Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.936
    Допаѓања:
    19.752
    Пол:
    Женски
    Дали има овде медицинско лице што би ми ги протолкувало моите резултати од крвната слика и мокрача? :)
     
  2. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Можеби на некој ќе му биде смешно, ама морам да прашам. Мајка ми (која има прележано сипаници), била во контакт (без допир) со дете со сипаници (на кое истите му се сушеле веќе), и таа после тоа се измила, преоблекла. Дали јас (што немам прележано) можам да се заразам?
     
  3. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    900
    Здраво девојки, има ли некоја искуства со таблети Серапаптазе од алфалаб за акни?
     
  4. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Прееска почнав да примам инекции , имам бронхитис. Ја примив околу 12 часот и немав никаква болка, ама сега пред саат, два ми се укочи цела страна и многу ме боли едвај се движам.. Нормално е?
     
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    16.411
    Вчера ми земаа брис од грло и нос, по неколку саати, почувствував гребење на грлото, болки и ми е суво. Не спиев воопшто од болка. Спреј од прополис прскав но ништо мислам ми се влоши , потоа Зедов Трахизан и ми беше подобро.
    Моментално, пијам чај од мајчина душица. Секако ќе одам кај матичната, но мисла ми е да не е некоја бактерија? Инаку работам под клима.
     
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.070
    Допаѓања:
    9.365
    Пол:
    Женски
    Да не знае некоја колку е крвна слика и алерго тест кај Жан Митрев?
     
  7. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Почекај ги резултатите од брисот па ќе видиш дали е бактерија и ќе одиш кај матичната. Може да ти е од климата, од ладниот воздух. Избегнувај да ти биде нон стоп вклучена. Или нека работи, ама регулирај ја температурата и дувањето, да не биде многу ниска и да не дува директно во тебе.
     
  8. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    16.411
    Е сега, ова ми беше за санитарна, не знам дали ќе ми дозволат да работам.....
     
    На Al3xandra му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Ако имаш бактерија, ќе земеш соодветен антибиотик, ќе ја излечиш па пак ќе ти земат брис. . . Мислам дека не треба да ти дозволат да работиш. Ама почекај, ќе видиш. Може да ти е и од климата.
     
  10. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    919
    Допаѓања:
    671
    Пол:
    Женски
    Дечки Провен пробиотик како се пие?
     
  11. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Веќе неколу години се мачам со чешање на очите, интензивно кивање наутро и навечер и прозирен до бел секрет од носот, кој го имам исто, само наутро и навечер. Штом легнам да спијам, по некоја минута започнува кивањето и скретот од носот. Додека не се изнакивам 20 пати и да го издувам носот 4-5 пати, нема заспивање/ нема започнување на денот. Често преку ноќ се будам за да кивам. Бидејки се започна прво со чешање на очите, бев да ми земат брис од очи. Излезе дека немам ништо. Потоа бев да ми направат алерго тест. Излезе дека не сум алергична на ништо. Па отидов на уво, нос и грло. Докторот ме чукаше со раката по синусите, ме праша дали ме боли и ми рече немаш синуси. Побарав да ме прати да ги снимам синусите, не ми дозволи (не ми пиша упат) бидејќи сум била млада. И си останав така со години. Вчера направив брис од нос, па ќе видиме што ќе излезе, бидејќи вака веќе не се издржува.
    Некој со слично искуство?
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    https://forum.femina.mk/threads/Серапептаза.19397/
    Има тема за тие апчиња.
     
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.874
    Допаѓања:
    45.092
    Пол:
    Женски
    Сигурно ти е проблем со синусите, или алергија на некоја материја од душек. Може ти е стар душекот или перниците и имаат насоберено внатре прашина.
     
  14. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    900
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.971
    Допаѓања:
    5.375
    Пол:
    Женски
    И јас сум исто со години, и не само науто и навечер туку и преку ден, при провев, промена на температура, на плажа обавезно, и да не набројувам понатаму.
    Секаде бев, ми велат алергија а при алерго тест не се покажа на што сум алергична.
    Уште брис од нос немам направено.
    Пиши, баш ме интересира што ке ти кажат, бидејки и јас го имам истиот проблем.
     
  16. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Не е тоа. Минатото лето се преселив во нов стан со нов душек и нови перници. А ова што ми се случува е гооодиниии.
     
  17. moon1

    moon1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2015
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    2.637
    Пол:
    Женски
    Утре ќе ми бидат готови резултатите, па ќе пишам. Ако излезе дека нема ништо, планирам да направам алерго тест на омекнувач и прашак за перење. Само колку брзо ќе успеам тоа да го направам не се знае кај нас, затоа што само на неколку месеци добиваат реагенси кои им траат 2 дена.
    Алерго тестот што ми го направија беше глупост над глупостите. Те тестираат на нешта како што се: разни растенија, пеницилин, куче, маче, коњ... ако бев на некое од нив алергична мене реално немаше да ми треба алерго тест. Сигурно ќе прометев дека сум алергична на полен пример или на куче. Прашав зошто баш на тие работи тесираат и ми одговорија како божем биле најчести причинители на алергија за нашето поднебје. Ама коњ па? Во животот не сум била блиску до коњ. Како божем коњи има на секој чекор кај нас или па ги чуваме ко домашни миленичиња.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    @moon1 според сето ова што го кажуваш јас мислам дека ти е алергиски. Кивање, чешање на нос, чешање на очите, симптоми кои укажуваат на алергија. Велиш дека секретот ти е проѕирен, така да не верувам дека би станувало збор за некоја бактериска инфекција. Испитај си дали си алергична на омекнувач или прашок за перење.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.874
    Допаѓања:
    45.092
    Пол:
    Женски
    И јас имам ист проблем како Мун, со години веќе не ми открија на што сум, мене ми де случува истово кога добивам менструација што е најчудно, инаку приметив дека на Ленор не реагирам добро.
     
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    16.411
    Дали е можно, да имам температура а денес втор ден ми е од пиење Амоксиклав?