Форумџика на годината

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    И мене така ми се случувало, ме боли а незнам зошто. :?:
    Можеби си се удрила, а не се сеќаваш, или незгодно си спиела... Не би требало да е ништо опасно.
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Значи не е некој кој знае каков проблем, ама ме иритира. Доста ми се зголеми бројот на акни на лицето, вратот и грбот последно време. Она што посебно ме нервира е што ни навлегувам во ПМС ни па имам некој значителен пад на имунитет обично овие нешта ми одат во комбинација. И напоменувам последно време внимавам премногу на храната скоро воопшто не јадам висококалорична храна, скоро целосно сум на овошје и зеленчук и тоа претежно свежо конзумирам. Од што може да се множат акниве ко ненормални?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Нема потреба за грижа. Обично се препорачува кога даваш урина за испитување да го пуштиш првиот млаз, па да се мочкаш во чашката, која не треба да ја допираш до уретрата, да се избегне загадување на примерокот. Ако не се прави ова, во наодот често пишува „ретко бактерии“. А „ретко плочест епител“ е исто така нормално, го има на ѕидовите на бешиката (колку што се сеќавам), па мртвите клетки се исфрлаат при мокрењето.

    Можеш да одиш на гинеколог, да направиш еден преглед на јајниците, и чисто да ги исклучиш како причина хормоните. Не е до храната, понекогаш од топлото и потта, со нечистотијата од околината знае да биде причина (ама тоа обично е за неколку акни, и тоа само на лицето).
     
    На anab и Theodora им се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Акните ти се како последица на чистењето на организмот што пак е предизвикано од промената во начинот на исхрана.
     
    На Theodora му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Проблемов не е мој туку на блиска личност.
    Дали на некој му се случувало пречесто крварење на носот? Лекарите препорачуваат само витамин ц и калциум, но проблемот сеуште го има.
    Дали освен горење има друг начин да се спречи ова? Се ми се чини дека имам слушнато дека постојат апчиња, но не знам ништо поточно.

    Ве молам ако некој имал било какво искуство со ова да ми помогне :)
     
  6. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Феминки, значи времево ептен лошо ми влијае. :(
    Изморена сум, немам волја за ништо, само сакам да спијам и ништо друго. Освен тоа, имам и главоболки. |(
    Пијам кафе редовно, и по два-три пати на ден, но пак ми е исто, а знам дека е од времето заради тоа што секогаш кога врне ми е вака.
    Што предлагате вие, затоа што навистина е неподносливо?
     
  7. Negreva

    Negreva Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    девојки не знаев каде да прашам за лекот за тоа се решив да пшам тука. Можете ли да ми кажете повеке за лекот т.е. мислам дека се витамини СЕВА каде да се најдат и колку се? позз
     
  8. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Имам проблем со левото уво. Скоро цело лето ми е затнато, поради недостиг на воздух од носот, кој ми е исто така цело време затнат од левата ноздра. Земав фликсоназе, тафен, вивидрин, заедно со нозефал, и пак исто. Ми е страв да не оглувам :) можно е?
     
  9. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.152
    Допаѓања:
    259.201
    Пол:
    Женски
    Има ли некоја од вас искуство со алергиска реакција од Клексан инјекции? Се боцкам 2пати на ден и на местата на убодите имам изразено црвенило и чешање. На местата каде не сум се боцнала од поодамна црвенилото се повлекува но се појавува на новите места. Како шугава сум а и ми е страв да не предизвикаат и поголема алергија а морам да се боцкам :devil:
     
  10. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Da ne si nekoja moja drugarka?jas go imam istiot problem,periodot mart,aprilredovno mi krvarese nosot sekoj den 2nedeli po red,eve sega pak od mintiot petok sekoj den I toa samo navecer,pomos baram I jas ama izgleda nema
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    ај ве молам ако може некој да ми објасни на попрост јазик некои резултати ве молам, зш матичната не мие тука дури во понеделник ке дојде, а мене ме копка неможам да издржам :?:
    значи правев анализа за крвта за хеликобактер, ама тие резултати не ми се готови, но исто правев и целосна анализа на крвта и мокрачата заради контрола, и како што можам да видам се мие на нормала, освен
    -лимфоцитите 46.3
    -серумското железо 6.5
    -триглицеридите 2.6
    - и вкупен холестерол 6.4
    и на крај ми пишува седимент доста плочест епител:, 1-2 леукоцити во поле
    ова е нешто страшно или не???мн голема паничарка сум :?: :(
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.568
    Допаѓања:
    201.774
    Пол:
    Женски
    Ова последново за урината ти пишуваше - плочест епител и леукоцити? Ако е така немаш гајле, не е ништо страшно, нормално е да има по некоја клетка во седиментот на урината.
    Инаку, серумското железо треба да го покачиш, со подолготрајно земање на некој препарат со железо, или пак ако ти помага мед со семе од коприва - одбери што сакаш или консултирај се со лекар.
    Ако не грешам, триглицеридите и холестеролот ти се малку покачени - помалку мрсно да јадеш, избегнувај леб, благо и тестенини во големи количества.
    А за лимфоцитите, не сум сигурна за вредностите, ама мислам дека не е ништо страшно.
     
  13. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    уфф фала многу ми олесна цело време се препотував:sweat: а за холестеролот и јас претпоставував дека е тоа, ама пак да прашам некој стручен ;) а за лимфоцитите и тие ми се прилично покачени, мах е 40 а мене ми се 46.3 ама ке видиме понеделник шо како кога ке ги земам и резултатите за хеликобактер
    фала многу :*
     
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    железото ти е малце слабо нормално за жени е од 7-26
    Триглицеридите нормално се до 2
    ХДЛ холестерол 0,9 до 2,0
    ЛДЛ холестерол 2,2-3,7
    лимфоцити 0,21-0,26 :)
     
  15. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Знае некој нешто за Хепетит-Б??
     
  16. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    На N.A.T.A.S.A му/ѝ се допаѓа ова.
  17. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Каде треба да одам за да направам крвна слика? Може тоа кај матичен или мора по државна ваму таму? Мора да има родител со мене или не е проблем сама да одам?
     
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Обична крвна слика можеш да направиш и во амбулантата каде што ти е матичниот лекар,мислам дека веќе секаде прават, а ако сакаш нешто подетално државна, јас одам на хематологија кога сакам за подетално(имаме позната сестра што работи таму па така си проверувам), ама може секој што сака само треба упат за таму да ти даде матичниот :)
     
  19. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    тоа е твој избор може и на државно и на приватно, само ти треба упат од матичен лекар, јас правев вчера во приватна лабораторија целосна крвна слика за 250 денари, и можеш сама нема потреба од родител, освен ако ти сакаш ;)
     
  20. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    не сум многу упатена во некои болести па затоа сакам чисто информативно да ве прашам за рак на грлото на матката..
    од што најчесто се јавува и на пример ако личноста била пасивен пушач дали може и од тоа да се јави??