1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Annath ме интересира дали е опасна празнината која што сега ја има во коската..циста веќе нема ама лекарот сака да го види брат ми... а во врска со забите сликан ми е пред 2 недели пошо имав болки на забот до него и на сликата е фатен и тој ама нема ништо забарот ништо не ми рече ми кажа дека болката горе ми била од расипаниот заб доле (8 во случајов)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Па не би требало да биде опасна, евентуално коската е нешто покршлива на тоа место, па би требало повеќе да внимава. Ама штом лекарот сака да го види, тој најдобро и ќе ви каже.
    А што се однесува до забот, можно е понекогаш умниците да прават проблеми и да предизвикуваат болки и во двете вилици, па тешко се одредува за кој заб се работи. Ако ти бил расипан умникот што не го поправиш или, ако немаш можност за поправање поради лоша поставеност, да го извадиш?
     
  3. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    анат еве и јас имам проблемче, да речеме не е сериозно ама боли. мојот проблем е со јазикот :P :D

    ама стварно озбилна сум. значи целиот јазик ми е како исечен од страните а напред како ранички и топчиња, штом каснам нешто посебно малку солено или кисело ми се подува цел јазик, имам црвенило, и длабоки расекотини и еве веќе тоа трае некое време, навистина е болно а незнам дали е од недостаток на витамини или нешто друго. несакам да одам на лекар што да кажам ме боли јазикот ?
    ајде помагајте што да правам?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Обично такви ранички се последица на некоја механичка иритација на јазикот, несоодветни пломби, протези, ортодонтски апарати. А постои можност да се работи и за некаква инфекција или пак кандидијаза. Вака, на слепо, не можам да ти кажам за што конкретно се работи затоа што трае подолго време, па најдобор би било да се обратиш кај специјалист пародонтолог (специјалист за болести на устата) - или на стоматолошка клиника, или приватно (не знам кај кого би можела да одиш тука во Скопје), па тој да те упати на потребните испитувања - брис од јазикот, крвна слика ако има потреба. Мислам дека како прва помош се препорачува испирање на устата со 3% хидроген или чаеви од жалфија и камилица. Од лекови сигурно најпрво би ти препорачале некој антимикотик, бидејќи обично првиот сомнеж е за орална кандидијаза, ама вака на своја рака не препорачувам да земеш ништо. Оди на лекар, мислам дека нема да треба многу време да се открие причината.
     
  5. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    фала анат, баш сега кога спомна долго време посетував стоматолог интензивно па цело време имав туги раце во устата :D можда тоа е фала ќе се обратам на лекар. поздрав
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски

    фала ти. инаку секако ќе идеме на лекар прегледот е закажа за следната недела ама дека времето ме убива затоа прашав.. а во врска со умникот ми го поправија пред 1 недела пломба ми ставија а претходдно го умртвија а сепак јас осекам некоја болка горе во 5-ката, ама полека почнува да се губи ако не исчезне правац на забар :)
     
  7. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Во последно време имам многу голем проблем со мокрењето. Често пати одам по wc, да не речам на секои 5 мин. Кога ке одам еднаш, после кратко време пак и како да не сум била предтоа...не можам да се контролирам...Ова досега ми се случуваше само на периоди и потоа ми поминуваше, но во последно време почесто ме факаат вакви кризи, речиси секојдневно...Правев анализи на мокрачата и излезе дека немам ништо. Лекарот ми рече дека тоа ми било само од стрес ... Но не ми се верува...баш приметив, изминатиот период ,бев под голем стрес но тогаш немав проблеми... Но еве деновиве пак ме факаат кризи секој ден...Стварно не знам што ми е, ова почна веке да ме измачува. Што друго треба да испитам? Какви анализи да направам? Ве молам за помош, ако има некој што разбира овде да ме упати :) Поздрав
     
  8. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    како да се изразам :?: секогаш кога одиш многу мокриш или по малку, пошо јас така дремам во WC кога сум настината само што одам на 5 мин. по 3-4 капки и цело време ми иде нагон, ама се потстоплувам и пројде
     
  9. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    По многу .... Не знам од каде толку течност и толку често ми се исфрла од организмот. :worried: Да речам дека пијам многу вода или нешто друго...ама не... И не ми се дешава ова кога сум настината, туку секогаш. Понекогаш малку се смирува, но после пак почнува да ме напага. Не знам стварно што ми е, што да испитам, што анализи да направам. Вака не бива...
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    епа поима немам тогаш :worried: се надевам побрзо ќе си го решиш проблемот
     
  11. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.027
    ^^јас мислам дека тоа е само мало воспаление,преладен си,и оди уште еднаш да ти земат анализа на урината можеби имало некоја грешка.палин се добри за воспаление уринарно,а штом не ти е од стрес можно еова.земи напиј се и чајчиња немој да се наладена само ;) :)
     
  12. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69

    Пиев и Палин ама не ми помогна.....И да сум преладена на пример, ке ми беше вака кратко време, ама не може цел живот да сум преладена, затоа што мене ова нонстоп ми се дешава :)Не знам што е работава
     
  13. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Ана и јас имам едно прашање за тебе,можеби не е за тука но незнаев каде да го ставам.Кога имам односи ме стомакот во долниот дел и десниот бубрег.Од што може да ми е вака,ми се случува веке подолго време.? :?:
     
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ајде жени јуначни, секој совет ми е од полза затоа разбудете го докторот во вас :D

    Ок, шала на страна. Последниов месец па можеби и два, на главата ми излегуваат мали корузи.Значи хигиена одржувам фала богу,пред се работното место не ми дозволува да се појавувавм со мрсна коса :lol: значи проблемот не е тоа. Шампонот го немам променето, стандардно се мијам со истиот подолго време. Во разговор со една пријателка ми рече дека може да ми се појавиле од стрес?!...Мене искрено таа теорија некако не ми држи вода,ама што знам.

    Постелнина редовно менувам,особено како што си знае и Роко да се паркира на кревет одвреме навреме (читај така поначесто) и стварно немам идеја од каде ми никнуваат.Некако сум немукаетна за на лекар да одам, не дека ми прават корузите некој посебен проблем,ама ги нејќам на главата.Помош? Совет? :wasntme:
     
  15. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    ^^^
    Шампонот од време на време треба да се менува, ти спомна дека не си го сменила, ако ти е повеќе од второ пакување од истиот, смени го на краток период барем, па врати се на истиот....или пак ти е сува кожата на главата, стави маслиново или бадемово масло (јас кожа и коса со ова лечам, не ми се смејте дека секој совет ми е со маслава, ама стварно се супееер) пред бањање, втриј го на скалпот и остави да делува.....исто помага и со чај од камилица, 2 кесички во 1/2 литар вода, и после бањање прелиј ја главата ;) пробај :D ....нешто ќе упали :lol:
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски
    Честото мокрење може да биде предизвикано од различни причини, најчесто од внесување премногу течности, користење на диуретици (лекови или чаеви), потоа од хормонални промени (менструален циклус, бременост, менопауза), но и од некои нарушувања (патолошки состојби) во организмот како инфекции на уринарниот систем (вклучително и бубрезите), тумори и слично. Најверојатно ти е потребен еден подетален преглед, а може и навистина единствена причина да е стресот, поточно сето тоа да биде на нервна база. Секако имаш право на второ мислење, не морало само кај еден доктор да одиш.


    Можеби ти е на психолошка база, од породувањето не верувам дека имаш некои последици поради кои би можело да дојде до таква болка. Кај некои жени присутна е таква болка поради вагинизам (несвесна контракција на мускулите на вагината), страв од повторна бременост, недоволна опуштеност - тоа е се' на психолошка база. Ама може да има и некои промени во организмот кои доведуваат до тоа - посебно ако имало некои трауми, паѓања, но и породувањето (спонтано) кое може понекогаш да направи проблем со коските на карличниот дел. Можеш да одиш на испитувања кај матичниот гинеколог за да бидеш мирна, да отстраниш било каков сомнеж за постоење на некоја органска причина за тоа. А за причините на психолошка база - обично поминуваат сами од себе.



    Вакви промени и јас имам забележано кај себеси, но во лето. Исто така, се среќаваат и кај мали деца. На кожен лекар како причина го наведуваат стресот, комбиниран со честото потење, ако веќе исклучиле можност дека се работи за некое кожно заболување како себореичен дерматит, некоја габична инфекција или пак евентуално (иако е малку веројатно) некаква алергија. Значи, најточно може да ти каже дерматолог. Препорачуваа некаква течност за мачкање, ама таа е магистрален лек, се припрема во аптека по рецепт што ќе ти го напише лекарот.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    АЈде тука ќе го поставам прашањето.
    Последниов месец дена имам многу бело прање.Ако не ставам дневна улошка мокра ќе сум :( Вчера приметив дека имам густо и лигаво, нешто слично како мрсулче(извинете на израз). Од што би можело да ми е ова?
     
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Можеби ти се настинати јајниците ... можеби од некоја помала инфекција... можеби си била болна и си пиела јаки антибиотици ... можеби од стрес ... има многу причини ... Ама ако трае долго време мислам дека треба гинеколог да посетиш.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.822
    Пол:
    Женски

    Исклучиво од настинка ти е тоа. Ако нема промени во бојата (ако е бело кон бело-жолтеникаво е во ред) и мирисот, само настинка. Гледај нозете постојано да ти бидат топли, и носи боди. Затоплувај се почесто, можеш да користиш и термофор или шишиња со топла вода. А тоа што ти е како мрсулче и се тегне - тоа значи дека ти е период на овулација. За две недели би требало да добиеш ;)
     
  20. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Сигурно имате спомнато некаде претходно во постовите и се извинувам што пак ќе прашам. Ме интересира како до побрзо симнување на покачениот холестерол? Освен мрсна, пржена храна да се избгенува итн итн, има ли нешто друго што помага , на пример некој чај или таблети. Досега сум слушнала дека една чаша јогурт со една лажица кокос, да се испива откако ќе отстои една вечер.