Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. waterllady

    waterllady Популарен член

    Се зачлени на:
    26 мај 2014
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    3.182
    Веќе 2-3 часа внатрешно околу папокот како нешто да ми се превртува. Не чувствувам болка, ама е премногу непријатно. :| Како да ми мрдаат, се стегаат и ми се превртуваат цревата, ептен страшно чувство е. :|
    Што може да е и дали има простор за паника?
     
  2. Sanii4

    Sanii4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    леле истово го имам од завчера дури и стомакот ми се подуј, иначе мачнините околу папокот и долниот дел од стомакот ги имам
     
  3. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Дали некој слушнал за кила на желудник?
    Дали е нешто сериозно и дали има простор за паника?
    Дали би се влошило во иднина и на кој начин?
    Дали се оперира?
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    Прашај го чичо Гугле и тета Вики....инаку, Да, нормално е дека сум чула..а за друго ме мрзи да пишувам кога се има на интернетов.
     
  5. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Како што има и се што се пишува на форумов, нели.
    Прашав за да ми споделите ваше лично искуство или тие што се подобро запознаени со овој проблем.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    не барај на гугл,таму ќе ти кажат дека си умрел пред 3 години. Оди на википедија.
     
    На ancenche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Википедиа е една од најнерелевантните сајтово во 21 век.
     
    На FVP и marchi-cool им се допаѓа ова.
  8. LadyyGaga

    LadyyGaga Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2012
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Женски
    Има ли некој што знае да прочита крвна слика?
     
  9. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Здраво дали некој бил на биорезонанца кај др. Благица Костадинова кај лептокарија? Ме интересира какво е вашето искуство и како работи? Јас имам алергија и затоа прашувам..
     
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Лек за болки во грлото
    Никогаш не сум имала проблем но пред некој месец ме фати вирус 3дена болки во грлото неподносливи сл сирупи таблети се смири, но не убаво остана некоја тапа болка на левата страна која почесто ме болеше навечер а утрово кога станав ме боли при голтање и тоа само на таа страна
    Некако нелагодно чуство како да имам нешто таму нешто да не тегне како подуено осекам а немам ништо
     
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    21.440
    Пол:
    Женски

    На мајка ми вака исто и беше неколку дена. Опиша како чудна болка, баш како нешто да ја тегне.
    Отиде кај матичната, и го ѕирна грлото и и препиша некои таблети па и помина за ден/два.:D
     
  12. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    29.415
    Пол:
    Женски
    Можеби не е соодветна темава за прашањево, меѓутоа не знаев каде да прашам. Дали некој бил на снимање на желудник со каша? Треба да го правам испитувањето и малку сум анксиозна зошто не знам што ме очекува. Дали е многу непријатна за пиење кашата? Дали после снимањето има некои несакани последици како гадење, повраќање или слично?
     
  13. Mxrx

    Mxrx Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    147
    Здраво девојки веќе пишав но не добив одговор. Првин имав болки во долниот лев дел од стомакот, не беа силни и траеа кратко. Подоцна се проширија низ средината на стомакот и на десната долна страна, некоггаш и во желудникот. Одењето во тоалет ми е намалено. Дали може да се работи за слепо црево ? Ве молам за одговор..секое добро
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.867
    Допаѓања:
    45.030
    Пол:
    Женски
    Како може да знаеме дали се работи за тоа, стомак може да боли од се, не чекај одговор тука туку оди на лекар.
     
    На Mxrx му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не е исклучена можноста да станува збор за слепо црево. Болката во почетокот од воспалението може да биде мигрирачка и неодредена. Би те советувала да се јавиш на лекар во што поскоро време.
     
    На Alishan30 и Mxrx им се допаѓа ова.
  16. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Веќе со години имам проблеми со грлото. Со години не престанувам да кашлам. Лани во март извадив и крајници, но нема никакво подобрување. Сеуште кашлам, имам шлајм, грлото премногу често ме боли. Што и да ми даде докторот ништо не ми помага, може да ме смири на неколку дена и после пак исто. Брис секогаш проверувам, често имам стрептокока, ја лечам, но пак ми се појавува, но некогаш и немам (како сега) и повторно грлово ми е лом. Ме гребе, стегнато ми е, не осеќам вкус... Стварно веќе ми е преку глава, се отрув од антибиотици и желудник си расипав.. Совет некој?
     
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.590
    Пол:
    Женски
    Тест алерголошки дали имаш направено??
    ете мене сега ме уби алергијава, носот ми е бетониран а очите како нијагарини водопади.
     
  18. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Имам правено и со алергиите имам проблеми, примам терапија, не знам дали е до тоа ама не ми се верува затоа што 3-4 год ми е вакво грлото секое годишно време... не знам стварно што да правам веќе..
     
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.384
    Пол:
    Женски
    Јас месец дена кашлав премногу, имав и болки во ребрата дури не можев ни да спијам како човек.
    Ми помогна мене чајов:
    Се сечка парче свеж ѓумбир( колку сакате толку) и се ставаат некои 10на зрнца бибер.Се става вода во ѓезве и се додаваат биберот и ѓумбирот.Кога ќе почне да ВРИЕ се трга од оган.Се прецедува низ цедалка во чаша.Се цеди еден лимон и се додаваат 1-2 мали лажички мед.
    Недела дена го пиев и ме опраи.Не ми помогна ни сируп, ни пастили ни ништо.Јас болка во грлото немав ич ама имав премногу шлајм.
    Чајов тера на кашлање и прочистува доста.
    Пази многу со стрептококата.Јас еднаш ја исчистив и фала Богу од тогаш ми се нема појавено.
    Можеш чајов секој ден да го пиеш, може нема да ти се поврати.Ептен е здрав и е витамински, може ќе ја избрка бактеријата.
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.776
    Допаѓања:
    202.686
    Пол:
    Женски
    Пнеумослајд да направиш, да испиташ да не имаш некоја бактерија. Пошто тие бактерии што се откриваат со пнеумослајд најчесто се резистентни на повеќето антибиотици кои почесто се користат, па да се примени соодветна терапија ако има нешто. И да јачаш имунитет секако.
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.