интервали на орбитрекот, од пред некој ден и зумба. Се истегнувам после вежбање и поим немам што би можело да биде. :x
     
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Една детална анализа на крв, под итно... Ќе си видиш вредностите како ти стојат и ќе знаеш што да преземеш, ќе ти каже матичната...
    До тогаш, мачкај го местото со испуканите капилари со маст Алвен, 80 денари е по аптекиве...
    А за грчевите, на една другарка што си имаше слична мака ко твојава, и рекоа магнезиум да пие и и` помагаше!
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Да, магнезиум и калциум. Јас имав такви проблеми едно време и многу ми помогна магнезиум, како шумечи ги пиев.
    Секако направи си крвна слика за секој случај :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sarah1

    sarah1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    да прашам нешто, колку е нормално на девојка онака која нема родено ни ништо да и се лачи млеко од дојките и што може тоа да биде?
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Може да имаш повишни вредности на хормон пролактин. Испитај го нивото на хормонот во крвта, и секако, за да се открие причината, најверојатно ќе треба да правиш КТ, за да се провери хипофизата.
     
  8. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    3 дена имам болки во десниот долен дел на стомакот. Ги имам па исчезнуваат и пак се јавуваат. На што би можело ова да биде симптом? Дали да одам на лекар?
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Не би сакала да те плашам, ама можно е да е слепо црево.
    Инаку ти се кочи ли десната нога, повраќаш ли? Ова се останатите најчести симптоми. Оди на лекар што побрзо... Инаку, може и јајникот да те боли и да нема место за паника, ама сепак лекарот ќе ти каже најубаво.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Имало стомачен вирус наслушнав... Кои се симптомите знае некоја?
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Нема симпотми, ќе го осетиш коа ќе дојде, пролив, повраќање, омалаксеност и болки ненормални во стомакот. :x
     
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    ^Станав параноик, значи чув за вирусов и си праам сама симптоми потсвесно и со сила се терам да јадам!
    А ќе ме фати , доволно ми е да чујам и мој е... т.е. негова сум
     
  13. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Девојки нешто последнава недела ме загрижува :( нешто цела недела кога одев во вц ми лутеше долу и сабајле реков ај да видам и под вагината одма на едната страна некако како да ми е расцепена кожиката и кога одам во вц ме лути или пак кога имам секс :( не знам од што се направила така и ме загрижува бидеќи еве веќе една недела и никако не ми поминува ;( Дали на некој му се има случено вакво нешто и дали е нешто страшно да не треба да одам на гиниколог? :tmi:
     
  14. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Многу одамна и мене така ми се случуваше. И ми поминуваше со често мачкање на крема (најчето бекутан се мачкав). Може да се намачкаш и Павловичева. Причината е најверојатно иритација од долна облека, затегнување на надворешната срамна усна во внатрешноста за време на секс, повреда при бришење по уринирање и сл.
    Ништо страшно, мачкај се со некоја крема 2-3 дена ќе помине.
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  15. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    влубена се сложувам со блонд не бери гајле
    можеш и кантарион да си ставаш побрзо ке ти зарасне
    знаеш тоа е такво место на кое било каква раничка тешко зараснува ама ке ти помине
    поздрав
     
    На vlubena му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Вчера утрината забележав неколку брунки, малечки во форма на гројзе, некои 6-7 позади на вратот веднаш под косата.
    Малку ме чешаа, така и ги забележав.
    Се напив некакво антиалергенско апче, мајка ми ми го даде, па ме намачка некаков антибиотик на газа, а потоа се намачкав кутерид.
    Чешањето прекина, а косата строго врзана овие неколку денови.
    :(

    Нејсе, малку се повлекоа, денес гледам уште неколку на средината на грбот, близу 'рбетот.
    Не ме чешаат, не ме печат, купив нова крема синопен и се намачкав.

    Дали имала некоја ваков случај и од што може да бидат?

    Дали можеби нешто ме апнало на спиење, некоја бактерија, од пот или сум се зачешала, од нечистотија ли е некаква или може да биде реакција од јајца и месо? (Бидејќи вчера завршив 17 денови од Аткинсовата диета)?
    :?:
     
  17. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Најчесто алергиските реакции од протеинска храна (јајца и месо) се презентираат со утикарија. Значи не локални мали брунчиња кои чешаат, туку цели островца со црвенило, буквално како земјината карта изгледаат, де црвен дел, де нормална кожа. Започнува прво зад уши па се шири низ цело тело. Може да прогредира и да почнат да се јавуваат отоци на уста и очи. За ова е виновен хистаминот кој предизвикува хиперемија, црвенило, чешање. Ова што ти го опишуваш може да е некоја локална реакција, повеќе е веројатно да е инсект, реакција на неподносливите температури кои ги имаме деновите, следствено на тоа пот или што викаш си се зачешала. Не ги чепкај, како што кажа крени ја косата да не предизвикува дополнителна иритација, памучна облека, добра хигиена. Според ова што го опиша не ми иди во прилог алергиска реакција од храна, таа системски се манифестира на скоро цело тело, а не вака изолирано. Сепак, ако случајно започнат отоци на уста, јазик, очи, обавезно да се јавиш на лекар.
     
  18. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Пред една недела се удрив отпозади на главата ... ми се напраи ко џумка и ептен ме болеше на допир. Сеа помалце ме боли али ко да осеќам на целиот дел отпозади притисок . Си праам страшни филмчиња, дај кажете нешто .. :(
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    На што се удри? Многу се удри? :( се зависи од ударот, ако бил јак ептен најубаво е на лекар да одиш, ако не е тоа е само од сугестија
     
  20. Mermaid

    Mermaid Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    295
    Се удрив пошто сум несмасна ама богами јако. А како мислиш сугестија?