Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.257
    Допаѓања:
    1.478
    Можда не е постот за тука ама ај да се пробам.
    Мајками има 52 години и неколку месеци имаше крварење поради тумурчина на матката па се откри дека ќе мора да се оперира дур е во рана фаза. Се оперираше пред три дена и ги отсранија матката, јајниците и лимфните жлезди се ради превентива. Операциата е успешна, нема болки, прима инфузија сеуште. Но сега вели дека често поти а докторот вели дека е нормално. Дали некоја од форумот има лично искуство со ваков хирушки зафат или некој дали знај што следи понатака? Операциата се праеше во плодност.
     
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Извинете однапред за долгиот пост, ми се собраа неколку работи наеднаш, па затоа вака. Пред да се затвори сè поради короната, успеав да отидам на ортопедски преглед и да добијам некои претпоставки, но не можев да се снимам. Иако сум свесна дека не може никој тука да ми даде дијагноза, би сакала во меѓувреме да добијам туѓо мислење и искуство. Ќе напоменам дека ниедна од болките не ми е константна, туку се јавува во рандом време.

    1. Уште пред 1 година кога си легнував (спијам на грб) на малку потврд креве, почнав да чувствувам болка во кичмата, како да ми е превиткана секој пат кога легнувам, иако скоро целосно ми беше залепена за креветот. Од пред неколку месеци почнав да чувствувам и болка во опашката, која сега се претвори во „шетачка“ болка, односно при рандом движење (пример кога менувам положба - од седнување во станување и обратно) ќе ме фати едната страна, а некогаш ме фаќа и другата страна. Кога лежам со целосно залепен грб на земја, се чувствувам како нешто да ме „дупи“ таму, односно како да имам нешто поиспактнато. Ако се вртам налево-надесно чувствувам притисок кој се граничи со болка на едната страна, како да имам нешто потечено и да го притискам. Кога седам на нешто потврдо, како на пример стол и сл, по некое време ми станува неудобно и дури знае да почне да ме боли.

    Претпоставката на ортопедот беше дека имам притиснат л5 пршлен поради голема закривеност во кичмата и ми рече да направам рентген. Искрено, не се гледам нешто особено закривена, но од друга страна, јас не сум ни доктор да знам :).
    Еве каде ми се наоѓа болката (нагласувам пак, почна со опашката, а сега и ми „шета“ на двете страни)
    upload_2020-5-17_8-45-16.png

    2. Уште одамна, кога вежбав поинтензивно, чувствував дека при склекови и сл. десното рамено поинаку ме „фаќа“ кога вежбам, но не беше нешто сериозно. Сега, иако не вежбам веќе подолго време, почна да ме боли пределот рамо-почеток на бицепс кога ја кревам и спуштам раката (особено ако раката ми е свртена навнатре - со палецот надолу), а и ми крцка кога го правам тоа. Всушност, ме боли со самото тоа кога раката ми е подигната на висина на рамо и ја вртам навнатре, т.е. го спуштам палецот надолу. Ортопедот и за ова ми рече да направам рентген.

    Јас истражував малку, и не тврдам дека знам или разбирам, ама мојата претпоставка (според симптомите што ги чувствувам) е дека имам или rotator cuff tendonitis/impingement или bicep tendonitis или двете заедно (бидејќи често оделе заедно).

    Овде е болката што ја чувствувам:
    upload_2020-5-17_8-55-43.png upload_2020-5-17_8-58-51.png

    3. Уште пред 4 години (исто кога бев поактивна) почна да ми се јавува болка во внатрешното десно колено, т.е. малку подолу од него (каде што е испактнато) и кога бев кај матичната ми даде да се мачкам со Fastum гел. Не верувам да ми помогна Fastum, но подоцна само се потсмири местото. Оттогаш досега ми се јавиле неколку такви периоди каде со денови ме боли, па се смирува, а знае и при рандом движење да ја „погодам“ болката. Исто, знае да се појави и кога се движам повеќе или правам нешто понапорно. Ортопедот ми рече дека тоа се решава со инекција, а по мое истражување видов дека се работи за кортикостероидна инекција.

    По моето истражување, дознав дека состојбата се вика pes anserine bursitis, а ако имам сфатено добро, собрана е течност таму:
    upload_2020-5-17_9-29-5.png

    4. Пред околу половина година, за време на подолга сесија на пешачење, почнав да чувствувам болка зад левото колено, која потоа се прошири и на долниот дел од задна ложа и горниот дел на листот, дури и ми имаше потечено тој предел (го увидов кога клекнав). Потоа одмарав, па по неколку недели ми помина. Ортопедот ми вели дека имам скратена задна ложа, т.е. скратен hamstring и да се истегнувам.

    5. Не можам да дефинирам кога го забележав ова, веројатно пред неколку месеци, ама секојпат кога седам со скрстени нозе или со нозете на едната страна, при исправање чувствувам болка на надворешноста од левото колено, како да треба полека да ја исправам ногата. Сега забележувам дека некогаш и дури кога одам знае да се активира накратко. Ако притиснам во тој предел, ме боли. Ортопедот ми рече дека таму има нерв кој може е изиритиран и не ми кажа ништо конкретно, мислам дека ми рече само да се истегнувам.

    По мое истражување, дознав дека се работи најверојатно за peroneal nerve. Се прашувам дали има врска ова со точка 1 или 4 или е сосема независно од нив.
    upload_2020-5-17_9-41-20.png

    Се надевам дека ќе се најде некој што се разбира или има искуство со нешто од ова...
     
  3. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    1.819
    Пол:
    Машки
    Притисок во чело, притисок во уши, преосетливост на звук?
    Не можам да дефинирам што е. Да е синуситис - испив терапија Сумамед, нема промена.
    Да е алергија - само кивам, друго ништо.
    Да е главоболка - само челото ме притиска.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Синуси. Само тоа ми асоцира.
    Провери низок-висок притисок.
    А може и од нагла промена на време.
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    1.819
    Пол:
    Машки
    Чаре нешто? Притисокот во глава не ми смета многу, ама во ушите ептен!
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    За ушите ако те боли ќе треба капки и топли облоги. Језиво е,знам. Повеќе течности,избегнувај слушање гласна музика,на слушалки.
     
    На FreeToGo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Ај ако има некој да ми каже одма совет
    Пред неколку дена испив апче за глава. Откако го испив после голтање осетив блага болка во грло и гради и мислев веројатно не сум земала доволно вода.
    Ама болката не ми помина, и почна да станува поинтензивна. И кога јадам и ќе голтнам болата од грло кон гради ја осеќам посилна. Буквално храната ја осеќам и боли како ми оди кон желудник.
    Чувстото е како кога ќе голтнете големо парче храна. Епа овие денови постојано ми е така и веќе не се трпи.
    Денес уште посилно почна да боли, веќе не се трпи, сега не можев нормално да голтам. Со пиење вода на момент ми олеснува ама пак продолжува.

    Што да правам?
     
    Последна измена: 17 мај 2020
  8. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    859
    Пол:
    Женски
    lumbalen isijas kako sto mi izgleda
     
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.209
    Допаѓања:
    16.461
    Дали е нормално некој да се препотува толку многу, еден другар многу се поти, препотува без разлика дали е лето или зима
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.812
    Допаѓања:
    202.831
    Пол:
    Женски

    Истово ми се случи пред повеќе од десет години. Само што не беше провоцирано од ништо, само од себе се појави болка, ноќе, и градите и грбот ме болеа. Бев на интернист, ми дијагностицираше рефлуксен езофагитис, воспаление на хранопроводот од враќање на киселините од желудникот нагоре. Што беше најчудно, немав киселини воопшто, ама ми кажа дека често се јавувало од голем стрес. Имав стресови тој период. Пиев апчиња фамосан, такви ми даде, се среди ситуацијата за десетина дена. Две недели бев на течности. Не можев да јадам ништо. Сега не знам дали е истото кај тебе, ама го знам чувството што го имаш во моментов. И сега знае да ме заболи грбот на истото место, некогаш и напред, ама поминува за кратко, а болката не е толку интензивна. Ми кажа да избегнувам тесто во било каква форма, како и тешко сварлива храна. Кисела вода ми препорача, стварно ми помагаше.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    3ти ден како ме боли главата. Од апчиња имам само парацетамол со кофеин, ама не ми помогна.
    Вториот ден како да ми се гадеше по малку, ми дадоа едни апчиња за мигрена, како да пробам дали ќе помогнат, ми немаат дијагностицирано мигрена, мислам дека од нив само гадењето ми престана, дали од тоа дали дека јадев, не знам. Ама еве сега уште ме боли, 3ти ден, не сум способна за работа, ми се случува секоја втора недела. И да одам на доктор пак ќе ми кажат исто, парацетамол и свеж воздух, тоа им е лек за се :| Со синуси проблеми мислам дека немам, имав зимово само синусна инфекција. Не знам што ми е, ама не се издржуваат волку чести главоболки. И не треба да добијам скоро. Чаре?
     
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.332
    Meне ми се случи претходно истото од апче. Ама тогаш одма наредниот ден веќе помина. Сега ми трае од четвртокот. Не дека си поставувам дијагнози од гугл ама од љубопитност побарав и наводно можело апчето да се залепи за хранопровод ако се земе со малку вода:|.

    Ама ако не помине или стане понеподносливо ќе одам на матичен.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Низок притисок да не имаш?
     
  14. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Имам низок притисок, да. Кога ми го мереа на преглед ми беше 105 со нешто, не памтам точно, и ми рекоа демек ок, низок е ова ама ништо страшно.
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.812
    Допаѓања:
    202.831
    Пол:
    Женски
    Ама ќе се стопеше досега. Или при преминот го има изиритирано хранопроводот, особено ако била тврда таблета.
     
    На Tan4ence му/ѝ се допаѓа ова.
  16. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    12.724
    Пол:
    Женски
    Последниве 2-3 дена само навечер малку ми се качува температурата и цело време ми е 37.2 или 37.3, а се осеќам како да имам 40, малаксано, со страшни главоболки, тешко ми е во очите, почнаа и мускулите да ме болат на цело тело.. А преку ден си имам најнормално 36.6 :^) Дали тоа воопшто се смета за покачена температура или само ме фаќа параноја со коронава и паничам?
     
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Јас еднаш си поставив мој рекорд на 9 дена без престан многу јака мигрена пропратена со нагони на повраќање. Секој ден пиев наутро едно, попладне второ и навечер трето апче за против болка и не ми помина 9 дена. На 9тиот ден откако матичната ми измери притисок (ми беше 60 со 80), ми препорача 2 дена по ред да се напијам апче за смирување и апче за болка одеднаш. Јас комбинирам лексилиум со Нимер (Нимерот ми е најефикасен за главоболки). На тој начин, ми помина.
    Од тогаш, ако главоболката не ми помине со 2-3 апчиња испиени во текот на денот, секогаш комбинирам со апче за смирување.
     
    На Luminary и fana им се допаѓа ова.
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Немам ништо дома за смирување освен некои апчиња без рецепт на база на валеријан. Се што имам донесено од Македонија му поминал рок.
    Не знам дали да земам такво?
    Вчера испив едно апче за спиење, избегнувам да ги пијам ама мислев дека ако се наспијам може ќе ми помогне ама џабе.
     
  19. FreeToGo

    FreeToGo Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2014
    Пораки:
    1.233
    Допаѓања:
    1.819
    Пол:
    Машки
    Земи нешто појако, налгесин.
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.045
    Веројатно би можела, иако валеријанот не е толку јак. Сепак ако имаш стручно лице да се посоветуваш и од некаде да купиш нешто малку појако, би било супер. Тоа е моето искуство и советувано од страна на мојата матична и за сега, таа комбинација навистина ми помага во такви ситуации. Не сакам многу да внесувам хемија, но ете, понекогаш морам. А и тоа понекогаш е најмалата доза на лексилиум. Пробај со валеријанот, мислам дека не може да ти штети, само обавезно во комбинација со нешто за болка.