Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.572
    Допаѓања:
    5.906
    Здраво

    Имам проблем: Имам тапа болка на десната страна на стомакот. ( јајник или слепо црево - не знам)

    После мокрење кога се бришам имам бледо кафеав-жолт слуз.

    П.С. сега ми се плодно денови.

    Пред 3 год. Имав мала циста на јајникот која не била проблем и не била страшна.

    Кога пука некоја циста имате слуз, бол, какви симптоми?

    Фала
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Самата си го даде одговорот. Во плодни денови си, овулацијата може да резултира со болка. Ако се сомневаш на друго, појди си на гинеколог.
     
    На Feminka22, DAngel и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.994
    Пол:
    Женски
    Не знам колку е баш за општи или па воопшто за овде, ама веќе мислам дека на форумов има поголеми професионалци отколку оние што се шетаат по болнички ходници.

    Се работи за татко ми, кој има хронична исхемична болест на срцето. Има стент од 2006-07, а некаде 2014та лежеше на клиника поради тромб и оттогаш пие лекови за разредување на крвта, кои лом го направија, ама никој не се осудува да му ја среди т.е. намали дозата и покрај тоа што е очигледно дека го уништува, туку си префрлаат вина.
    Од Куманово го праќаат во Скопје, во Скопје Пејков (жими тој што се грижи едино) му вика да намали, но овие во Куманово се надлежни да намалат, а не сакаат. И сега?
    Еве, во прилог ќе ставам наоди, па видете и сами за што станува збор.
    57317075_327708047941996_5566022554688159744_n.jpg
    57543546_608170662998022_5428303706787414016_n.jpg
    Така увек си нагласуваат дека е по препорака на друг и си се допишуваат преку упати. „Ве молиме сменете...“, „Не, ние ве молиме сменете...“, а човекот од толкав и пргав, ослабнат е бар 10ина кила, а рацете и стомакот му се цели модринки, да не речам скоро сосема модри. Ми иде да ги тужам до Бога милога и назад.
    Има ли некој навистина добар кардиолог-специјалист, некаде, да ме упатите каде што ќе нема да има потреба од префрлање топка, некако да му помогнам?
    Тој многу им се плаши на лекарите и пие како му речат. Било која информација е добредојдена и благодарам однапред.
     
  4. dandelion_

    dandelion_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, јас веќе околу 2 месеци сум со сува кашлица, откако по првиот месец не ми помина на лекар ми препишаја амоксиклав, но и после него си продолжи до тој степен што не можев да спијам навечер. Крвна слика последно направив на 25 март и беше се во ред, освен железото и од тогаш земам Ферум таблети,ЦРП беше неактивен, но кашлицата не запира. Пробав се, од сирупи, пастили, чаеви, грлото не ми било црвено, а и при аускултација во ред, кашлам помалку периодов, но сепак ненормално ми смета и еве од понеделникот ми препишаа Лекоклар (Кларитромицин), но се уште кашлам...Исто да напоменам дека ме болат рацете, особено навечер штом легнам и ми рекоја дека е поради стрес, но дали е возможно поради стрес толку да болат? Можеби требаше да пишам и во темата анксиозност бидејќи стварно премногу се плашам да не е нешто сериозно, плачам, се нервирам, ве молам некој совет барем за кашлицата...
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Тука нема кој да ти помогне, за жал. Консултирајте трансфузиолог најарно, за ваква терапија тој обично дава совет.

    Можеби кашлицата е алергиска, џабе се труеш со антибиотици. Побарај од матичниот лекар да ти препише антихистаминик.
     
    На ludamaja10 и calliope им се допаѓа ова.
  6. dandelion_

    dandelion_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2019
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    3 пати зедов Летизен таблети, но не почувствував подобрување...многу ме вознемирува, а и повремено чувствувам болка во градите на рандом места или пецкање за кое исто ми рекоја дека е на стрес..
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.012
    Допаѓања:
    14.498
    Пол:
    Женски
    јас од пред 12 год сум со така сува кашлица чат пат некогаш продуктивна. Во глобала 12 год сум со кашлање. Секакви испитуваќа правев ништо не се откри,добив дијагноза хронична кашлица. Некогаш ми се случува да кашлам да се давам да добивам и нагони за повраќање. Не знам од што може да е.
     
    На dandelion_ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Може да е на психичка база. Син ми има дијагноза психогено кашлање. Психолог, евентуално психијатар би можел да помогне.
     
    На dandelion_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Извини, би сакала да знам, на која основа го дијагностицираат ова?
    Син ти кога кашла, под стрес, од уплав или сосема нешто друго?
    И мене ми го спомнаа ова, ништо не ми помага, постојано кашлам а почнав и да се исфрлувам, а не е ни од храна, ни производи.
     
  10. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    561
    Е многу се нервирам, се чувствувам малаксано изгледа благодарение на времево. Пред 2 дена чекајќи ред во здравен дом, премрзнав, значи беше невозможно ладно...Тој ден цел ден не можев да се згреам, ноќта дури ме тресеше. Е сега од тогаш кога ќе земам воздух, чувствувам како болка/притисок во грлото и ме тера на кашлање. Ме заболуваше и кај градите, но фала Богу сега е подобро. Ме плаши ова со грлово, многу непријатно чувство. Некој со слично искуство?
     
  11. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Машки
    До пред година дена бев доста активен со алкохол, секако кога ќе пиеш насабајле главоболката е голема, после година дена без алкохол сеуште ми се случува да имам некогаш јака главоболка во задниот дел на главата (тилот) баш ист филинг како кога си пиел.
    Дали е можно да ми е тоа останато како резултат од константното пиење алкохол иако има поминато година од како ни капка не сум ставил алкохол во мене ?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.784
    Допаѓања:
    202.703
    Пол:
    Женски
    Поминавме со него целосни испитувања, за алергени, крвни слики, ртг снимки на бели дробови, уво, нос, грло. Нема никаква физичка причина за кашлицата. Кашла кога е возбуден, среќен или уплашен. На пример, ако се израдува кога ќе одиме некаде каде што сака да одиме, почнува да кашла. Ова му трае од 6 и пол години, сега има 8. Почнавме со психолог да работиме, ама прекинавме поради епидемијава, оти работи на детска клиника. Има подобрување, не кашла толку, да не речам ептен е проретчено.
     
    На JuLleE и MacaLove им се допаѓа ова.
  13. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.754
    Допаѓања:
    21.440
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки.

    Ми се појави еден проблем пред 2 дена и сеуште ме мачи. Имам мака со зачестена потреба за мокрење и осеќам на периоди како слаб притисок во долниот дел од стомакот. Пред две вечери ми се одеше во тоалет али трпев поради икс причини ( карајте ме:!: ) , и таа вечер глава не можев да кренам од потребата за одење до тоалет, без сон останав. Значи немам никаква силна болка, ни пецкање, се си е нормално, али ова што осеќам како да ми се оди во тоалет често и слабите повремени болки во долниот дел ме плашат малце.

    Немам можност да одам кај матичната бидејки сум во друг град, а кај гинекологот слободен термин тек крај на мај па не можам да одам на лекар иако не сметам дека е нешто сериозно вау за да одам. Што би ми препорачале за да ми поминат овие нелагодности?
     
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Повеќе течности (вода, чаеви). Избегнувај кафе, алкохол, зачинета храна. Кога ти се оди во тоалет оди, немој да трпиш. И витамин Ц исто внесувај.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. JoanaS

    JoanaS Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    3.969
    Пол:
    Женски
    За болката можеш да земиш спазмек и пиј течности. Највероватно од што си трпела ти се воспалило местото.
    Не би требало да е гинеколошки проблем.
    Инаку ако студираш во друг град може да имаш и во местото на студирање уште еден доктор покрај во тој што го имаш во родното место.
    Ова како плус инфо
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.766
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    Освен советите од девојките погоре, земи од овие ампули. Околу 60 ден е една. На пр земи 4, две испиј ги во еден ден ( по 1 наутро и навечер) и по една наредните два дена. Ќе ти олесни одма.
    3011F5E4-0E26-48FD-84CE-5C34AEDDE39C.jpeg
     
    На Feminka22 и christinnn им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Фала ти на одговорот, ќе треба сама да си забележам кога почнувам да кашлам, мада не знам како би успеала да проценам објективно.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Исто и мене ми се случи па ми рекоја да пијам чај од боровинка и мене ми помина за неколку дена фала богу инаку и јас така праев на секој пат у тоалет затоа ти препорачувам да пиеш чај од боровинка
     
    На ludamaja10 и christinnn им се допаѓа ова.
  19. agiagi

    agiagi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    6
    Здраво Феминки

    Сакам да Ве прашам од што може да имам подолг период дијареа?

    Ми трае можеби 2-3 недели, но не секој ден. Некој ден нема ништо, некој ден само на сабајле и тоа не течна дијареа, туку кашеста, а некои денови имам повеќе пати дневно како нормална дијареа.

    Дали ова може да значи некое сериозно заболување? Многу се плашам...

    Или пак, дали може да е предизвикано од стресен период?

    Ве молам сите што знаете нешто, не го одминувајте прашањето.


    Ви благодарам
     
  20. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ако дијареата ти трае повеќе од 14 дена тоа веќе поминуа во хронична форма која може да укажува на некое посериозно заболување. Задолжително јави се на лекар. До тогаш важно е да консумираш лесна храна и повеќе течности за да избегнеш дехидратација. Избегнувај млечни производи (освен јогурт, јогуртот е добар) и слатки работи.
     
    На Alishan30 и ludamaja10 им се допаѓа ова.