1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Dali moze da se snima cel.stomak koa se ima dobieno ili mora da se ceka da mi pomine ?
     
  2. Sanii4

    Sanii4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    женски ве молам за одговор..
    сексуално активна последно бев јануари послем тоа добив на време, фебруари ми каснеја но добив после 10 дена каснење, бев на гинеколог пред да ми дојдат во фебруари и се беше во ред и правев и тест бидејќи ми каснеше беше негативен но овај месец имам големи мачнини во стомакот ми се повраќа имам уште 2 дена до добивање но никогаш не ми било вака :( што мислите има место за паника?
     
    На Jessnow му/ѝ се допаѓа ова.
  3. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Мислам дека смета. Итно ти е?
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Може да е притиснат нерв или стегнат пириформис. Мене тоа често ми е проблем со грбот. Ако седиш подолго страда или грбот ниско долу или се стегаат мускулите на задникот. Имаше и метод да откриеш дали те мачи нервот или мускулот, еве видео

    Имаш вежби за истегнување еден куп на интернет. Пириформисот е многу длабоко и тука масажа не помага. Мене само јога ми е лек.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    А да одите на киропрактичар можеби сте искривени или некој стегнат нервн, одете кај др Туран
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Фала, не би инвалид да останам. Нема ништо поздраво од вежбање. Порадо би на физикална и кај физијатар ако не поминува со вежбање отколку на "крцкање" кај надрилекари.
     
    На Alisa22 и 1209 им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.289
    Пол:
    Женски
    Ја знам вежбава и ја пробав пред некој ден и затоа мислам дека е тоа :( Инаку и јас вежбав јога две години и тогаш немав никаков проблем, а немав ниту кога вежбав во теретана, ама сега се преселив и додека да почнам да работам и да се снајдам во околината не можам да вежбам, ама ја знам основата на јогата па може дома да вежбам.
    Другарка ми страда од ретка болест на коските, нервите и зглобовите, не знам ни како се вика болеста, покрајдругото има претиснати нерви, сите стручни подобри лица кои ја видоа и препорачаа јога како најдобро решение и ништо друго, таа беше многу активен спортист, држеше и часови Аеробик и и рекле никако тоа.
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Не биди толкав скептик во врска со киропрактиката. За овој д-р Туран имам слушано дека помагал и дека за ова учел во Кина и имал диплома.
    Одамна гледав едно видео за дете со сколиоза во Индија како киропрактичар со крцкање као што го викате и со масажи му ја подобри состојбата. Сега го најдов и видеото.


    Порано имаше еден човек во Велес, мислам Рибарски се презиваше ама сега е умрен. Toj "крцкаше" па откако си го повредив коленото и неспособните на лекар ништо не ми помогнаа отидов кај човекот да ми го крцне коленото. И од едно крцнување мене ми помогна, не ме болеше, подвижно беше повторно и се намали и исчезна отокот. А ако ти било судено и доктор може да ти утне работа како што би можел и крцкачот.

    Ама најубаво прво една снимка на рбетниот столб да се направи, совет на ортопед па ако не бива и на киропрактика. А за вежби секако дека вежбањето е здраво но вежбите зависат и од повредата.
    Мене болките во грбот повеќе ми асоцираат на проблеми со рбетот, остеопороза. Почеста е кај жените после менопауза ама не е правило. По 30-тата година ни се намалува цврстината на коските и не се осеќаме баш како што сме биле на 20 години.
    Мене знае од време на време да ме боли под плешката ама се тешам и го препишувам на промена на време. Боли на периоди ама кога боли, јако боли.
    Мислам на бања да си отидеме најубаво, едно две недели :D
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години имаш, ама одговорот на твоето прашање треба да го знаеш веќе кога си сексуално активна.

    По две менструации (без разлика дали се на време или со доцнење), негативен тест за бременост, месеци после последен однос и со нормален преглед на гинеколог нема шанси да си бремена.
     
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    @Abeja имам спондилоза на вратен 'рбет. Имам и рентген и дијагноза правено. И физикална.
    Делумно професионална деформација ми е, делумно наследна.
    Инаку со таа дијагноза јас треба на секои 6 месеци да одам на физикална, ама еве, после првиот пат, кога стварно ми требаше опуштање на мускулите, јас не сум била.
    Врат се стискам цела и на масажа кога идам. Не би отишла кај киропрактичар да му дозволам да ме фаќа таму кај што освен 'рбетен стол минуваат и главните артерии. Страв ми е. Страв лозје чува. Може ќе ми помогне, ама јас не би никогаш, освен ако ептен, ептен не морам. Затоа што мислам и на последиците кои може да ги има исто така.
    А бенефитите од јога кои сама на свое тело сум ги почувствувала само ќе ме натераат секому да ја спомнувам. Од вежбање нема штета, а јога е нешто што смее буквално секој да го вежба.
    Од подобар сон, до помалку болни менструации, до подобро држење на телото... Прилагодлива е јогата ептен, и буквално секој може да ја вежба во склоп на своите можности. Ни една, ама ни една повреда не сум имала. За разлика од пилатес, вежби со висок интензитет, фитнес, што ли уште не, затоа што за јога само формата е важно. Јас на пример, со аеробик чувствувам притисок на кичма, и буквално како да набивам колци на врат. Теретана не смеам со големи тежини, за да можам еден ден детето слободно да си го дигнам. А вежбање е здраво, и посебно потребно за луѓе кои цел работен ден го поминуваат врзани за биро.
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    1.049
    Пол:
    Женски
    Инвалид е недајбоже ако се праиш операција, а за киропрактичар имат многу што одат кај него, ти пробај (ако имаш до 50 год најмалку) и ништо нема да изгубиш после то на вежбање, тоа е мое мислење.
     
  12. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Не не, не е итно ќе почекам. Дека од понеделникот десно од папуот надоле знае при некое движење намоменти само не цело време да ме стегне некоја болка 1 секунда само и незнам што е. А почна откако настинав и почнав да кашлам ама кога кашлам не ме боли туку коа кр седнам некогаш кога ќе стапнам на моменти. А пробувам скокам се виткам тегнам не ме боли само кога ќе му текне.Па незнам дали е некој мускул или слепо црево или нешто друго.
     
  13. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Не се разбирам искрено, ама чим ти е вака периодично поверојатно е дека ти е мускул. За слепо црево се поинтензивни болките. Како и да е, ќе се провериш. :)
     
    На Marti96th му/ѝ се допаѓа ова.
  14. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    20.950
    Пол:
    Женски
    Имам слаба главоболка кај слепоочниците. Не е со јак интензитет да не можам да ја поднесам, ама сепак ќа осеќам и на кратки моменти дури и ми се слошува. Буквално болката е иста како кога ја носиме долго време косата стегната во реп. Од вчера вечерта ми е, отспав убаво али и денес повторно ја осеќам. Се напив рапидол ама мислам за џабе. Вчера имав така грдичок ден, стрес и солзи по малце и мислам дека е од тоа. Чаре?
     
  15. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.409
    Допаѓања:
    42.734
    Пол:
    Женски
    Јади овошје, нешто со витамини. Напиј се магнезиум. И секако најбитно обиди се да се смириш, стресот е страшен причинител на главоболки.
    Измери си и притисок, ако ти е низок јади нешто солено.
     
  16. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.160
    Допаѓања:
    10.936
    Пол:
    Женски
    Дали при примање на железо ради анемија може да се има црна столица, и дали тоа значи дека железото не се асорбира во организамот?
     
  17. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Според тоа што јас го знам црната столица е резултат на ниско железо.
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Да, скоро секогаш при примање на било каков суплемент што содржи железо, столицата е црна. Но тоа не значи дека железото не се апсорбирало. Ќе следиш по крвната слика дали има ефект.
     
    На bella.s му/ѝ се допаѓа ова.
  19. merina.93

    merina.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2013
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    322
    Дали некој има пробано акупунктура и какво е чувството. Читав на интернет за една ординација во Скопје кај Мајка Тереза спомен-куќата многу поволни работи па сакам да пробам дали ќе ми помогне. Некој да сподели искуства, и дали има идено некој таму, какво е, по колку се движат цените и слично.
     
  20. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    Здраво
    Вчера 2 пати ми се стемни пред очите. Не знам како се вика тоа. Ни причини нит последици.

    Некој да ми каже?