Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Општи здравствени проблеми - прашања и одговори

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од Lilit, 14 јануари 2011.

  1. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам...?

    ^И мене ми се прави вака, али се навикнав. Не грижи се.
    Ако не можеш некогаш да ставиш обетка поради ова, стави малце крем кај дупчето на увото и потриј го од двете страни, ќе ти попушти :)
     
  2. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Можно е да од обетките,премачкај ги со безбоен лак за нокти пред да ги ставиш,може ке ти помогне.
     
  3. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Не е некој проблем, но сакам совет:
    што би ми препорачале за имунитет?
    Некои витамини или било што што во текот на зимата колку-толку ќе ми го зачува имунитетот од настинки...
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Би ти препорачала доколку јадеш, да јадеш лук.
    Не мора да го јадеш, само лупи го ченчето, пресечи го на два три делови и голтни го како таблета. Прави го ова барем еднаш дневно пред оброк. Верувај воопшно нема да мирисаш.
    Лукот ти е природен антибиотик, на кој телото не можел да стекне имунитет, што не е случај со вештачките антибиотици.

    Втор начин што неодамна ми го кажаа, а човекот имал ефект, е тоа што во собата каде спиеш, во близина на креветот да си ставиш 1-2 главици кромид. Тој ги убивал штетните бактерии.

    Трет начин, јади мед, пијај прополис. Наутро, по една лажица мед и на една лажичка шеќер по 15 капки прополис.

    Едит: Пред неколку денови бев болна. Ми го пренесе грипот внучето, кое беше многу болно. За три денови оздравев, ама јас си знам како :lol: . По половина главица лук пиев како што кажав погоре, пред секој оброк. За три денови изедов половина тегла мед и шишенце (малечко) прополис.
    Золва ми беше болна пред да ме фати мене, а таа сеуште не може да се излечи еве околу 2 недели со антибиотици. А јас на природен начин оздравев за 3 денови.
    Па видете ;) .
    А превентивно јади си секој ден и нема воопшто да се разболиш. Минатата зима, цела зима, јадев лук и ниту еднаш не се разболев од настинка (зашто имам премногу слаб имунитет).
     
    На Devojche и WhiteAngel им се допаѓа ова.
  5. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Јади повеќе овошје и зеленчук, пиј вода и течности, чаеви, сок од лимон, мед, и по една
    јаболка дневно. :!: нели: "An apple a day keeps the doctor away." - во ова има многу вистина.

    Како борј еден од природните лекови би ги издвоила лукот и кормидот. Обавезно во исхраната обиди се да ги вклучиш за да си го зачуваш имунитетот, ефектот е моментен, веднаш ќе почувствуваш разлика и ќе се чувствуваш здраво.
    Јади цвекло без разлика дали конзервирано или во свежа состојба. Првенствено ти препорачувам во свежа состојба (салата, или сок од цвекло), го зајакнува имунитетот а воедно и е здраво за целиот организам воопшто.
    Исто така и печените јаболка помагаат околу ова.

    Таблети и апчиња не би ти препорачала да пиеш, освен Витамин Ц (таблета за лижење). Ако го применуваш горенаведеното мислам дека ќе немаш некој проблем во врска со имунитетот и организмот ќе ти биде заштитен од настинка и грпи цела зима. Сепак се зависи од тебе.
    И нормално, физичка активност и прошетки, со тоа ќе стекнеш отпорност кон болести.
     
  6. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Еве еден интересен метод! Купи си тегла мед и кило семе од коприва од некоја билна аптека. Тури го семето во теглата и мешај додека не се соедини, стави колку е потребно, сама ќе си видиш мерка. Секое сабајле на гладно срце каснувај по една лажичка. Сон бил за имунитет! (пред да каснеш лажичка убаво промешај)
     
  7. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Девојки имам многу шлајм што ми смета, ама „закоравен“ е и тврд и не можам никако да го плукнам, како да го отерасам од мене многу ми смета при пеење! Фала ви многу!
     
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Што би можело да е проблем ако некој секој ден повраќа, сите секогаш истото го јадиме, и никогаш порано не повраќал?
    Татко ми, последната недела секој ден повраќа, а никогаш не повраќал, значи не е вирусот, и не е некое труење или нешо до храната. Нешто повеќе кој знае?
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Ајде и јас да си прашам, пак.

    Од мала ми се извадени крајниците, и во последниве две-три години, секое мое разболување е проследено со фаќање на гласот. Дувне ли ветренце некое, веднаш, ама веднаш се наладувам, грлото боли и гласот - го снемува.

    Последниот проблем ми се случи од пред отприлика месец, дури и помалку од месец. Ме болеше грло, температура, едно друго и пиев Алмацин. Пак ме повтори и пак пиев Алмацин. По 3-4 дена, пак ме повтори и пак пиев Алмацин. Значи испив три полни кутии Алмацин. Таман мислев дека ми помина, еве сега пак ме боли. Четврт пат за многу краток период.

    Си дојдов во четвртокот специјално да одам по доктори, ми земаа брис, а резултати дури во среда. Јас морам да си одам за Скопје во среда, значи терапијата што би ја примала, би ја примала од наредниот петок. Што е прилично терсен, затоа што мене ептен ме боли грлото.

    Ми дадоа, привремено да жуборкам со Бетадине и да лижам Лизобакт, но јас, тоа го правам од четвртокот и не гледам некое подобрување. :worried: Болката ја чувствувам во пределот на гласните жици, ми е отежнато голтањето, а да не спомнувам дека и воопшто не ми се јаде. Кога жуборкам со Бетадине, не ни чувствувам дека жуборкам на местото што ме боли, затоа што болката е многу подлабоко од местото каде што јас правам гаргара.

    Нешто, чаре некое, да имал некој слична ситуација ?? :x
     
  10. GreenEyedBabe

    GreenEyedBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    23
    Doozy, гласните жици никогаш не болат, значи само може да те боли ждрелото (грлото) самите гласни жици не болат, е сега повеќе се разболуваш т.е. фаќаш ларенгит бидејќи не ти се заштитени од крајниците. Кога имаш ларнгит (губење на гласот) пиј прегорен шеќер- 2 3 големи лажици шеќер ке ги чекаш да се стопат во форма на карамел и потоа стави млеко и така нека се повари едно мин две, пиј го кога е малце подоладено никако жешко. Тоа е мелем за грлото. А така кога зарипнуваш пиј и chymoral, мене лекарката секогаш ми ги препишува кога ќе зарипнам, тоа е за отоци- зарипнувањето се смета за оток на гласилките. Пиј многу течности за да ги снабдиш гласилките убаво :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Имам болка на левата страна од градите кај срцето, веќе 2 дена ја чувствувам.
    Има некаква врска со времево? Или можеби друга е причината.
     
  12. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.087
    Допаѓања:
    1.647
    тоа најверојатно е од неквалитетната бижутерија, пробај да ги ставаш во мала количина на ракија во чашка нека постојат, а ова за безбојниот лак на обетките навистина не можам да си објаснам што има врска :?:
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Последниве неколку дена многу ме боли главата најмногу кај челото, тапа болка што скоро и да не престанува. Грлото ме боли само од едната страна, чувствувам дека и гласот послека ми го снемува. Имам и некоја чудна, сува кашлица, која многу ми го надразнува грлото, како и тешкотии при дишењето.
    Излгеда е некаква настинка или вирус, но не би сакала веднаш да почнувам со лекови, антибиотици, затоа што немам покачена температура, ниту пак сум омалаксана.
    Што би ми препорачале за да се опоравам побрзо? :?:
     
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Чајче,топла облека,витамин Ц и овошје,ако сакаш можи и фервекс,тој е полесен,има само парацетамол и вит. Ц. Пиј течности,јади супа,главата ако не ти поминува,можиш барем аналгинче. :)
     
    На crazyinlove19 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. swetty

    swetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    25
    некаков лек за секојдневна галвоболка?? несакам уште од сега на оваа возраст (17год) да почнам да се трујам со апчина :worried:
    значи секој ден имам неиздржлива главоболка.... легнувам да одморам и кога ке станам пак истооо :worried: :worried:
    некој совет/?? ама да не се апчина... :(
     
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Штом е секојдневна не е ни за апчиња,за преглед е :?: Зависи колку време ја имаш,ако е подолго моѓи да крие друга посериозна причина...Треба исто и притисокот да си го мериш,да не е од него?Макар што си мала за такви работи..Нека кажат и другите ако знаат нешто природно како лек.
     
  17. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Да пробаш со чај од оригано..да да оригано и мене ми беше смешно прв пат кога слушнав, ама на братучедка кога беше трудна тоа и помагаше против главоболка, а нели и тогаш не смее да пие апчиња. Ама искрено јас немам пробано. Мислам дека ништо нема да изгубиш ако по потреба пиеш по 1 шоља чај од оригано. Пробај па кажи ни дали е ефикасно ;)
     
  18. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Подолго време после јадење чувствувам како нешто ме стега над градите,бев на лекар но ми велат дека тоа било желудникот од што сум јадела брзо и нередовно но над градите ме стега,мора да е нешто друго,не знам.
     
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.158
    Пол:
    Женски
    Тоа е верувај. Мене истото ми го кажаа и за болките кои ги осеќам во градите и за прерипувањата на срцето, се тоа било поврзано со желудникот, и ако брзо јадеме и не ја џвакаме храната :tmi:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Провери си ги синусите, истото ми се случуваше и на мене, и претежнп од нив ми беше, имам празнини исполнети со вода. Мораш да правиш инхалација, чајчиња, зимава капчиња, витамини. Чувај се..