Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Ретко кој верува во овие работи, ама можно е да спиете каде што има многу подземни води, т.е. така наречени чворови од енергија кои се формираат поради струење на тие води (не знам да објаснам, некој физичар би знаел подобро :worried: ) Истиов проблем го имаа мои роднини, стално им крвареше носот на синот и ќерката, особено на синчето. И викнаа еден таков што мери со едни направи и им кажа дека местото каде што им стојат креветчињата не е за спиење. Ги поместија и толку беше. Од наредна вечер веќе ни к од крв. После го викнавме и ние и имаме сега пирамиди дома, не знам колку штитат ама битно креветите не ни се на такви места. Не само крварење од нос, може да се осеќаш општо лошо цело време, со главоболки и остало. Чим почнам да се осеќам така со денови знам дека треба да се помести пак креветот :D Многу малку луѓе веруваат во ова за жал, а не се свесни дека едно 50% од болестите може да се спречат или подобрат ако се припази на тоа. Ако си од Скопје особено цело е на подземни води кои не се причинител на тоа, туку тие чворови што се формираат од струења или што ја знам. И само да напоменам уште ова, ние имаме едни жолти пирамиди не едни пластични бели што беа актуелни доста во последно време, едно што се 3 пати поскапи второ гола вода се, не штитат од ништо.
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Карцином на грло на матка е многу честа неоплазија. После карциномот на дојка тој е втор по честота кај женската популација. Но никогаш не доаѓа до изненадна нагла појава на канцерски клетки, туку му предходат некои промени на цервиксот (грлото) кои ако навремено се забележат може да се превенира настанувањето на карцином. Тие промени се нарекуваат Цервикална Интраепителна Неоплазија или ЦИН. Промените на клетките се нарекуваат дисплазија. ЦИН1 е лесна дисплазија, ЦИН2 умерена и ЦИН3 тешка дисплазија или карцинома ин ситу. ЦИН1 и ЦИН2 промените после време можат спонтано или со терапија да се повлечат, додека ЦИН3 веќе представува т.н нулти стадиум на карцином на цервикс и бара поинвазивна терапија, т.е одстранување. Уште се нарекува и преинвазивен карцином кој ако не се делува на време може да премине во инвазивен карционом на цервиксот кој е во права смисла на зборот карционом на грло на матка. Понатаму карциномот на матка има 4 степени, секој степен има подстепени кои се битни да се одредат за понатамошниот тек на болеста и текот на терапијата.
    Овој карциом се јавува кај жени во генеративен период, поточно после пубертет а пред менопауза. Затоа е многу битно секоја жена да прави на 6 месеци ПАП тест со кој се зема брис од грлото на матката и микроскопски се одредува дали има дисплазија т.е ЦИН. Со тоа денешно време многу лесно и безболно можат да се откријат првите промени на грлото на матката и да се превенира карциномот на матка.
    Појавата на овој карцином се поврзува со ХПВ вирусот, папиломите (мали бенигни израсотци на грлото на матката) и херпес вирусите 1 и 2. Бидејќи овие вируси се пренесуваат по сексуален пат, следува дека карциномот на грлото на матката се поврзува и со промискуитетот и незаштитени сексуални односи. Цигарите, алкохолот не се клучен фактор но делуваат во прогресијата на овие промени поради тоа што го намалуваат имунитетот. ХПВ вирусите се најчестиот предизвикувач на дисплазии на грло на матка. Затоа после дијагностициран ЦИН се прави ХПВ типизација, т.е одредување за кој ХПВ тип се работи бидејќи има повеќе типови и не се сите исто вирулентни (не предизвикуваат сите малигна алтерација). Има нискоризични и високоризични. Докажано е дека типовите 16, 18, 31 и 33 се високоризични типови, и треба да им се обрне поголемо внимание за разлика од останатите. Тип 6 и 11 предизвикуваат кондиломи (немаат голема способност за малигна алтерација). Денес постои вакцина која штити од ХПВ 16 и 18 типовите.
    Сепак најбитно е секоја жена да си води прво добра лична хигиена, да води грижа за заштитата при сексуалните односи и најбитно секој 6 месеци да посети гинеколог и да направи ПАП тест. Доволно е ова за успешно да се превенира карцином на грло на матка.
     
    На Shana, L0ve и sunfemina им се допаѓа ова.
  3. alternative

    alternative Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Девојки, сакам да ве прашам дали некој имал проблеми со отежнато дишење? :worried:
    Кај мене се појавија со настинка, но веке неколку дена неможам целосно да вдишам чувствувам притисок во градите... бев на лекар (за настинката) при што ми препиша антибиотици...
     
  4. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.226
    Допаѓања:
    48.130
    Пол:
    Женски
    Се случува тоа при поголема настинка која е пропратена со кашлица, на мене па и при помала ми се случува :doh:
     
  5. alternative

    alternative Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Фала, ме утеши донекаде... се плашам да не е нешто посериозно. :)
     
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Значи веќе втор пат како ми се случува да изгубам свест . Кога температурите беа стварно високи зборам за 40 степени излегов сама до Веро да купам нешто и од климите внатре почна да ми се темни и едвај да да седнам да не се онесвестам на скали . :doh:
    Денеска пак само среќа не бев далеку од дома .
    Излегов да купам нешто и на каса почна да ми се темни , едвај стасав да седанам .Почна пот да ме облева , нозете ми се пресекоа . Дали ми се споиле притисоците или што ке да е ? :( :(
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Tи паднал нагло шеќерот во крвта - моја претпоставка али направи си крвна слика
     
  8. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    и мене ми се има случено, можно е да ти е слаба крвта, ти паднал шеќерот и слично.. земај повеќе витамини
     
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Аман девојки кажувејте лек веќе 3 дена неможам да ја симнам темпераурата имам 39 бев на лекар ми дадоа ширупи, апчиња, инфузија но ништо не помага мислам дека изпив цела цистерна ломонада чаеви и што уште не но температурата никако да слегне помош? :doh: :doh:
     
  10. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    40.121
    Пол:
    Женски
    Крвта ја проверував пред недела дена и се добро ми беше .Него денес многу се исплашив ...
    Ај сваќам дека од бременоста ми е се , ама и времето е многу тешко :^)
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    прво и основно правило е кога се има висока тепмература НЕ СЕ ПИЈАТ АНТИБИОТИЦИ, само оние лекови од кои се спушта температура - парацетамол, андол, бруфен...откако ќе се стабилизира температурата е тогаш се настапува со пиење антибиотик.
    Обично на јаки воспаленија се има висока температура од 3-5 дена. Пиј само многу течности да не дехидрираш и многу витамин Ц а за останата терапија знае лекарот. Ако и 5-от ден не ја спаднеш температурата е тогаш одиш на инфузија.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Извини Славица999 ама морам на овој твој пост да реагирам. Не знам од каде ти е информацијата што ја напиша, ама не само што не е точна туку е и опасна. Нека ти дојди пациент до 40 температура па чекај да ја спадниш со парацетамол, па потоа давај антибиотик. И после чуди се зошто ти егзитирал пациентот. Мозокот сварено јајце од температурата. ДО 38 ТЕМПЕРАТУРА НЕ СЕ ДАВА АНТИПИРЕТК Т.Е ПАРАЦЕТАМОЛ, АНДОЛ, БРУФЕН, АСПИРИН!!!! НАД 38 ТЕМПЕРАТУРА СЕ ПОЧНУВА СО АНТИПИРЕТК!!! АКО СЕ РАБОТИ ЗА ИНФЕКЦИЈА И АКО Е ИЗЛОЛИРАН ИНФЕКТИВНИОТ АГЕНС ВЕДНАШ СЕ ДАВА АНТИБИОТИК ПО АНТИБИОГРАМ!!! АКО НЕ ГО ЗНАЕШ ИНФЕКТИВНИОТ АГЕНС СЕ ПРАЌА МАТЕРИЈАЛ ЗА ИСПИТУВАЊЕ - МИКРОБИОЛОШКО, И ОДМА СЕ ДАВА АНТИБИОТИК СО ШИРОК СПЕКТАР ДУРИ И АКО СЕ РАБОТИ ЗА ВИРУС!!!
    Второ не постојат јаки и слаби воспаленија!!! Температурата како температура најчесто е предизвикана од имуниот систем на пациентот, а не од микроорганизмот. Повеќето микроорганизми преживуваат на температура од 36-38 степени, па имунитетот делува на центарот за терморегулација и ја крева температурата со цел да ги наруши оптималните услови за живот на микроорганизмот. Сепак високата температура штетно делува на протеините во мозокот, поточно на мозокот му се случува истото што и на белката од јајцето кога го вариш - процесот се вика денатурација на протеини. Затоа се дава антипиретик. Но се додека има микроорганизам во телото, имунитетот ќе ја зголемува температурата. Значи мора да делуваме со антибиотик за да го уништиме микроорганизмот, кога нема да има микроорганизам нема да има температура, нема да има реакции кои ќе доведат до зголемена температура. И извини ама морам да те опоменам пази што пишуваш, ако не си сигурна за нешто најдобро е да не даваш никаков совет. Баш со овој совет можеш многу лошо да направиш, а не да помогнеш.
     
    На Elenuskaa и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  13. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не сум лекар, ама ти Златушко ми се чини дека си! Ако е така извини што ти се мешам во струката вака некомпетентно, но вие лекарите за обично гребење на грлото препишувате антибиотици! За се` - ајде антибиотик. И затоа додека дојдеме на 20 години, веќе сме имуни на сите лекарства!
     
  14. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Температура 3 дена 39 степени која не паѓа треба да се испита. Не реков одма антибиотик за гребење на грло, немој лошо да ме разбериш. Општо зборував за постот на Славица која тврди дека прво треба да спадни температурата, па потоа антибиотик. И јас сум против нерационално препишување на антибиотици и земање на своја рака. Дури и како што пишав и антипиретик не се дава до 38 степени. И да во право си дека од такви несовесни лекари се развиваат нови вирулентни подтипови на бактерии кои се се потешки за терапија. Затоа се прави микролошко испитување, точно се одредува за која бактерија се работи и се прави антибиограм и најслабиот антибиотик кој целосно делува на бактеријата се препишува. А не како што си знаат општите лекари од ракав да даваат терапија. По правило вака треба да биди, а и во согласност со клиничката слика на пациентот. Како што кажа клинички имаш само гребење/ болење на грло, или класична слика на вирусно заболување а ти даваш антибиотик - најчести грешки на општите лекари. Не е толку лесно и толку едноставно како што изгледа, многу фактори се земаат во предвид дали да дадеш или не антибиотик, а повеќето општи лекари не сакаат да се замараат и толку да навлегуваат.
    Јас сум дипломиран студент на медицински факултет, и тоа не многу одамна. Уште учам и свесна сум дека ми фали многу за да се наречам доктор. Знам многу работи, ама има многу работи кои допрва ќе ги учам, затоа за нешто што не сум сигурна воопшто не давам одговор. Ако не знаеш-не чепкај или прашај некој што знае. Не е ова автомобил па ај вака ќе пробаме дали ќе проработи ако не ај онака, овде се работи со човечки животи.
     
    На Divinebutterfly, sunfemina и girl.23 им се допаѓа ова.
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Уште да одеа испитувањата брзо и едноставно кај нас...недајбоже да се разболеш само тоа би рекла. Најчесто првите резултати од микробиолошките испитувања доаѓаат кога веќе ни е препишана терапија од ракав, па после ако се види дека џабе е пиен лекот се преминува на друга терапија. Кога се работи за здравје не е за чекање, мора одма да се реагира... али сепак стручно лице треба да си ги следи состојбите, а не дома сами да чекаме да изгориме од температура за после да бараме антибиотик.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Jaс тоа го пишав од мое искуство а сум разговарала и со многу лекари кои стојат на тоа, дека откако ќе се стабилизира температура се дава антибиотик и така практикувам. Ако во старт земеш антибиотик и правиш брис со сигурност ќе ти каже дека нема бактерија а зошто знаеш и самата. На запад лекарите не препишуваат антибиотици како што е кај нас-тоа сигурно го знаеш или си го слушнала. Кај нас за едно црвено грло веднаш ти даваат антибиотик а колку е добар толку е и штетен за организмот тоа ти подобро го знаеш од мене.
    Не сум доктор ама тоа е моето искуство.
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Не е во ред да се даде антибиотик за обична настинка,ама ако температурата се качи над 38,како што кажа Златушко,тогаш мора! А и заради антибиотиците се променила новата ера,затоа многу болести се намалуваат,е сега никој не е крив што вирусите си мутираат,ама сепак,не е ова 18 век па да умираат луѓето од инфекции,како на пример чумата кога беснеела...сега има слаби и јаки антибиотици,кои се избор прва рака кога се работи за крајна состојба,која не би поминала така сама од себе само со антипиретици и сокчиња и овошје.А и лечењето не е секогаш само антибиотик,туку комбинација од лекови кои мора убаво да се искомбинираат за добар резултат и целосно оздравување.Има болести кои траат 6 месеци,цела година,и кога ќе започнат,не можи да ги лекуваш само со антипиретици и аналгетици.Тие се во повеќето случаи само симптоматски средства,а антибиотиците потешката артилерија(добро е што ги откриле).
     
  18. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    На вагиналните уснички ми се појави нешто како акничка и многу ме боли.
    Што би можело да е? Да одам на гинеколог или на кожно?
     
  19. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    може да е и обична гнојница, и мене ми се има појвено многу болеше но помина за еден ден. Ако ти е нешто сумливо оди на гинеколог.
     
  20. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Ставај ладни облоги и одмивај се со камилица. Најверојатно се работи за подкожно загноено влакненце. Ако случајно имаш и други попратни симптоми пример да крениш температура тогаш ќе си одиш на гинеколог. Ако е само акничка и болка не е страшно само ќе си се локализира.