1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. dfsa

    dfsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Здраво, може некој стручен да ми одговори дали Гамалон може да се користат за концентрација, порано користев Аминолом али ги нема веќе..
     
  2. Beatris

    Beatris Популарен член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    2.364
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки. Ми се појави на срамните усни црвенило. Два дена се измивам со камилица и се мачкам канестен. Цело време се прегледувам со огледало и ми изгледа малку поминато, т.е. на едната страна ми е како афта направено, што се појавува во уста, а црвенилото е намалено. Циклусот ми заврши во петокот, а за викендот отидовме до Банско. Се бањав во базентите и си мислам од таму сум закачила нешто. Ме чешаше и пецкаше, а сега е намалено. Да одам на доктор или ќе ми помине од камилица и канестен. Искуства ве молам.
     
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.572
    Допаѓања:
    5.906
    Што е
    Магнетна резонанца
    Што е
    Компјутерска тонографија

    ..ми треба за глава снимање


    П.С. како се вика лекарот што снима
     
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    Направи микробиолошки брисеви, гинеколог ке ти препише соодветна терапија, претпоставувам дека ке ти даде и вагиналети.

    Можно е да ти помине и само со канестен, ама јас не би се играла со здравјето на половите ограни, бактерии знаат да направат сериозен проблем ако не се третираат на време.
     
  5. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.711
    Допаѓања:
    14.913
    Пол:
    Женски
    Moze nekoj strucen da mi odgovori dali zinat tableti ili furocef se bez penicilin vo sostavot?
     
  6. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    И двете работи се снимање на главата. Прво се прави томографија па доколку на снимката се увиди нешто непосакувано а не може детално да се простудира, пациентот се праќа на магнетна резонанца,за подетален и точен увид на проблемот. Докторот се вика радиолог.
     
    На SunnyGirl2 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.384
    Пол:
    Женски
    Без пеницилин се.
    Ако сакаш лично да се увериш (ако има алергија на пеницилин)
    Пиши ги на интернет имињата и клинки на сајтот на Регистар за лекови ќе прочиташ.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.927
    Допаѓања:
    326.820
    Пол:
    Женски
    Зинат не треба да земаат луѓе кои веќе имале алергија на пеницилин
     
    На Alishan30 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.502
    Пол:
    Женски
    Канестен се употребува за габична инфекција - кандида. Во случајов може да се работи за друга инфекција која треба да се третира внатрешно со вагиналети, најдобро посети доктор за точни резултати и терапија.
     
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Пред година дена почуствував силна болка на десната страна точно над операцијата од слепо црево.. Имав многу силни болки бев и на хирург и на гинеколог но ми рекоа дека немам ништо
    Еден период ми стивнаа болките имав само кога бев со циклус
    Чуствував како имам топче внатре и кога ке стисне многу ме болеше и уште е така
    Е сега сум со циклус имам пак јака болка но сега во исти правец со болката на десна страна ме боли и позади на половината десна страна посебно кога стојам или се движам
    Од што може вакви болки а тврдат дека на ехо нема ништо
     
  11. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Девојки кажете нешто ефикасно за побрзо да ја пребродам настинкава освен супи, чаеви. Во сабота сум на свадба, а лом сум солзи ми течат, мрсули, кивам...
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    45.008
    Пол:
    Женски
    Маж ми пред некој месец почна да се жали на одредено стегање во главата проследено со зашеметеност и ниско ниво на енергија, беше тогаш му земаа крв и шеќерот му беше низок, под нормалата ама како повремено му е, пиеше лекови од нив уште повеќе и прекина. Отиде во странство и не се пожали дека му се случува пак, ама ете откако е дојден постојано ми вели дека е омалаксан, дека осеќа некое стегање и зашеметеност со мала вртоглавица, притисокот му беше низок 90-60 ама сепак не е толку многу, беше на ехг и во ред е срцето, пак му наредија анализа на крв. Во меѓувреме јаде благо, спие, пие вода и витамини, газирано и мрсно малку да живне ама нема подобрување. На се ми оди умот недај боже, некој да не имал ваков проблем?
     
  13. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Дали некој имал искуство или познава некој што имал т.н вратно ребро, односно синдром на горен торакален отвор? Како ви го открија, како се лечи, дали мора да се прави операција итн.
     
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.583
    Допаѓања:
    76.820
    Пол:
    Женски
    Бубрези си проверила?
     
  15. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Како што ти кажа @mariz бубрезите (иако кажа дека те гледале на ехо), или да не те боли раната од операцијата од промена на време...
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.583
    Допаѓања:
    76.820
    Пол:
    Женски
    Дека кажа и наназад ја фаќала болката и при движење... асоцира на камче некое. Мене ме наболува раната од слепо црево, но баш на раната.. како мали бодежи.
     
    На sunshine96 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sunshine96

    sunshine96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Мене раната неодредено ме боли, не можам точно да дефинирам место, околу..Но, нејзиново највеќе асоцира на бубрези..
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Пиј Риностоп на секои 6 часа и за ден два ќе бидеш како нова ;)
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Xhenia5*

    Xhenia5* Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Истото стегање во главата го чувствувам и јас но ми рекоа дека ми е нормално од анемија, дури ме боли и градниот кош .
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.866
    Допаѓања:
    45.008
    Пол:
    Женски
    Не му е анемија денес му зедоа крв, хемоглобин 150, железо добро, ама шеќерот под нормала пак.