1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Каде може да се оди на инфузија? Привстно државно и цена ако може за приватните. Дали воопшто ќе саакаат по моја иницијатива да ми пуштат инф. ?
    3 дена сум со повраќање и тт. Пијам линекс и мед јаглен тоа ми препорача матичната. Не можам ни течности да внесувам веќе буквално вода повраќам 6 пати во последниве 2 саати.
     
  2. Leviosa2503

    Leviosa2503 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2018
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    1.232
    Пол:
    Женски
    Пробај електролити да испиеш, ако не успееш ни тоа оди на инфузија, јас кај матичниот бев таму сестрата ми стави бидејќи толку дехидрирав од повраќање и пролив што стигнав до 60 горен притисок. Нема да те одбијат за ставање ако ти е потребно. И на дежурен да отидеш сега ќе ти стават, и онака се плаќа. Јас тогаш 600 денари платив.
     
  3. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    фала ти бев на инфективно ми ставија дури и сакаа да ме задржат.. а баш не сум знаела дека и кај матичната може инфузија.

    Невролог за несвестиците
    А што е со ензимите поточно?
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2019
  4. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    2.660
    Пол:
    Женски
    На патологија однесов материјал и тие ми дадоа бројче на материјалот и бројче за да се јавам да прашам дали е готово..

    Е сега, јас го изгубив тоа ливче. Дали ќе ми издадат резултат според име и презиме ( и упат оставив) ?
     
  5. Ivauva

    Ivauva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Од мојов вирус ја фати и сестра ми..
    Пие и електорлити и линекси мед јаглен, не јадела тешка храна и пак повраќање. Тт не се симнува цел ден под 39. Чаре?
     
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.389
    Пол:
    Женски
    Дали може поради уринарна инфекција да ме боли десниот јајник и позади кај половината доле?
    Или од овулација?
    Имам тапа болка и од напред и од назад на истата страна
     
    На Kokickaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kokickaa

    Kokickaa Нов член

    Се зачлени на:
    9 декември 2019
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Da moze jas imav takov problem.ke.mora da proveris bakterija na mokrajka i taka ke utvrdat dali e od bubrezite?

    Posto obicno takva bolka se osejka ako imas infekcija pesok ili kamce.
     
    Последна измена од модератор: 19 декември 2019
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.052
    Пол:
    Женски
    Дали имат некој од вас на нозете (стапала) ептен студ, камен и како се справувате? Татко ми го имат тој проблем со години и немат решение а неможи да спие, жално. Ако знае некој од искуство некој лек или што и да е?
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.862
    Допаѓања:
    202.990
    Пол:
    Женски
    Слаба циркулација е најверојатно, ама не е лошо еден доплер да направи на долни екстремитети.
     
    На Feminka22, buba4e89 и Kikiccc им се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    Имам многу јаки болки со месеци при овулација, бев на гинеколог пред да добијам (не бев во овулација) и тогаш се изгледаше ок и рече да одам кога ке бидам во овулација и со такви болки. Моментално имам и траат веќе 1ч, неможам да мрднам од болка и пукање во јајници... до сабајле незнам дали ке ги имам болкиве. Можам некаде да отидам на дежурно да ме видат? И каде?

    Инаку хормони проверував и беа ок, освен инсулин 2. Не сум била со резз сеуште кај докторката...
     
  11. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    @mariz, тресам вака- ама да се јавиш Систина, Ремедика, да видиш дали имаат доктор што може да те ѕирне баш сега? Да одиш на државна баш и не знам колку ќе се замараат, освен ако немаш некој свој таму па да те претстави како „негова/ нејзина“.
    Колку што знам инсулинот никако не би требало да ти прави болки во јајници, ама циста пред пукање...
    Ако ништо друго, барем инекција против болки да ти стават.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    Ама не ми е од сега ова... скоро 1г и више имам вакви болки, па може да се и од кога се породив со второто. Зар е можно вакви јаки овулации да имам, вода дури како да ми тече доле, утоп. Мислев е проблем со цревата и со вакви болки бев на ехо на абдомен и таа рече дека за на гинеколог сум дека многу течност сум имала позади матката :^) До сега не сум била на гинеколог во овулација и незнам што се случува тогаш ама мислам ке ми пукне матката од напор, ми тежи дури од што сум надуена. На гинеколог бев скоро но не бев во овулација и немам цисти или сл... па затоа матичната рече да одам обавезно во овулација да види што се случува. Сепак ке одам кај неа сабајле... И мене ме копка зашто вакви јаки болки имам, ме омалакса дури немам енергија...
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    Мене еден гинеколог ми кажа дека ми гледа црева зад матката... Со плачење (и ургентен упат) отидов кај хирург, мислејќи дека ќе треба операција (еј, имам црева зад матката), место тоа добив совет да си го сменам гинекологот :D Мојава докторка и твојава изгледа од иста книга учеле :D

    Како и да е, не е нормално толку јаки овулации да имаш, да не можеш да стоиш. Барај и второ, и трето мислење, мора да има некоја терапија што ќе ти помогне.
     
    На Feminka22, Biljarkata и mariz им се допаѓа ова.
  14. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    Матичната ми рече контрацепција да пијам за да здивнам малку од болки. Затоа проверив хормони и се ми беше океј освен ете инсулинот 2ка... И прашував во темата за тироидна, дали со хипо и хашимото дијагноза и терапија еутирокс е во ред да пијам контрацепција... Ама не ми одговорија. Одам утре кај неа па ке видиме што како...

    А за водата еднаш бев на приватна и баш и тогаш она рече да снимам мала карлица зашто сум имала стварно многу течност позади матка. А матичната до сега ни т од течност не видела.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    Ауууу @mariz, и да ти одговорел некој, тоа може само специјалист со сигурност да ти каже, премногу е деликатна ситуацијата за форумски лаици да претпоставуваат.

    Види, јас пијам Јасмин заради хормонални фрки, и колку што знам од упатството, не влијае на еутирокс. Ако сакаш, можам да ти го сликам делот каде пишува со кои лекови не се комбинира.

    Ептен внимателно проверував зошто кај мене и тсх решил да ми го комплицира животот, од 1 и нешто со години наназад во март ми беше 2, во септември 3, 66:rock: па кај и да е, ќе пречекори 4ка :| и не ми бега терапија, на страна што дел од симптомите веќе убаво ги осеќам- тежината, уморот, концентрацијата.

    Да те прашам, ако не ти е проблем-кај кој ендокринолог одиш? Мене ми нагласија да најдам добар ендокринолог со апарат за гледање на тиреоида ама (наводно) немало такви на државно па ми ја препорачаа докторката што хонорарно работи во Срце и уште некоја докторка што има ординација кај Борис Трајковски. Ги имав запишано ама го изгубив ливчето...

    едит- видливите црева на вагинално ехо? Полни со воздух поради 100 % нетолеранција на лактоза. Тогаш ми се појавија симптомите па поради притисокот во долен абдомен мислев дека е нешто гинеколошко. Гинекологот ме прати кила да вадам... :D:D:D
     
    Последна измена: 17 декември 2019
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    И јас па интолеранција на лактозата имам, па не внесувам.. Па слични болки имам ако јадам нешто со лактоза ама тие погоре се.. ова е баш доле кај јајници и матка.
    Инаку прашав ваму зашто и гинекологот беше некако за и против за пиење контрацепција со оваа дијагноза :?:
    Инаку одам кај интернисти во амбулантата Железара... Кај ендокринолог не сум била, не ми рекле :?:

    А во Срце бев еднаш и ми правеа ехо и малку задебелување имав на тироидна само, после 2г бев на ехо и во Амбулантата Железара (прави една докторка Кристинка/Христинка), и истото ми го кажа. Немам ништо освен мало задебелување на лобусите.


    А ова дефинитивно е болки од овулација.. И јас мислев да не сум јадела нешто што ми смета, мислев од папочната кила (дека имам и тоа), ама почнав да забележувам кога имам болки, имам баш кога ми се овулациите....
     
    На Minnie-e и Nausicaa им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.450
    Допаѓања:
    20.083
    @mariz, и кај мене е лактоза, не млеко. Поправив кога видов дека сум утнала во пишување :) Ете, уште еден симптом за тиреоидата- намалена концентрација :D:D:D

    Каде те боли после внесување млеко? Кај мене е папокот и десно од него, над десниот колк и препоните. И јак притисок врз вагиналиот отвор, чувство како матката да ќе ми пропадне низ ваваџеј. И цел стомак од под градите па се до доле ми отекнува како топка.

    Ова ти го пренесувам како најголем лаик на тема тиреоида, ми беше нагласено од гинеколог да најдам не интернист, туку ендокринолог кој ќе ме води со терапија, најверојатно зошто јас веќе си имам фрка со други хормони. Вака лаички, би ти препорачала и на тебе да побараш совет од ендокринолог дали е пожелно да почнеш со контрацепција и ако да, со која?
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    Уф цел стомак ме боли мислам кога ке внесам лактоза... Многу јаки грчеви ми прави, највеќе тука околу папок мислам е болката, уствари тенките црева... на нив прави лактозата мака, повеќе мислам лево па мене ме боде некоја тапа болка грда. И цела се дувам исто, а нареден ден и лигава столица имам. Пазам ама некогаш од алчност ке излезам млечно чоколадо :sweat: А тоа највеќе ми смета...

    И да ти кажам му ја мислам веќе некое време да си барам упат за кај некој ендокринолог... Ама и јас незнам каде...:?: И тоа ке ја прашам мојава матична гинеколог, да не знае некој подобар.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    773
    Допаѓања:
    563
    Девојки, дали ви се случило некогаш да имате проблем со папокот? Мојот е вдлабнат и њега внатре кожата ми се вцрвила и има некој секрет...Дали е можно од задржување вода (влага) внатре? Дека сум покрупна и баш тој дел ми е како да опишам секогаш преклопен кај папокот... Го исчистив со алкохол, со иатиот што го чистев папочето на бебето и сега малку ме пецка... :worried:
     
  20. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    76.904
    Пол:
    Женски
    Оди обавезно да те видат утре на лекар. Не сакам да те плашам, може не е страшно ама убаво би било да те ѕирне хирург.